Contact US
Бременост по недели

Календар за бременост по недели

Сакате да знаете кога ќе го почувствувате првото движење на вашето бебе? Кога треба да одите на вашиот прв ултразвук? Кога се формираат прстите на бебето? Ако овие работи ви се важни, почнете да го следите календарот за бременост.

40. недела бременост

Подготовките за пречекот се во полн ек. Ја уредувате собата, ги средувате пелените, цуцлите и играчките, се во исчекување на малото суштество кое ќе ви го промени светот. Вие сте во 40-та недела од бременоста. Ајде да дознаеме што се случува.

39. недела бременост

Многу сте блиску до целта, а пред вас се нови почетоци. Сега бебето е подготвено за светот и вашето тело е фантастично бидејќи направи неверојатна работа во последните девет месеци. Еве што да очекувате во 39-та недела од бременоста.

38. недела бременост

38. недела бременост

Во 38-та недела од бременоста имаме одлична вест – бебето речиси целосно ги развило сите свои органи и функции и е подготвено да дојде на свет. Еве еден текст за тоа што можете да очекувате во една од последните недели од бременоста.

36. недела бременост

Конечно! Влеговте во деветтиот месец од бременоста. Иако не постои гаранција дека бебето ќе се појави точно на време, односно на датумот кога е предвиден терминот, горе-долу има само четири недели до големиот ден. Дознајте што да очекувате во 36-та недела од бременоста.

35. недела бременост

Во овој период од бременоста, може да се чувствувате како да сте во сенката на вашиот стомак. И тоа чувство доаѓа со добра причина. Верувале или не, вашата матка пораснала 500 до 1000 пати од нејзината оригинална големина. Дознајте се што е важно за 35-та недела од бременоста. 

34. недела бременост

Дали чувствувате дека вашите симптоми на бременост повторно почнуваат да личат на оние што сте ги имале во првиот триместар? Исклучително сте исцрпени, а зглобовите повторно ви се отечени. Одвреме-навреме трчате во тоалет... Издржете уште малку, се ближи големиот ден. 

33. недела бременост

Ако сè уште не се појавило до сега, можете да очекувате нов симптом - затемнети ареоли и брадавици на градите. Според некои толкувања, овој феномен е всушност еволутивен феномен кој им помага на новородените бебиња полесно да видат каде е храната. Интересно! Дознајте дали ве чека друга појава во 33-та недела од бременоста! 

32. недела бременост

Конечно, периодот кога бебето ќе почне да се спушта. Од пределот меѓу ребрата ќе се „насочи“ кон вашата карлица. Сето тоа во пресрет на породувањето. Но, има уште многу време до раѓањето. Дури сега влегувате во осмиот месец од бременоста. Дознајте што ново ве очекува оваа недела. 

31. недела бременост

Дали сте без здив кога одите или кога зборувате? Најтешко е кога се обидувате да ги извршите двете дејства истовремено. Притисокот врз вашите бели дробови се зголемува и дефинитивно понекогаш се чувствувате како да сте целосно без здив. Добре дојдовте во 31-та недела од бременоста. Прочитајте што може да очекувате во овој период.

30. недела бременост

Движењата на бебето се сè поограничени, бидејќи има се помалку простор. Иако секој ден е се посилно, просторот не му дозволува да „замавне“. Но, дефинитивно ја чувствувате неговата сила, особено кога ќе почне да турка со лактите.  

29. недела бременост

Дури и ако не мора да станувате за да користите бања милион пати во текот на ноќта, спиењето може да биде предизвик. Во овој период од бременоста, несоницата може да стане вообичаена појава. Обидете се да ја пронајдете вашата идеална и удобна положба за спиење со помош на перница за бременост. Прочитајте што можете да очекувате во 29-та недела од бременоста.

28. недела бременост

Вашата возбуда може да почне да расте. Влеговте во третиот триместар. Официјално сте во големото финале на бременоста. Можеби нема да ви се допадне, но отсега почесто ќе го посетувате вашиот гинеколог. Вие сте во 28-та недела од бременоста. 

27. недела бременост

Конечно - последната недела од вториот триместар! Време е да започнат сериозни подготовки за големото финале. Но, не грижете се, имате уште многу време. Вие сте во 27-та недела од бременоста. 

26. недела бременост

Дали претходно сте направиле тест за оптоварување на гликоза? Ако не сте, време е. Дознајте кои хранливи материи се важни за развојот на видот на бебето. Секако, подготвивме и интересни податоци за растот и напредокот на бебето кон крајот на вториот триместар од бременоста. Дознајте повеќе. 

25. недела бременост

Бременоста станува многу видлива. Вашиот стомак веќе не е со занемарлива големина, а вие сте се поблиску до третиот, последен триместар од бременоста. Бебето сега има јасно одделени периоди на спиење и периоди на будност. Дознајте што може да очекувате во 25-та недела од бременоста. 

24. недела бременост

Бебето секој ден станува се поголемо. Сите негови движења и постапки се главно подготовка за периодот по раѓањето. Во оваа фаза од бременоста, сите основни органи на бебето се веќе развиени и сега тие созреваат и растат. Вие сте во 24-та недела од бременоста. 

23. недела бременост

Симптомите од вториот триместар се целосно во сила. Станува збор за отечени зглобови, проширени вени, болен грб. Но, кога ќе почувствувате треперење во стомакот и знаете дека тоа се движењата на вашето живо бебе, сите симптоми се веднаш поподносливи. Дознајте што ве очекува во 23-та недела од бременоста. 

22. недела од бременоста

Сега, кога стомакот навистина порасна, можете да се гордеете со вашиот труднички изглед. Повеќето трудници уживаат во првите магични моменти од овој изглед и со задоволство купуваат нова гардероба. Дали сте една од нив? Ајде да видиме што носи 22-та недела од бременоста.

21. недела од бременоста

Малите раце и нозе се толку силни што веќе почнувате да чувствувате како вашето бебе ве клоца и удира. Првото искуство на движењата на бебето е многу возбудливо за сите трудници. Самата помисла на бебе кое се истегнува и се протегнува, клечи и витка, дава енергија и поинаква перспектива на периодот што доаѓа по породувањето. Ајде да видиме што има ново во 21-та недела од бременоста! 

20. недела бременост

Вие сте точно на половина пат од бременоста! Одлично! Можеби ви се чини дека времето поминало, а можеби и се одолговлекувало. Сè зависи од тоа колку е предизвик вашата бременост досега. Погледнете што ве очекува во 20-та недела од бременоста. 

19. недела од бременост

Бебето станува се поголемо и посилно. Кога би можеле да видите што прави сега, тоа би било: превртување, тркалање нанапред, извртување и истегнување, голтање плодова вода, икање... Признајте, се разнежнивте и се изнасмеавте на самата помисла на таквата изведба! Дознајте како напредува бременоста во текот на 19-тата недела. 

18. недела бременост

Доколку до сега не сте ги почувствувале движењата на бебето, сега сте на чекор од тоа уникатно искуство. Тоа не значи дека бебето било мирно до 18-та недела од бременоста, туку дека сега станало толку големо и силно што можете да го почувствувате. Прочитајте што прави бебето во стомакот кога ќе ги почувствувате неговите движења. 

17. недела бременост

Многу нешта се менуваат од ден на ден. Оние идни мајки кои се навикнати да спијат на стомак ќе мора да се збогуваат со оваа поза. Спиењето на стомак, од овој период на бременост, може да го наруши протокот на крв до бебето. Сега е најдобро да почнете да се навикнувате на новата положба, на страна. Дознајте се што е важно за 17-та недела од бременоста.

16. недела од бременоста

Бременоста станува возбудлива. Трудниот стомак расте, повеќе нема гадење и повраќање. Сега редовните контроли се позабавни за гинекологот. Ако имате ултразвук оваа недела, може повторно да го слушнете малото чукање на срцето. Прочитајте како расте бебето во 16-та недела од бременоста и какви совети им се даваат на идните мајки.

15. недела од бременоста

Силата и енергијата се враќаат во вашето тело. Се чувствувате разиграно и заводливо. Дознајте како се развива бебето во 15-та недела од бременоста и какви симптоми може да очекувате. 

14. недела од бременоста

Добредојдовте во вториот триместар од бременоста! Оваа недела ги носи долгоочекуваните промени - многу повеќе енергија, подобар апетит и отсуство на мачнини. Затоа второто тримесечје често популарно се нарекува меден месец на бременоста. Дознајте што да очекувате во 14-та недела. 

13. недела бременост

Секоја чест! На крајот на 13-та недела од бременоста, влегувате во четвртиот месец од бременоста и започнува вториот триместар. Пред вас е огромна „работа“. Продолжи понатаму. Дознајте што се случува во 13-та недела од бременоста. 

Дванаесетта недела од бременоста

Конечно, хормоните почнуваат да се смируваат. Тоа значи дека ќе можете да здивнете и да се одморите од сите симптоми на бременост кои ве мачеле. Претпоставуваме дека гадењето беше омразен симптом број еден! 12-та недела од бременоста е пред вас. 

Единаесетта недела бременост

Дали сте слушнале за babymoon? Исто како и меден месец, сè попопуларниот бебешки месец е романтично патување за идните родители пред да се роди бебето. Време е да изберете дестинација. Вие сте во 11-та недела од бременоста.

Десетта недела бременост

Здраво стомаче, здраво бебе! Сега веќе можете да почнете да гледате како ќе изгледате кога вашиот стомак малку ќе порасне. Погледни се во огледало. Прекрасно, нели? Заедно да откриеме што може да очекувате во десеттата недела од бременоста. 

Деветта недела бременост

Деветта недела од бременоста! Веќе? Почнувате да размислувате каков ќе биде вашиот живот откако ќе се роди бебето. Или го правите тоа долго време? Дознајте што се случува во текот на деветтата недела од бременоста. 

Седма недела бременост

Бремена си, но се уште никому не си кажала. Или сте ја споделиле среќната вест со сите што ги познавате? Дознајте што да очекувате во седмата недела од бременоста. 

Петта недела бременост

Ако досега не сте, веројатно сега ќе направите домашен тест за бременост. Дознајте какви промени се случуваат со вас и вашето бебе во овој период - петтата недела од бременоста.

Трета недела бременост

Иако веќе сте во третата недела од бременоста, не знаете со сигурност дали сте бремени. Сè уште е рано, бидејќи зачнувањето се случува токму во оваа недела. Дознајте како изгледа третата недела од бременоста. 

Втора недела бременост

Дали сте веќе бремени? Или не сте? Сепак не сте. Втората недела од бременоста е втората недела од циклусот. Бидејќи бременоста се смета од првиот ден на менструалниот циклус, тоа значи дека тек ќе бидете бремени, а вашето тело токму за тоа се подготвува.

Прва недела бременост

Прва недела од бременоста! Конечно! Пред да започнете да се радувате, да ве информираме: Првата недела од бременоста е период во кој се уште не сте бремени! Дознајте зошто.