Contact US

Babytol D3 + K1 for you!
Витамини неопходни за здрав развој и заштита на новороденчињата!

  • Инфо
  • Состав
  • Примена
  • Сведоштво
  • Клинички студии
  • Чести прашања

Babytol D3+K1 for you! е дополнителен извор на витамините Д3 и К1, наменети за нутритивните потреби на предвремено родените деца и новороденчињата на природна исхрана. Се препорачува и како додаток на исхраната на новороденчињата на мешана исхрана со мала количина адаптирано млеко кое се користи како дополнителна храна. Адаптираното млеко за новороденчиња е збогатено со витамин К1. Доколку бебето е на мешовита исхрана и зема до два оброци адаптирани формули дневно, се препорачува дополнително внесување на витамин К1 во доза од 25 mcg до крајот на третиот месец по раѓањето, со производот Babytol D3 + К1. За дополнителен внес, доволна е една капсула дневно.

Витаминот К1 поминува низ плацентата во многу мали количини, така што бебињата скоро и да го немаат при раѓање. Се синтетизира во цревата, природно, од добри бактерии. Потребно е време овие бактерии да се развијат во гастроинтестиналниот тракт на бебето.

Мајчиното млеко содржи витамин К1 само во траги и неговата количина е многу скромна, а тешко е да се обезбеди потребната количина на витамин К кај бебињата. Во повеќето европски земји, бебето мора да прими 1 mg витамин К1 веднаш по раѓањето во породилното одделение. Во согласност со препораките на здружението на педијатри, неонатолози и министерствата за здравство во повеќето земји, се препорачува и продолжена орална примена. 

Витаминот Д е особено важен во најраниот период од животот, кога бебето интензивно расте и се развива. Недостатокот на витамин Д е фактор на ризик за рахитис. Тоа е болест која предизвикува омекнување и деформирање на коските. Поради ова, тие стануваат меки и лесно се виткаат. Коските на рацете, нозете, главата и градите може да се деформираат. 

Продолжената профилакса со витамини Д3 и К1е препорачана од страна на националните Министерства за здравство, Здруженијата на педијатрите и Здруженијата на неонатолози.

Витаминот K1 уште се нарекува “витамин за коагулација”. 

Витаминот K1 уште се нарекува “витамин за коагулација”. 

Исклучително е значаен во првите три месеци од животот бидејќи неговиот недостаток претставува фактор на ризик за појава на доцна хеморагиска болест. 

Витаминот Д3 се нарекува “витамин на сонцето”. 

Витаминот Д3 се нарекува “витамин на сонцето”. 

Недостатокот на витамин Д е ризик фактор за појава на рахитис и поради тоа неговата суплементација е исклучително значајна во текот на есенските и зимските месеци. 

Маслиново масло

Маслиново масло

Витамините се растворени во маслиново масло без алергени, кое овозможува подобра апсорпција и искористливост на овие витамини. 

Наједноставен начин на примена – twist off капсула

Наједноставен начин на примена – twist off капсула

Едноставно завртете, повлечете и отстранете го горниот дел од капсулата, а содржината истиснете ја директно во устата на бебето. 

Бебиња на природна исхрана

Бебиња на природна исхрана

По излегување од породилиште се препорачува примена на витаминот К1 во доза од 25 µg дневно, од 8. ден до крајот на 3.месец по раѓање. 

Бебиња на адаптирана формула

Бебиња на адаптирана формула

Доколку бебето пред 3.месец преминало на мешовита исхрана со повеќе од два оброци адаптирана формула дневно, можете да преминете од Babytol D3 + K1 на Babytol D3 + DHA Omega и пред 4.месец. 

Вања В. 

Благодарни сме за препораката за Babytol D3+K1 која ни е дадена во породилиштето. Нашето момче сега е здраво и паметно двегодишно дете. По совет на педијатарот, во текот на летото му даваме Babytol DHA, а во текот на зимата Babytol D3 + DHA. Сите препораки од нашето мало семејство! 

Вања В. 
Саша З. 

Babytol D3+K1 го користевме од раѓање до крајот на третиот месец како што беше препорачано. Ви благодариме што го заштитивте здравјето на нашето најголемо богатство! 

Саша З. 
Babytol D3 + K1 for you! - Klinicke studije

Избегнувањето на сериозен недостаток на витамин Д го подобрува имунолошкиот систем и ја намалува подложноста на автоимуни болести. 

На децата под 12 месеци им требаат 400 ИЕ витамин Д секој ден. Децата на возраст од 12 до 24 месеци имаат потреба од 600 ИЕ витамин Д секој ден. 

Препорачува сите доенчиња и деца, вклучително и адолесцентите, да имаат минимален дневен внес од 400 ИЕ витамин Д, почнувајќи веднаш по раѓањето. 

Сите новороденчиња треба да примаат профилакса со витамин К, бидејќи оралниот и интрамускулниот профилактички витамин К кој се дава по раѓање се покажа како ефикасен во спречувањето на класичното хеморагично заболување кај новороденчињата. 

Babytol D3 + K1 for you! - Klinicke studije

Витаминот К1 се нарекува и „витамин за коагулација“ - тој игра многу важна улога во сложените процеси на згрутчување на крвта.

Витамин К придонесува за нормална коагулација на крвта.

Ако на вашето бебе му давате повеќе од две порции млечна формула на ден, тогаш не му треба витамин К1, бидејќи доволно го добива преку формулата.

Ако бебето зема повеќе од две порции млечна формула дневно, продолжете со употреба на витамин Д3 во доза од 400 IЕ.

Мајчиното млеко содржи ниски концентрации на витамин К1, така што со просечно доење од 500 ml/24h не се обезбедуваат дневните потреби за витамин К1, кои во првите 6 месеци од животот се зголемуваат во опсег од 1-25 µg.

Поради ниската концентрација на витамин К1 во мајчиното млеко и ризикот од дефицит на витамин К1, во согласност со европските и националните препораки, продолжена орална примена на витамин К1 во доза од 25 μg се препорачува од 8-ми ден до крајот на третиот месец по раѓањето.

Млечните формули се веќе збогатени со витамин К1, така што во зависност од дневниот внес на млеко, бебето внесува околу 50 µg витамин К1 дневно преку адаптираните мешавини.

Ако бебето зема повеќе од два оброци со формула дневно, не е потребно орално дополнување на Babytol D3 + K1.

Ако продолживте да го користите Babytol D3 + K1 со вашето бебе кое зема формула, не грижете се, ништо лошо нема да се случи, бидејќи предозирање со овие дози не е можно.

Не треба да се надминуваат препорачаните дневни дози.

Витаминот К1 во препорачаната доза нема никакви несакани ефекти, може само да помогне и да го заштити вашето бебе, па можете слободно да го користите.

Производот Babytol D3+K1 е комбинација од два важни витамини неопходни за вашето новороденче во препорачана дневна доза.

Производот се користи од 8-миот ден од раѓањето до крајот на третиот месец кај новороденчиња кои се на мајчино млеко и новороденчиња кои се на мешана исхрана, со помалку од два оброка прилагодена формула во текот на денот.

Витаминот А не се препорачува за дневна суплементација кај доенчиња затоа што мајчиното млеко е богато со овој витамин и нема потреба од дополнителни додатоци. Формулите го содржат и во препорачаната количина. Како и витаминот Д3 и витаминот А, тој е липосолубилен и поголеми количини од потребните се таложат во телото на новороденчињата и може да доведат до несакани ефекти.

Витамините се раствораат во маслиново масло, кое е сосема безбедно за употреба кај доенчиња и не содржи алергени.

Појавата на грчеви кај доенчињата не може да биде предизвикана од витамин Д3 или витамин К1