Contact US

Babytol Coli for you!
За дигестивниот тракт на вашето бебе. Lactobacillus reuteri и лактаза. Безбедно за употреба од првиот ден!

  • Инфо
  • Состав
  • Примена
  • Сведоштво
  • Клинички студии
  • Чести прашања

Babytol Coli For You! се капки за орална употреба и храна за посебна медицинска намена. Тие ги содржат добрите бактерии Lactobacillus reuteri, како и ензимот лактаза, кој помага во разградувањето на млечниот шеќер лактоза, што го олеснува варењето и ја намалува појавата на грчеви кај новороденчињата и доенчињата.. 

Развојот на дигестивниот систем на бебето започнува за време на бременоста, а продолжува за време на породувањето со колонизација на добри бактерии, како и подоцна во текот на животот. Една од првите бактериски култури кои ја колонизираат цревната флора на новороденчињата е Lactobacillus reuteri. Таа е една од најдобро истражените добри бактерии за употреба кај доенчиња, чии ефекти се покажани во повеќе од 200 клинички студии. Lactobacillus reuteri е отпорен на киселата средина на желудникот, што му овозможува да стигне до цревата без оштетување. 

Лактазата е ензим кој го разградува млечниот шеќер лактоза. Кај голем број новороденчиња и доенчиња, сè уште неразвиениот и незрел гастроинтестинален тракт произведува мала количина на ензимот лактаза, што не е доволна за разградување на лактозата од млекото. Недоволно разградена во тенкото црево, лактозата од млекото стигнува до дебелото црево и таму се ферментира, што доведува до ослободување на големо количество гасови кои ги прошируваат цревата и предизвикуваат болка која се манифестира како грчеви (спазми). Оваа состојба обично поминува по четвртиот месец.  

Лактазата се додава во мајчиното млеко или млечните формули, со цел сложената шеќерна лактоза од млекото да се разложи на прости шеќери, што го олеснува варењето и ја намалува појавата на грчеви во стомакот кај новороденчињата и доенчињата на возраст до 4 месеци. 

Раѓањето на бебето е еден од најрадосните и најубавите настани во животот. Со цел да ги олесниме првите денови и месеци на вашето бебе и на вас, со желба што полесно да ги надминете следните предизвици, ви подготвивме Babytol COLI. Ви посакуваме мирно и безгрижно родителство! 

Lactobacillus reuteri 

Lactobacillus reuteri 

Една од првите бактериски култури кои ја населуваат цревната флора кај новороденчиња. Безбеден од првиот ден. 

Лактаза 

Лактаза 

Лактаза е ензим кој ефикасно овозможува разградување на млечниот шеќер лактоза што го олеснува варењето и ја намалува можноста за грчеви кај бебиња. 

По пет капки од двете шишенца, пред секое доење/оброк. 

По пет капки од двете шишенца, пред секое доење/оброк. 

Наташа Р. 

Моето бебе со оглед на тоа што се роди со царски рез, од првиот ден ги прими дозволените дози на Babytol Neonate, а од кога стигнавме дома Babytol Coli. Немавме проблеми со грчеви. Всушност, можеби ги имаше, но беа многу благи, столицата беше уредна. Бебето само го дојам и денес после скоро 4 месеци немаме никакви проблеми и уште користиме Coli. Мислам дека е доволен околу еден месец и тоа би било тоа. Со препаратите сум повеќе од задоволна! 

Наташа Р. 
Татјана А.  

Babytol Coli ни ја одзеде целата мака. Тогаш тоа беше нов производ и навистина ја заврши работата. 

Татјана А.  
Babytol Coli for you! - Klinicke studije

Грчевите  се поврзани со воспаление на цревата и дисбиоза, независно од начинот на хранење.

Употребата на пробиотски препарати кои содржат Lactobacillus reuteri е докажано дека ги ублажува симптомите на бебињата кои имаат грчеви (колики). 

WGO препорачуваа употреба на Lactobacillus reuteri за превенција и елиминација на колика, со највисоко ниво на докази. 

Употребата на препарат со овој вид го скратува времетраењето на плачењето за околу 50%. 

Употребата на препарат со овој вид го двојно го намалува бројот на посети на педијатар.

Внесувањето на соеви Lactobacillus reuteri е сосема безбеден и не предизвика зголемување на д-млечната киселина повеќе од две недели. 

Не се забележани несакани ефекти кои се јавуваат при примена на лактаза. 

Примената на ензимот лактаза кај бебињата со колика значително го намалува времетраењето на плачењето. 

Babytol Coli for you! - Klinicke studije

Babytol Neonate и Babytol COLI може да се применуваат истовремено. Дозите се прилагодуваат така што нема опасност доколку се користат заедно. Употребата на добри бактерии кај децата е генерално безбедна, дури и кога се дава во високи дози 

Babytol Coli for you!®, капки за орална употреба содржи култура на корисни бактерии Lactobacillus reuteri и ензим лактаза,  се додава во мајчиното млеко или млечни формули, а наменет е за дигестивниот тракт на новороденчиња и доенчиња од самото раѓање.  Лактаза се додава во мајчиното млеко, или млечната формула, со цел разградба на лактозата – сложен шеќер од млекото на прости шеќери, со што се олеснува варењето.  

Препорачаната дневна доза е 5 капки од двете шишиња пред секое хранење/оброк. 

Причините за појавата не се целосно разјаснети и се уште се предмет на бројни истражувања. 

 

Лактазата се додава во мајчиното млеко, или млечната формула, за да ја разгради лактозата, што им го олеснува варењето на бебињата и доенчињата.