Contact US

Bimunal Imuno 4u red logo

  • Инфо
  • Состав
  • Примена
  • Сведоштво
  • Клинички студии
  • Чести прашања

Bimunal Imuno for you! е сируп за деца кој содржи состојки од природно потекло и е наменет за имунитет. Bimunal Imuno содржи плод од бозел, пулпа од овошје баобаб, плод на ацерола, мед, цинк, бакар, витамини Ц и Д. Се препорачува особено во период на чести респираторни инфекции, во периодот од Септември до Март. Исто така, примена се препорачува по употреба на антибиотици, пред заминувањето на децата во колектив и за време на престојот на децата во колективот. 

Баобабот е моќен извор на витамини, минерали и влакна и како таков е една од најбогатите намирници во светот. Затоа плодот баобаб често се нарекува суперхрана, а дрвото на кое расте плодот е симбол на земјата, дрвото на животот, магично дрво. 

Бозелот, витамините Ц и Д, цинкот и бакарот придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем. Овошјето содржи голем број активни супстанции. Најбогат е со бета каротин, антоцијани, витамин Ц, танини, аминокиселини... Количеството на антоцијани во бозелот е многу поголемо отколку во другите црвени плодови. 

Медот е богат со јаглехидрати, главно прости шеќери, бројни ензими, витамини, минерали, есенцијални масла, есенцијални амино киселини. Употребата и важноста на медот се опишани и потврдени во списите на древните народи, каде често го нарекуваат „Божји дар“ и „храна на боговите“. Многу мудреци верувале дека медот го храни и зајакнува телото и мозокот, па дури и го продолжува животот. Самиот Хипокрит, таткото на медицината, го посочи медот како многу важна храна. 

Витаминот Ц и бакарот придонесуваат за одржување на нормалниот енергетски метаболизам, односно сите хемиски реакции во телото во кои се создава или троши енергија. 

Витаминот Ц придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. 

Оксидативниот стрес се јавува во телото кога не е во состојба да ги елиминира или неутрализира слободните радикали. Витаминот Ц, цинкот и бакарот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес. 

На децата секогаш им се препорачува здрава и разновидна исхрана, како и редовна физичка активност и престој на свеж воздух. Дополнителниот внес на одбрани витамини и минерали може да придонесе за нормална функција на имунолошкиот систем. 

Бозел

Бозел

Бозелот е добро позната лековита билка од античко време, а сокот од плодот од бозел е исклучително богат со флавоноиди, како и витамините Ц и А, витамините од Б групата и селен. 

Баобаб

Баобаб

Супер овошка од органско потекло, со која се прави разлика помеѓу природните и синтетските витамини и минерали. 

Цинк

Цинк

Минерал од големо значење за функционирањето на имунолошкиот систем.  

Ацерола

Ацерола

Содржи 100x повеќе витамин Ц во однос на лимон и портокал. Витаминот Ц допринесува за функцијата на имунолошкиот систем и намалување на заморот и исцрпеноста.  

Мед

Мед

2g чист мед во дневна доза од 10ml.  

Количината во препорачана дневна доза е безбедна и значајно помала од официјалните препораки за дете од 1 година. 

Витамин Д 

Витамин Д 

Има исклучително важна улога во фнкционирањето на имунолошкиот систем кај децата. 

10 ml сируп дневно за деца постари 1 година

10 ml сируп дневно за деца постари 1 година

Се препорачува примена 3 месеци, со пауза од 10 дена, до почетокот на примена на новиот 3-месечен циклус. 

Ивана П. 

Ви благодариме многу 4U Pharma! 

Како мајка на петгодишно момче и фармацевт, верувам во вашите производи бидејќи тие ја оправдаа мојата доверба. Bimunal Imuno ни овозможи нормален престој во градинка...се се смени откако почна да го пие пред повеќе од 2 години во есенските и зимските месеци! 

Ивана П. 
Милица Ј. 

Bimunal Imuno го користиме од 17-ти месец. Покрај разните настинки во градинка и сипаници, Bimunal Imuno ни помогна да го зајакнеме имунитетот и да спречиме постојано да биде болна. Откако го пие, таа е здраво и весело девојче, без вируси! Наскоро ќе наполни три години, а нејзиниот верен пријател Bimunal Imuno останува со неа! 

Милица Ј. 
Bimunal Imuno for you! - Klinicke studije

Баобаб има бројни биолошки својства вклучувајќи антимикробно, антивирусно, антиоксидантно и антиинфламаторно дејство. Семето е извор на значителни количини на лизин, тиамин, калциум и железо. 

 

Пријавено е дека е одличен антиоксиданс поради неговата содржина на витамин Ц кој е седум до десет пати повисока од содржината на витамин Ц во портокалот. 

Екстрактите од корен, кора и лисја (метанолни екстракти) имаат високо антивирусно и антимикробно дејство. Кората содржи алкалоид „Адансонин“ кој е проучен како активен против маларија и треска. Овошната пулпа се користи како функционална храна за природен третман и превенција на здравствени аномалии поврзани со хиперлипидемија, преку зајакнување на активноста на антиоксидантните ензими.  

Богатата содржина на енергија, протеини и минерали во јадрото на баобаб му дава потенцијална корисност како извор на протеини за храна во тропските и суптропските региони. Како состојка на пијалок, овошната пулпа може да послужи и како извор на калциум. Високата растворливост на протеините на кисела и алкална pH вредност сугерира дека протеините од семето на баобаб може да бидат пожелна состојка на храната. 

Bimunal Imuno for you! - Klinicke studije

Се препорачува примена од 10 ml сируп дневно.

Bimunal Imuno содржи мед и сахароза како засладувачи.

Се препорачува континуирана употреба 3 месеци. По тој период се препорачува пауза од 10 дена. Паузата се должи на препораки за примена на цинк. После тоа, можете да продолжите да го користите сирупот.

Вкусот на јагоди во сирупот Bimunal Imuno е природен, но не содржи алергени, па не би требало да има проблем.

Сите малечки постари од една година смеат да применуваат сируп Bimunal Imuno.

Bimunal Imuno е унапреден Bimunal. Покрај 50% повеќе екстракт од црн бозел, Bimunal Imuno содржи уште побогата комбинација на витамини и минерали и одлични нови состојки. Состојката бета-глукан ја заменивме со единствена состојка со исклучителна хранлива вредност. Тоа е растението баобаб. Благодарение на својот уникатен нутритивен состав, баобабот е природен и органски извор на висока концентрација на витамини, минерали и пребиотици. Покрај баобаб, во составот е вклучена и црниот бозел.