Contact US

Дванаесетта недела од бременоста

Конечно, хормоните почнуваат да се смируваат. Тоа значи дека ќе можете да здивнете и да се одморите од сите симптоми на бременост кои ве мачеле. Претпоставуваме дека гадењето беше омразен симптом број еден! 12-та недела од бременоста е пред вас. 

Многу трудници среќната вест за својата бременост ја објавуваат дури откако ќе влезат во четвртиот месец. Ако сте една од нив, радувајте се. Наскоро ќе ја споделите среќата. Само да помине 12-та недела од бременоста. 

Дознајте какви возбудливи работи можете да очекувате за време на оваа недела. 

Колку е големо бебето во 12. недела од бременоста? 

Малиот фетус сега е со големина на помала лимета. Долг е некој милиметар повеќе од 5 сантиметри. Сега, кога бебето ги формираше речиси сите органи, најважната работа е да расте. 

Кој е тоа месец од бременоста?

Во 12-та недела од бременоста сте на самиот крај на третиот месец. Поточно во неговата последна недела. Подгответе се да им кажете на сите дека очекувате бебе. Се разбира, ако веќе не сте го направиле тоа. 

Симптоми во 12. недела од бременоста 

Конечно, добри вести во врска со симптомите на замор и гадење. Како што хормоните се смируваат, уморот и мачнините се ублажуваат. Лоши вести? Се појавуваат нови симптоми. Подгответе се за главоболки и вртоглавица. Еве ги симптомите кои се јавуваат во 12-та недела од бременоста: 

  • Зголемен секрет. Можеби не ви се допаѓа, но зголемениот вагинален исцедок има многу важна улога. Заштитува од инфекција. Се додека бојата му е бела и нема никаков мирис, нема причина за грижа. Ако ова се промени, посетете го вашиот гинеколог за да ја исклучите можноста за инфекција или други компликации. 
  • Крварење како точки. Секое крварење за време на бременоста е загрижувачко за трудниците. Но, исто така, може да биде целосно безопасно. Дознајте зошто доаѓа до крварење во бременост.  
  • Главоболка. Главоболката може да стане интензивна во 12-та недела од бременоста. Причините за нејзиното појавување се хормони, пад на шеќер, дехидрација, недостаток на сон или прекумерна изложеност на стрес. Доколку чувствувате дека главоболката станува неподнослива и поинтензивна, посетете го вашиот лекар. 
  • Вртоглавица. Комбинација на хормонални состојби и варијации на крвниот притисок - и има вртоглавица. За да го спречите нејзиното појавување, имајте редовна ужина, избегнувајте прегревање, пијте доволно течности. 
  • Утринска мачнина. Доколку носите близнаци или имате повеќеплодна бременост, мачнините се уште се во репертоарот на симптомите дури и во 12-та недела од бременоста. Издржи уште малку. Овој симптом скоро ќе исчезне. 

Како се чувствувате? 

Можеби тоа не се покажува во вашиот физички изглед, но внатре во вашето тело многу се промениле. На крајот на првиот триместар од бременоста, многу е зад вас. Некои денови ќе се чувствувате исцрпено, додека следниот ќе бидете полни со енергија. Мачнината ќе ве измачува уште многу кратко време. Еден ден ќе се разбудите и таа едноставно нема да биде присутна.  

Погрижете се да пиете доволно вода и да ги внесувате сите важни витамини и минерали.  

Сега вашиот труднички стомак веќе се обликува, па ако сте планирале да го фотографирате напредокот на неговиот раст, сега е вистинското време да започнете. По бременоста, ќе имате прекрасно сеќавање на убавите моменти кога вашето бебе беше во вашиот стомак. 

Доколку досега не ви требала поудобна гардероба, во 12-та недела од бременоста ќе сакате да носите нешто што е пошироко во струкот. Особено ако ова не ви е прва бременост. Покрај проширувањето на желудникот поради истегнување на ткивото на матката, надуеност предизвикуваат и гасовите кои се акумулираат. 

Како напредува бебето?

Вашиот фетус стар дванаесет недели сега ги има целосно развиени речиси сите негови системи на органи и делови од телото. Тоа значи дека секој ден тие растат и созреваат, а вашето бебе напредува се повеќе и повеќе. Само така. Бебето влезе во фаза на раст и созревање. Тоа веќе совлада многу важни развојни фази. 

Тоа сега ги шири и ги собира прстите и ги свиткува прстите на нозете. Неговиот мозок се развива со неверојатна брзина. DHA омега-3 масните киселини се структурни компоненти на мозокот. Тие се неопходни за здрав развој на мозокот на бебето. Развојот на мозокот во најраниот период влијае на развојот на сите ментални и когнитивни функции. 

Препорачуваме: 

Pregnatol DHA кој содржи природно масло од микроалги со DHA (докосахексаеноична омега-3 масна киселина) и се користи за дополнување на DHA омега-3 масни киселини кај бремени жени и доилки. 

Во овој период се развиваат и рефлекси кај бебињата. Ако го боцнете прстот во стомакот за време на ултразвучно скенирање, најверојатно ќе видите како бебето почнува да се движи. Цревата на бебето, кои поради брзиот раст почнаа да излегуваат во папочната врвца, сега се враќаат во абдоминалната празнина. Очите и носот добиваат подобра форма, а ноктите и забите во вилицата продолжуваат да се развиваат. Органите, како што се бубрезите и цревата, продолжуваат да растат. 

Совети за идните мајки 

Грижете се за вашите гради. - „Релевантните“ хормони работат со полна пареа, така што вашите гради се спремни за доење кога бебето ќе дојде на свет. Но, поради ова, тие се отечени, тешки и болни. Олеснете си со носење удобен градник и гардероба. 

Користете заштита од сонце. - Многу жени добиваат темни дамки на лицето поради хормоните. Сонцето може да ги влоши овие промени на кожата, па хиперпигментацијата станува поизразена. Затоа е важно да ја заштитите кожата со фактор за заштита од сонце кога излегувате надвор. Корисна е и капа со широк обод. 

Избегнувајте нездрава храна. - Одолејте на искушението и на предизвиците и избегнувајте нездрава храна - особено премногу шеќер и преработена храна. Сосема е нормално дека веќе сте се здебелиле неколку килограми во првиот триместар. Но, исто така, многу е важно да изберете здрава и богата храна - свежо овошје и зеленчук, храна богата со протеини, житарки... За да бидете сигурни дека ги внесувате сите потребни хранливи материи, на трудниците им се препорачува и специјално прилагодени за нив суплементи

Препорачуваме: 

Pregnatol Active Folate + Vit B12 содржи фолати и витамин Б12 во активни форми. Наменет е за жени кои се подготвуваат и сакаат да останат бремени, како и за трудници за време на бременоста.  

Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докосахексаеноична омега-3 масна киселина) и се користи за дополнување на DHA омега-3 масна киселина кај бремени жени и доилки. 

Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи, внимателно одбрани и прилагодени на зголемените потреби за време на бременост и доење. 

Потсетник за 12. недела од бременоста 

  • Не ги заборавајте редовните контроли; 
  • Испланирајте ја својата исхрана; 
  • Размислете како ќе ги известите вашите најблиски дека сте бремениći. 

 

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/12-weeks-pregnant

https://www.babycenter.com/pregnancy/week-by-week/12-weeks-pregnant

https://www.pregnancybirthbaby.org.au/pregnancy-at-week-12

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.