Иако не можете да забележите од вашиот изглед, бременоста полека почнува да ви се чини вистинска. Дознајте што може да очекувате оваа недела.

Осмата недела од бременоста веќе започна. Ако сè уште не сте, време е да одите на вашиот прв пренатален преглед. Како дел од него, ќе имате и ултразвучен преглед. Може дури и да го слушнете чукањето на срцето на бебето. Колку е тоа возбудливо!
Осма недела бременост – Колку е големо бебето?
Во осмата недела од бременоста, бебето достигнува големина на малина. Вашата малина е голема околу еден и пол сантиметар и многу подвижна.
Осма недела бременост – Кој е тоа месец од бременоста?
Сега сте во вториот месец од бременоста, поточно во последната недела. Бременоста по месеци се пресметува на сличен начин како и бременоста по недели. Дознајте повеќе за тоа.
Осма недела бременост - Симптоми
Се прашувате што тоа мириса? Веројатно ништо. Или сè околу вас. Осмата недела од бременоста е време кога вашите хормони полудуваат. Меѓу другото, доаѓа до натчовечко заострување на сетилото за мирис, кое често доведува до стомачни тегоби. Што друго можете да очекувате од симптоми?
- Болни гради. Чувствувате дека вашите гради се поголеми и потешки. Најмногу може да ви пречи што станале болни. Сето ова е нормално, а всушност и пожелно, бидејќи овие симптоми се знаци дека се започнати подготовките за доење.
- Замор. Вашето тело произведува многу повеќе крв затоа што треба да биде доволна за бебето како и за вас. Поради ова, вашиот крвен притисок и нивото на шеќер во крвта не се исти како пред бременоста. Исто така, на вашето тело му е потребна дополнителна енергија за растот на бебето. Постојаните промени во нивото на хормоните придонесуваат и за дополнителен замор. Решението - дремнете секогаш кога ќе добиете прилика!
- Гадење. Непријател број 1 за многу трудници! Кога ќе дојде осмата недела од бременоста, гадењето може да стане навистина исцрпувачко, токму поради хормоните кои постојано варираат во овој период. Важно е да останете хидрирани, па колку повеќе течности, толку подобро. Исто така, многу е корисно да се подели дневната количина на храна на неколку помали, по можност поздрави оброци.
- Засилено сетило за мирис. Рака под рака со гадење дојде уште еден незабавен симптом - чувствителноста на сетилото за мирис. Некои мириси на кои вашиот нос до сега не им придаваше никакво значење, сега можат да предизвикаат таква мачнина што веднаш ќе „ви се преврти во стомакот“. На никаков начин не можете да влијаете на овој симптом, па затоа најдобро е да избегнувате силни мириси.
- Грчеви во стомакот. Болките слични на грчеви се сосема нормални во осмата недела од бременоста. Тие се јавуваат поради проширување на матката, односно истегнување на лигаментите. Ако болката е поголема отколку што очекувате, контактирајте го вашиот лекар.
- Запек. Ако имате проблем со запек, не сте сами. Скоро 50% од трудниците сочувствуваат со вас. Избегнувајте храна која предизвикува запек, пијте многу вода, пешачете, јадете храна богата со растителни влакна.
- Чудни соништа. Живи и необични соништа се вообичаени за време на бременоста, но не е јасно што ги предизвикува. Секако, една од причините се новите мисли поврзани со бременоста, кои се повеќе ве опседнуваат.
Можеби сè уште немате симптоми на бременост. И тоа е сосема нормално. Веројатно наскоро ќе ви најдојдат.
Осма недела бременост – Како се чувствувате?
Ако се чувствувате исцрпени, многу уморни, мачнини, многу гладни, секогаш запомнете - тоа е затоа што бебето расте, додека вашето тело постојано се прилагодува на промените во нивото на хормоните. Секогаш обидувајте се да го запомните тоа и ќе ви биде полесно. Уште малку и влегувате во последната третина од првиот триместар. Кога ќе започне вториот триместар, многу непријатни симптоми ќе останат само во вашата меморија.
Осма недела бременост - Ултразвук
Околу осмата недела од бременоста, ќе го направите првиот пренатален преглед. Ако веќе не сте, сега ќе направите ултразвучен преглед.
Подгответе се да се стопите од љубов и да се задушите од емоции. Можеби ќе бидете изненадени, но вашето бебе навистина клоца. Прстите едвај се разликуваат од целината на рацете и нозете, но тоа не го спречува фетусот да биде жив и да се лула. Опафчето сега го нема, па изгледот на бебето станува се повидлив.
Покрај ултразвучниот преглед, вашиот лекар ќе ве упати и на различни тестови на крвта. Ќе биде потребно да напраавите ККС (комплетна крвна слика), крвна група и Rh фактор, ниво на HCG хормон, гликоза, хемоглобин… Анализите кои исто така можете да ги очекувате се следните: ХИВ, хепатитис Б, сифилис, имунитет на рубеола, токсоплазмоза и цитомегаловирус. Очекувајте да се измерат крвниот притисок и телесната тежина за време на прегледот.
Совети за осмата недела од бременоста
Одете на прошетка. 30-минутната прошетка секој ден, освен што е одлична вежба, може да помогне и во олеснување на симптомите на бременоста.
Не го одложувајте одењето во тоалет. Веројатно одвреме-навреме ве нервира тоа што морате да одите во тоалет, но никогаш не треба да го одложувате одењето. Трудниците се многу склони кон уринарни инфекции, а одложувањето на празнењето на мочниот меур може да придонесе за развој на бактерии и појава на инфекција.
Не заборавајте фолати. Разновидната исхрана богата со овошје, зеленчук, семки и јаткасти плодови може да помогне да се задоволат потребите за фолати. Сепак, за безбедно внесување на препорачаната дневна доза, се советуваат додатоци во исхраната. Тоа е особено важно во периодот на подготовка за бременост, но и во текот на бременоста.
Pregnatol Active Folate + Vit B12 содржи Quatrefolic®, природна, активна форма на фолна киселина, во форма на природна сол на глукозамин, т.е. форма која природно се наоѓа во храната. Препаратот ја содржи и активната форма на витамин Б12. Витамините Б9 (фолати) и Б12 се многу важни бидејќи играат улога во клеточната делба и придонесуваат за нормална психолошка функција, нормален метаболизам на хомоцистеин, намалување на замор и исцрпеност и нормална функција на имунолошкиот систем.
Потсетник за осмата недела од бременоста
- Следете ги сите совети дадени од вашиот лекар
- Пијте вода
- Размислете за забавен начин да им кажете на сите дека сте бремени
- Јадете храна богата со фолати
https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/8-weeks-pregnant
https://www.nhs.uk/pregnancy/week-by-week/1-to-12/8-weeks/
https://raisingchildren.net.au/pregnancy/week-by-week/first-trimester/8-weeks