Contact US

Улога на фолната киселина за време на бременост

Фолната киселина игра исклучително важна улога за време на бременоста: 

  • учествува во процесот на формирање и затворање на невралната туба кај фетусот. Ниските нивоа на фолати кај мајката се фактор на ризик за дефекти на невралната туба кај фетусот. 
  • придонесува за нормална синтеза на аминокиселини, раст на мајчиното ткиво за време на бременоста и нормално формирање на крв. 
  • учествува во многу витални биолошки процеси 

Фолната киселина игра улога во клеточната делба, па затоа е особено важна во периоди на брза клеточна делба и раст, како што е периодот на бременост кога фетусот расте. 

Исклучително е важно да се обезбеди соодветно ниво на фолати пред зачнувањето и во текот на целата бременост. Активниот фолат придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеин.

Последно од блогот

Алергија на полен кај деца - како да ја препознаете и да му помогнете на детето полесно да дише

За повеќето деца, излегувањето надвор е синоним за игра, први прошетки и престој во природа. Но, за малите кои се чувствителни на полен, тоа може да биде проблем; дури и сосема нормална игра надвор може да заврши со често кивање, солзење на очите и кашлање.