Во 38-та недела од бременоста имаме одлична вест – бебето речиси целосно ги развило сите свои органи и функции и е подготвено да дојде на свет. Еве еден текст за тоа што можете да очекувате во една од последните недели од бременоста.

Многу сте блиску до крајот на патувањето наречено бременост. Оваа недела може да очекувате преглед каде вашиот гинеколог ќе провери дали грлото на матката почнало да се скратува и да се отвора. Веруваме дека со нетрпение чекате што ќе ви кажат по прегледот.
Колку е големо бебето во 38. недела од бременоста?
Како што се приближувате до крајот на вашето патување на бременост, вашето бебе сè уште расте. Тоа сега е со големина на лубеница. Тежината се движи од 2,9 до 3 килограми, а должината на телото е обично околу 48 сантиметри.
Кој е тоа месец од бременоста, а кое тримесечие?
Во 38-та недела од бременоста, вие сте во деветтиот месец од бременоста. Ова е речиси крај на третиот триместар. Вашата бременост сега се мери со денови, што значи дека моментот кога ќе го држите вашето мало чудо во раце е се поблиску.
Како напредува бебето?
Во оваа фаза, вашето бебе веќе стана вистинско мало слатко. Движењата може да станат помалку интензивни, бидејќи просторот во матката се намалува како што расте бебето. Нервниот систем на бебето е речиси целосно развиен, а белите дробови се подготвени да функционираат надвор од матката. Сега е време кога бебето може побрзо да реагира на надворешни звуци и светлина.
Симптоми во 38. недела од бременоста
Во оваа фаза од бременоста, може да почувствувате поголема непријатност поради зголемената големина на вашиот стомак. Проблеми со спиењето, киселини и често мокрење може да бидат чести. Исто така, можно е да забележите зголемени контракции, т.н. лажно породување, што значи дека телото се подготвува за породување.
- Контракции Брекстон Хикс - Веројатно досега сте научиле како да ги препознаете. Ако тие се безболни и престануваат кога седнувате, ја менувате положбата или легнете, тогаш овие контракции се лажни.
- Тешкотии со спиењето - Нервоза, исчекување, чести прошетки во тоалет, контракции, неможност да се најде удобна положба... Сето ова се причините поради кои спиете се полошо и полошо.
- Зголемен вагинален исцедок - Доколку забележите невообичаено густ исцедок во текот на оваа недела од бременоста, веројатно е дека слузниот чеп почнал да испаѓа малку по малку. Добра вест: раѓањето е се поблиску.
- Вашиот стомак ве чеша – Ова е сосема разбирливо, бидејќи кожата на вашиот стомак веројатно никогаш досега не била толку растегната. Освен ако ова не ви е прва бременост. Контактирајте со вашиот гинеколог доколку забележите осип на кожата покрај чешањето.
Знаци за породување во 38. недела од бременоста
Иако повеќето трудници нема да започнат породување точно на 38-та недела, важно е да се препознаат знаците дека породувањето започнува. Овие знаци вклучуваат почести и поинтензивни контракции, чувство дека бебето се спушта пониско во вашата карлица, зголемени секрети од вагината, како и губење на слузниот чеп.
- Еве ги знаците дека породувањето ќе започне:
Пукнување на водењакот - Ако забележите дека водата ви протекува, или во тенок млаз или наеднаш, веројатно се работи за плодова вода. Повеќето жени се пораѓаат во рок од 12 часа по пукањето на водењакот.
- Контракции - Вистинските контракции се болни и се повторуваат, стануваат се почести. Како што се собира матката, грлото на матката се повеќе се отвора, така што бебето може непречено да излегува. Ако ова е вашата прва бременост, контракциите може да траат со часови пред да влезете во фазата на „активен труд“.
- Болка во грбот - Понекогаш бебето е во таква положба што го притиска 'рбетот на мајката. Ако чувствувате постојана болка во грбот, која е се посилна, или болка која се пренесува од стомакот на грбот (или обратно), тоа веројатно е знак дека породувањето започнало.
Дали е безбедно бебето да се роди во 38. недела од бременоста?
Повеќето бебиња родени во 38 недела од бременоста се целосно здрави и подготвени за живот надвор од матката. Сепак, секоја бременост е единствена. Ако бебето се роди оваа недела, најверојатно ќе помине извесно време во неонаталното одделение за следење и поддршка. Важно е да се консултирате со вашиот лекар и да ги следите неговите препораки.
Препорачуваме:
Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи внимателно избрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење.
Pregnatol DHA содржи DHA омега-3 масни киселини, кои се многу важни за здрав развој на бебешкиот мозок и вид. DHA доаѓа од природно масло од морски микроалги, кое е со висока чистота и се добива под строго контролирани услови на производство.
Совети за 38. недела од бременоста
Одморете се - Обидете се да одморите што повеќе, бидејќи ќе ви треба енергија за породувањето и времето по него.
Хидрирајте се - Пијте вода редовно за да останете хидрирани и да го поддржите вашето тело во подготовка за породување.
Внимавајте на симптомите - Обратете внимание на какви било промени и симптоми кои би можеле да укажат на почетокот на породувањето.
Подгответе се за породувањето - Погрижете се да ги имате подготвени сите неопходни работи за престојот во болница и кога бебето ќе дојде дома.
Комуницирајте со вашиот лекар - Редовно посетувајте го вашиот лекар и прашајте сè што ве мачи за да можете да се чувствувате безбедно и информирано.
Потсетник за 38. недела од бременоста
- Обрнете внимание на знаците на породување.
- Разговарајте со партнерот за вашите планови за породувањето и за времето по него.
- Обрнете внимание на вашата емоционална состојба и побарајте поддршка доколку е потребно.
https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/38-weeks-pregnant
https://www.nhs.uk/start-for-life/pregnancy/week-by-week-guide-to-pregnancy/3rd-trimester/week-38/
https://www.whattoexpect.com/pregnancy/week-by-week/week-38.aspx