Contact US

34. недела бременост

Дали чувствувате дека вашите симптоми на бременост повторно почнуваат да личат на оние што сте ги имале во првиот триместар? Исклучително сте исцрпени, а зглобовите повторно ви се отечени. Одвреме-навреме трчате во тоалет... Издржете уште малку, се ближи големиот ден. 

Се чини дека вашиот стомак не може да стане поголем. Не се залажувајте. Во наредниот период бебето продолжува интензивно да добива на тежина. Што можете да направите? Продолжете да ги броите неговите движења и внимавајте на контракциите на Брекстон Хикс. 

Како и зошто се бројат движењата на бебето? 

Броење и следење на движењата на бебето се препорачува во подоцнежната бременост, односно од почетокот на третиот триместар. Зошто е важно? Со цел навреме да се забележи дали има некакви промени во активноста на бебето. Пребројувањето на движењата се препорачува и пред третиот триместар ако бременоста е ризична. Еве како: Измерете колку време му е потребно на вашето бебе да направи 10 движења. Сè е важно - клоцање, истегнување, шутирање. Повеќето идни мајки бројат до 10 движења во рок од 30 минути. Повторете го броењето на движењата секој ден, секогаш во исто време. Доколку забележите некакви промени, информирајте го вашиот гинеколог. 

Во 34-та недела од бременоста, бебињата се многу послаби од она што ќе изгледаат кога ќе се родат во термин. Повеќето предвремено родени бебиња во 34-та недела од бременоста се целосно здрави. Само треба да поминат малку повеќе време на интензивна нега. 

Бебето сега јасно го слуша вашиот глас и ги „прислушува“ сите разговори што ги имате. Ако и пеете приспивна песна, експертите велат дека тоа може да ја препознае мелодијата кога ќе ја слушне по раѓањето. И само да знаете, на бебето нема да му пречи дури и ако не сте премногу надарени за пеење. 

Колку е големо бебето во 34. Недела од бременоста? 

Тежината на бебето сега е околу 2 килограми, а од глава до пети е долго околу 45 см. Би можеле да го споредиме со големината на тиква, за која ќе признаете дека не е воопшто мала. 

Кој е тоа месец од бременоста и кое тримесечие? 

Во 34-та недела од бременоста веќе сте во втората половина на осмиот месец. Се разбира, тоа е третиот триместар. Само уште околу шест недели до големиот ден! 

Како напредува бебето? 

Бебето е речиси подготвено. Во овој момент, тоа изгледа речиси исто како што ќе изгледа кога ќе се роди на термин, освен што сега има многу помалку масти. Тоа е послабо. Ноктите на бебето се формираат. Кожата е позатегната и помазна. Во секој момент тоа добива се повеќе масни наслаги и килограми. Тоа се подготвува за доаѓање во светот. А тоа ќе се случи наскоро! 

Симптоми во 34. Недела од бременоста 

Симптомите кои имате можност да ги доживеете во овој период од бременоста се сосема типични за доцната бременост. Ако ги наброиме, ризикуваме да звучиме како расипана плоча, но што е, тоа е.. Симптомите што можете да ги очекувате во 34-та недела од бременоста се следниве: 

  • Заматен вид - Хормони, вишок течност, недостаток на сон. Сето ова може да биде причина за овој неочекуван симптом. Ако овој симптом е придружен со оток, главоболка и многу брзо зголемување на телесната тежина, тоа може да укажува на прееклампсија. Во тој случај задолжително консултирајте се со вашиот гинеколог. 
  • Замор - исцрпувачки е да се носи толкава тежина. Недоволното спиење е уште поизнемоштувачко. Затоа, не е ни чудо што секогаш сте уморни. 
  • Запек – Веројатно веќе сте запознаени со овој симптом. Исхраната богата со растителни влакна, доволен внес на вода и пешачење сепак се корисни. 
  • Хемороиди - Запек и хемороиди често одат заедно. Освен тоа, на нивната појава влијае и тежината на бебето, која врши притисок врз ректумот. За да ги олесните проблемите со хемороидите, обидете се да го регулирате варењето и да го решите проблемот со запек. 
  • Отечени зглобови и стопала – Секогаш кога имате можност, седнете и подигнете ги стапалата. 
  • Абдоминален притисок - Додека бебето се подготвува за раѓање и се спушта, може да почувствувате притисок што ќе ве принуди да уринирате почесто. 
  • Контракции Брекстон Хикс - Во 34-та недела од бременоста, сосема е нормално да се почувствуваат контракциите на матката. Вашето тело се подготвува за големиот ден. Имајте на ум дека овие лажни контракции се безболни. Ако чувствувате болка, забележите вагинално крварење и болки во долниот дел на грбот, тоа може да бидат знаци на предвремено породување. 

Дали е безбедно бебето да се роди во 34. Недела од бременоста? 

Многу сте блиску до породување, но се уште не е вистинското време. Секое раѓање пред 37-та недела од бременоста се смета за предвремено. Сепак, дури и да се роди бебето сега, има големи шанси да биде силно и здраво како бебињата родени „на термин“. Предвремено родените бебиња поминуваат многу подолго во болница пред да биде безбедно да си одат дома. 

Совети за 34. Недела од бременоста 

Уште само неколку недели и сите несакани симптоми ќе бидат минато. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги ставите на прво место вашата благосостојба и здравје. 

Прескокнете ја солта - Веројатно вашите стапала веќе се доволно отечени. Не ја влошувајте состојбата со дополнителен внес на сол. 

Пијте вода, а потоа повторно пијте вода - Како што напишавме претходно, водата е најдобар помошник за трудниците кога зборуваме за најнепријатните симптоми - запек, хемороиди, контракции на Брекстон Хикс. Токму така - дехидрацијата може да ги направи овие контракции почести. 

Не заборавајте надокнада со важните нутритиенти: 

Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи во една дневна доза. Витамините и минералите се внимателно одбрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење. 

DHA е важна структурна компонента на мозокот, нервните клетки и мрежницата на окото: 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот се составени од DHA, додека во мрежницата таа сочинува 93% од вкупниот омега- 3 масни киселини. Дури 60% од структурата на мозокот се масти, а 25% од тие масти се DHA. Како исклучително важна структурна компонента, DHA сочинува 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот. Најинтензивниот раст на мозокот на бебето се јавува во последниот триместар од бременоста и во првата година од животот. Pregnatol DHA содржи DHA добиен од природно масло од морски микроалги. Тој е со висока чистота и се добива под строго контролирани услови на производство. 

Потсетник за 34. Недела од бременоста 

  • Поставете автомобилско седиште, ако веќе не сте го направиле. 
  • Завршете го купувањето на се што ќе ви треба по породувањето 
  • Проверете двапати дали сте спакувале се што ви треба во вашата породилна торба. 

 

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/34-weeks-pregnant

https://www.whattoexpect.com/pregnancy/week-by-week/week-34.aspx

https://www.babycenter.com/pregnancy/week-by-week/34-weeks-pregnant

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.