Contact US

Бременост по месеци

Веднаш штом ќе откриете дека сте бремени, една од првите работи што ќе сакате да ги знаете е кога треба да дојде до раѓање. Можеби ќе ги изброите на прсти следните девет месеци, за да го дознаете што е можно попрецизно датумот на среќниот настан. 

Сепак, некаде на патот се сеќавате или дознавате дека бременоста трае 40 недели, а тоа ви звучи како повеќе од девет месеци. Тогаш, колку всушност месеци трае бременоста? Дознајте во нашиот текст.

Гестацискиот период, односно бременоста трае 40 недели. Тоа е затоа што првиот ден од циклусот, односно почетокот на последната менструација, се зема како почеток на бременоста. Вие навистина не сте бремени во текот на првата и втората недела од бременоста. Според оваа пресметка, во моментот кога вашиот тест за бременост покажува позитивен резултат, најверојатно сте бремена во четвртата недела. Првиот месец е веќе завршува!

Бременоста може да се пресмета со месеци или недели. Вашиот гинеколог сигурно ќе го прави тоа секоја недела, но колешката или пријателката обично ќе ви каже: „Сега сум 8 месец “, наместо “јас сум во 32. недела од бременоста”.

Бременост по месеци или по недели

Бременоста трае девет месеци. Тоа е општо познато. Но, кога ќе поделите 40 недели со бројот на недели во еден месец, излегува дека трае десет месеци. Како тоа?

До крајот на бременоста има околу 40 недели. Ако претпоставиме дека секој месец трае четири недели од по седум дена, тоа значи дека секој месец трае 28 дена. И тоа не е точно. Повеќето календарски месеци се долги 30 или 31 ден. 

Вистината е всушност дека бременоста трае меѓу девет и десет месеци. Со цел да се одреди што е можно појасно моменталната должина на бременоста и приближниот датум на породување, вашиот гинеколог ќе ја следи бременоста по недели, а не по месеци.

Триместар од бременоста

Секој триместар од бременоста трае 12 до 13 недели или околу три месеци. Од почетокот до крајот на бременоста имаме три полни тримесечја.

Прв триместар

Ова е тримесечијето кое ги опфаќа од првата до 13. недела. Првиот триместар се смета за краток, со оглед на тоа што многу жени не знаат дека се бремени во првите неколку рани недели. Првиот триместар ги вклучува првите три месеци од бременоста.

Втор триместар

Средниот триместар трае од 14. до крајот на 27. недела од бременоста, односно од почетокот на четвртиот до крајот на шестиот месец од бременоста. Многу трудници и мајки изјавуваат дека вториот триместар е најлесниот и најудобниот во однос на симптомите.

Трет триместар

Третиот триместар ги вклучува седмиот, осмиот и деветиот месец од бременоста. Се брои од почетокот на 28. па се до крајот на 40. недела. Треба да се има на ум дека многу жени се породуваат пред 40-та недела, додека други остануваат бремени една или две недели подоцна.

Препорачуваме

Pregnatol Active Folate + Vit B12 - за успешна подготовка и здрава бременост. 

Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи внимателно избрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење.

Pregnatol DHA содржи DHA омега-3 масни киселини, кои се многу важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. DHA доаѓа од природно масло од морски микроалги, кое е со висока чистота и се добива под строго контролирани услови на производство.

Термин за пораѓај

Терминот на пораќај е приближниот датум кога бебето треба да се роди. Се одредува во однос на датумот кога бил првиот ден од последната менструација пред бременоста. Од тој датум има 40 недели или 280 дена. Без разлика, секое породување кое се случува помеѓу 37-та и 42-та недела од бременоста се смета за раѓање во полн термин.

Бебињата родени пред 37-та недела од бременоста се сметаат за предвремено родени бебиња и обично бараат дополнителна нега и медицинска помош во помала или поголема мера.. Околу 8% од бебињата се раѓаат предвреме, односно пред 37-та недела, што е втората недела од деветтиот месец. Ако вашата бременост продолжи надвор од 42-та недела, раѓањето најверојатно ќе биде предизвикано.

Недели и месеци бременост

Со цел подобро да го проценат напредокот и растот на бебето, лекарите ја бројат и следат бременоста по недели. Ако не ви е сосема јасно кои недели на кои месеци припаѓаат, еве листа:

Прв месец бременост: од 1. до 4. недела,

Втор месец бременост: од 5. до 8. недела

Трети месец бременост: од 9. до 13. недела

Четврти месец бременост: трае од 14. до 17. недела

Петти месец бременост: трае од 18. до 22. недела,

Шести месец бременост: трае од 23. до 27. недела

Седми месец бременост: трае од  28. до 31. недела

Осми месец бременост: трае од 32. до 35. недела,

Деветти месец бременост: трае од 36. до 40. недела

Последно од блогот

Петти месец бременост

Што прави бебето во стомакот? Верувај ми, тоа сега може многу - ика, голта плодова вода, зева, клоца, удира, пробува различни потези и прави кругови. Вистински мал забавувач!

Четврти месец бременост

Повеќе енергија, подобар апетит, без гадење. Звучи добро? Сето ова ве очекува од почетокот на четвртиот месец од бременоста, односно од влегувањето во вториот триместар. Ова е и причината зошто овој период често популарно се нарекува меден месец на бременоста. 

Трети месец бременост

Третиот месец од бременоста е последниот месец од првиот триместар. За само малку ќе почнат да се смируваат хормоните кои предизвикуваат бурни симптоми на почетокот на бременоста. Претпоставуваме дека ова ве прави особено среќни кога размислувате за гадењето. Издржете уште овој месец!