Contact US

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

По влегувањето во деветтиот месец од бременоста, може да очекувате одредени промени во однос на зачестеноста на посетите на гинеколог. Сега можете да очекувате вашите проверки да бидат задолжителни еднаш неделно. Лекарот ќе ги препорача и сите потребни анализи и тестови кои му претходат на раѓањето. Задолжителен е и тестот за присуство на бактерија стрептококус од групата Б, доколку се уште не сте го направиле.

Останува уште малку време за сите преостанати подготовки, торби за породување, опрема за бебето, договори со луѓето кои ќе ви помогнат кога ќе го извадите бебето од породилиштето...

Во текот на деветтиот месец, бебето брзо созрева, се развива, расте и добива тежина. Кон крајот на деветтиот месец, бебето ќе го достигне својот максимум за престој во стомакот на мајката. Тоа сега тежи во просек од три до четири килограми и е долго околу 50 сантиметри. 

Деветтиот месец трае од 36. до 40. недела од бременоста.

Бебенце, сите те очекуваат

Во текот на деветтиот месец, развојот на бебето е во завршна фаза. По раѓањето, бебето ќе продолжи интензивно да се развива во првите месеци или години од животот.

Интересно е што мозокот на бебето во моментот на неговото раѓање е колку една четвртина од мозокот на возрасен човек. До неговиот прв роденден, неговата големина ќе се удвои. Исто како и првите месеци од животот, последните месеци од бременоста се многу важни за бебешкиот раст и развој.

Pregnatol DHA содржи DHA омега-3 масни киселини кои се многу важни за развој на бебешкиот мозок и вид. DHA  доаѓа од природно масло од морски микроалги, кое е со висока чистота и се добива под строго контролирани услови на производство.

Во деветтиот месец од бременоста, бебето речиси завршило со растење во стомакот на мајката. Во претстојниот период тоа се дебелее и добива на маса. Виталните органи созреваат, а бебето станува се повеќе способно да живее самостојно.

Тоа секојдневно продолжува да ги практикува вештините кои ќе му требаат кога ќе се роди - дишење, односно вдишување и издишување, цицање, фаќање... Подготвен е и дигестивниот тракт, како и првата столица, со кое бебето ќе ги наполни своите први пелени. Таа прва столица се вика мекониум, а нејзиниот изглед и состав се разликуваат од класичната столица. По боја е темно зелена до црна, наликува на катран и се состои од мешавина од плодова вода, жолчка и секрет од цревните жлезди, влакната, крвта...

Ако ви се чини дека движењата на бебето го изгубиле интензитетот, веројатно сте во право. Сега има се помалку простор, затоа што порасна, па не може добро да се лула наоколу. Ќе има можности штом ќе се роди. Бебенце, сите те очекуваат!

Симптоми во деветтиот месец од бременоста

  • Полесно дишење. Секој ден бебето се спушта подолу и пониско во карлицата. Вашите бели дробови трпат помал притисок и се ослободуваат се повеќе и повеќе. Сега можете повторно да дишете целосно. Збогум на постојан недостаток на здив!
  • Чешање. Дали ве чеша кожата на стомакот? Иако е непожелно, сосема е јасно дека тоа се случува. Кожата на стомакот се протега толку многу што никогаш порано не би поверувале дека тоа е можно. Негувајте ја кожата со препорачани креми и препарати. Доколку се појави осип покрај чешањето, кажете му на вашиот гинеколог.

Останати симптоми:

  • Притисок во карлицата,
  • Потешкотии со спиењето,
  • Киселини,
  • Отечени зглобови и стопала,
  • Зголемен вагинален секрет, и
  • Брекстон Хикс контракции.

Хранете се здраво и урамнотежено

Разновидна и здрава, свежо подготвена храна сепак треба да биде ваш секојдневен избор. Продолжете да јадете здрава исхрана богата со овошје, зеленчук, влакна и протеини. Ова е важно и за вас и за бебето.

Доколку имате проблем со киселина, држете се настрана од многу зачинета, кисела, лута и топла храна. Вечерајте што е можно порано, за оброкот да не ви го наруши сонот. Обидете се да не јадете ништо неколку часа пред спиење.

Во текот на бременоста и во периодот на доење препорачуваме: 

Pregnatol Multi + Active Folate кој содржи 20 хранливи материи внимателно избрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење.

Породувањето се ближи или започна

Постојат две категории на знаци кои укажуваат на породување. Некои велат дека породувањето наскоро ќе започне, а други дека породувањето веќе започнало. 

Знаци дека породувањето наскоро ќе започне: 

  • Испаѓање на слузниот чеп. Улогата на слузниот чеп е да го затвори грлото на матката за време на бременоста и да ги спречи бактериите да навлезат во матката и да ја загрозат бременоста. Се состои од густа слуз во форма на згрутчување. Испуштањето на слузта може да се случи до две недели пред раѓањето на бебето.
  • Гадење. Како што се приближувате до датумот на породување, гадењето може да биде и знак дека се приближува породувањето. Информирајте го вашиот гинеколог ако гадењето е многу интензивно.
  • Дијареа. Како гадењето, и дијареата може да се појави како знак на претстојното породување. Нејзината појава е под влијание на хормоналните промени кои се случуваат додека вашето тело се подготвува за породување.

Знаци дека породувањето е започнато:

  • Пукнување на водењакот. Повеќето жени се пораѓаат во рок од 12 часа по пукањето на водењакот.
  • Контракции. Ако контракциите се болни, се повторуваат и стануваат почести, ова може да биде знак дека породувањето започнало. Но, не грижете се. Контракциите може да траат со часови пред да влезете во фазата на „активно породување“, особено ако тоа е вашата прва бременост.
  • Болки во грбот. болките во грбот кои се зголемуваат во интензитет, се пренесуваат од стомакот на грбот или обратно, веројатно е знак дека породувањето започнало.

Совет за 9 месец од бременоста

Подгответе ги работите за напуштање на породилиштето. За да излезете од породилиштето во облека во која ќе се чувствувате удобно, а бебето да го облечете токму по ваш избор, однапред подгответе се што ќе ви треба во тој момент. Не заборавајте на седиштето за во автомобилот.

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.