Здраво стомаче, здраво бебе! Сега веќе можете да почнете да гледате како ќе изгледате кога вашиот стомак малку ќе порасне. Погледни се во огледало. Прекрасно, нели? Заедно да откриеме што може да очекувате во десеттата недела од бременоста.

Можеби е време да купите нова гардероба - малку поудобна. Ако мислите дека се уште е рано, веројатно прибегнувате кон докажаните трикови на сите новопечени трудници - откопчување на горното копче на панталоните или носење здолниште со еластичен појас. Сè е оправдано и пожелно. Важно е да се чувствувате удобно.
Оваа недела вашето малечко више не е ембрион. Сега и официјално е фетус. Тоа значи дека се повеќе личи на бебе, а секој ден сте се поблиску до крајот на првиот триместар од бременоста.
Колку е големо вашето бебе во 10. недела од бременоста?
Во текот на десеттата недела од бременоста, бебето достигнува големина на јагода. Таа сега е долга околу 3,5 см. Во следните три недели тоа ќе биде двојно подолго. Неверојатно!
Кој е тоа месец од бременоста?
Полека се приближувате кон вториот триместар од бременоста. Сега сте во третиот месец од бременоста. До крајот на оваа недела ќе бидете точно на половина од третиот месец.
Симптоми во 10. недела од бременоста
Се прашувате кои симптоми може да ги очекувате во оваа недела од бременоста? Како што вашето бебе расте, вашите стомачни мускули и лигаменти се повеќе и повеќе се протегаат. Градите се зголемуваат секој ден, а можете да очекувате и други драстични промени. Еве неколку симптоми кои се вообичаени во 10-та недела од бременоста.
- Болка во пределот на кружните лигаменти. Немојте да се чудите ако почувствувате силна болка во пределот на стомакот. Кружни лигаменти се влакнести ткива на ѕидовите на матката. Како што се зголемува матката, лигаментите се протегаат, што може да предизвика непријатност и болка.
- Зголемување на градите. Процесите што се случуваат во вашите гради се подготовка за доење. И во десеттата недела од бременоста, градите продолжуваат да растат и стануваат потешки.
- Утринска мачнина. Се прашувате кога ќе престане. Бидете трпеливи уште малку. Откако ќе влезете во вториот триместар од бременоста, гадењето и повраќањето главно се само спомен.
- Промени во расположението. Сè уште можеме да ги обвинуваме хормоните за честите и бурните промени на расположението.
- Замор. Преморени сте. На вашето тело сè уште му треба многу повеќе енергија од вообичаено за да го одржи бебето да расте и да се развива. Затоа секогаш сте исцрпени. Ако на тоа ги додадеме и чудните соништа кои ве будат навечер во овој период од бременоста, веќе има многу причини за умор.
- Зголемен вагинален исцедок. Поголем проток на крв низ вагината со зголемено лачење на естроген може да предизвика зголемено лачење на секрет. Се вика леукореа, има бела боја и нема мирис. Можеби е малку непријатно, но тоа е природен начин на вашето тело да се ослободи од бактериите. Доколку чувствувате дека исцедокот има мирис, е обоен или содржи траги од крв, задолжително посетете го вашиот гинеколог.
- Видливи вени. Многу повеќе крв циркулира низ вените, како што можете да видите сега, судејќи според изгледот на вените.
Како се чувтвувате?
Одговорот е - уморна и дефинитивно бремена. Сега, кога сте бремена два и пол месеци, веројатно сте ги доживеале сите типични симптоми на бременост. И додека во одреден момент ќе се чувствувате возбудени и среќни поради промените низ кои поминува вашето тело, во други моменти тоа ќе ве фрустрира. Сето тоа е сосема нормално.
Иако однадвор на многумина сè уште нема да изгледате трудно, вашата матка до сега е толку многу порасната, поради што стомакот ви е заоблен, па повеќе сакате да изберете поудобна гардероба. Многу лекари препорачуваат да се здебелите околу 2 до 3 килограми во првиот триместар. Доколку носите близнаци, лекарите препорачуваат до 5 килограми повеќе, до крајот на третиот месец.
Како напредува бебето?
Десеттата недела е дефинитивно пресвртница. Ембрионот сега стана фетус, што значи дека влегува во позрела фаза на развој.
За време на ембрионската фаза, се формираат органите на бебето, вклучувајќи го и мозокот, срцето и белите дробови, но и делови од телото - нозе и раце. Во феталната фаза, органите и деловите од телото се целосно формирани и тие сега растат и продолжуваат да се развиваат.
Зглобовите на рацете стануваат функционални, се формираат 'рскавици и коски, вклучувајќи ја и коската на вилицата заедно со млечните заби. Почнуваат да се појавуваат ноктите, но и косата. Верувале или не, вашето малечко веќе прави две важни вежби - голтање и клоцање.
Двојниот тест е првото генетско тестирање препорачано помеѓу 11. и 14. недела од бременоста. Може да се користи за откривање на некои можни хромозомски аномалии. Тестот се прави со анализа на извадената крв во комбинација со ултразвучен преглед на бебето.
Совети за идните мајки
Појадувајте - Ако треба, штом ќе ги отворите очите, изедете ја бомбичката што ја оставивте синоќа на ноќното столче. За многу трудници, првиот залак на празен стомак го спречува гадењето. Пробајте, можеби и вам ќе ви помогне.
Земете витамини - Во вашата утроба расте сосема нова личност. Таа е сè уште мала, но нејзините потреби за хранливи материи се големи. Изберете храна богата со фолати, витамини Д, Ц и А, железо и калиум.
Препорачуваме:
Pregnatol Active Folate + Vit B12
Pregnatol DHA
Pregnatol Multi + Active Folate
Земете ужина - Покрај тоа што ќе ги задоволи потребите на растечкиот фетус, квалитетна ужина богата со витамини и минерали ќе направи и вие да се чувствувате добро. Ужина богата со калиум како банана или манго може да го олесни гадењето, додека храна богата со протеини како јајца или јаткасти плодови ќе ви ја даде потребната енергија и ситост.
Одмарајте - Исцрпеност, мачнина, промени во расположението - симптомите во десеттата недела од бременоста често ве ставаат на тест за издржливост. Не претерувајте со обврските и обезбедете си доволно време за сон и одмор. Потребна ви е сила, слушајте што ви кажува телото.
Потсетник за десеттата недела бременост
- Дознајте кои се важни прегледи и анализи во текот на бременоста.
- Доколку планирате да го направите, закажете двоен тест.
- Откријте како се храни плодот во стомакот.
https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/10-weeks-pregnant
https://www.verywellfamily.com/10-weeks-pregnant-4158926
https://www.nhs.uk/start4life/pregnancy/week-by-week/1st-trimester/week-10/