Движењата на бебето се сè поограничени, бидејќи има се помалку простор. Иако секој ден е се посилно, просторот не му дозволува да „замавне“. Но, дефинитивно ја чувствувате неговата сила, особено кога ќе почне да турка со лактите.

Овие денови може да доживеете лажни, Брекстон Хикс контракции малку почесто. Тоа е вашата матка која вежба, се подготвува за големиот ден на породување. Ако се прашувате што точно мислиме, тоа е ритмичкото затегнување и опуштање на стомакот. Обидете се да се опуштите и/или да ја промените положбата на телото. Ако и после тоа не престанат, задолжително јавете се кај вашиот лекар.
Ако наеднаш ви се појави потреба да организирате се, знајте дека овој нагон е сосема природен и популарно го нарекуваме „вгнездување“. Сосема е оправдано дека сакате сè да биде подготвено кога ќе го донесете бебето дома, па се трудите тоа да се случи - купувате се што е потребно и го уредувате просторот на бебето, можеби премногу детално. Не се исцрпувајте и не поставувајте премногу барања од себе. Имате уште многу време.
Колку е големо бебето во 30. Недела од бременоста?
Во 30-та недела од бременоста растот на бебето малку се забавува, но поради тоа се забрзува со собирање мускули и масни наслаги, па неговата тежина од ден на ден се зголемува. Сега е долго околу 40 см и тежи околу 1,3 кг. Можеме да го споредиме со големина на главица зелка.
Кој е тоа месец од бременоста и кое тримесечие?
Сега сте уште во седмиот месец од бременоста, што е третиот триместар. Уште само десет недели до породувањето.
Третиот триместар го вклучува седмиот месец од бременоста кој трае од 28. до 31. недела, осмиот месец од бременоста кој трае од 32. до 35. недела и деветтиот месец од бременоста кој трае од 36. до 40. недела.
Како напредува бебето?
Сакате да ѕирнете и да го видите бебето токму сега? Интересна идеја. Кога навистина би можеле, би виделе пресладок фетус кој речиси изгледа како вистинско новороденче. Во 30-та недела од бременоста, бебето има прилично многу влакна на главата, а очите му се ширум отворени и полека го препознава светот околу себе. Засега тоа е светот на вашата утроба, но тоа е доволно за почеток. Ноктите на бебето продолжуваат да се зајакнуваат, а тоа го усовршува фаќањето со прстите, вежбајќи со папочната врвца и стапалата.
Симптоми во 30. Недела од бременоста
Вашите соништа можат да станат уште почудни ако воопшто успеете да спиете. Како што напишавме претходно, несоницата е резултат на хормоните, неможноста да се најде удобна положба, но и исчекувањето и неизвесноста поврзана со породувањето. Добронамерен совет: организирајте тест возење до породилното одделение и измерете колку време ви е потребно за тоа. Можеби после тоа ќе престанете да сонувате за породување во автомобил. Постојат и други чести, но не и непознати симптоми за 30-та недела од бременоста.
- Киселини. Доколку ве мачат киселини, внимавајте која храна ги предизвикува. Најчесто тоа е мрсна, зачинета, кисела и тешка храна. Избегнувајте ја, особено навечер пред спиење. Исто така, прошетајте после оброк или седете некое време. Не легнувајте веднаш.
- Проблеми со спиењето. Доколку и вие сте во маѓепсан круг на несоница, или поради мислите кои ве мачат или поради тешкотијата да најдете удобна положба, мора да сте бремени. Настрана сите шеги, недостатокот на сон доведува до постојан замор, што може да отежне и потешко да се помине денот.
- Оток. Умерен оток е сосема очекуван во 30-та недела од бременоста. Ситуацијата обично се подобрува кога ги одморате нозете во крената положба.
- Скратен здив. Чувствувате притисок врз белите дробови? Не, тоа не ви се случува. Бебето расте, матката се шири, притисокот се зголемува. Овој симптом не е нов, но е поизразен како што напредува бременоста. Очекувајте олеснување најрано од 33-та недела кога бебето ќе почне да се спушта како подготовка за раѓање.
Како се чувствувате?
Во 30-тата недела од бременоста се враќаат многу одамна заборавени симптоми на бременост. Повторно забележувате нагли промени во расположението, а има и често мокрење. Но, кога ќе размислите за фактот дека ве делат само десет недели од породувањето, вашето расположение веднаш се подигнува. Одморете колку што можете повеќе и грижете се за вашето физичко и ментално здравје.
Препорачуваме:
Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи во една дневна доза.
Витамините и минералите се внимателно одбрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење.
Za zdrav razvoj mozga i vida bebe – Pregnatol DHA
Се користи за дополнување на DHA омега-3 масните киселини, важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докосахексаеноична омега-3 масна киселина).
Во која положба е бебето во 30. Недела од бременоста?
Бебето најверојатно е веќе свртено со главата надолу. Иако можеби мислите дека му е непријатно и нема доволно простор, нема за што да се грижите. Тоа има уште многу простор за движење. Како што ќе минуваат деновите и неделите, така ќе се стега.
Совети за 30. Недела од бременоста
Уште десет недели! Ќе забележите како времето минува брзо и бавно во исто време. Како е можно? Ако сте во фаза на паника и страв од породување, времето брзо ќе помине, а ако сте во фаза на нетрпеливо исчекување, полека ќе помине. Така е!
Носете удобни чевли. Последниот триместар од бременоста не е одлично време да ги покажете вашите лични модни преференции. Удобноста треба да биде вашиот прв приоритет.
Бидете подготвени. Можеби ви изгледа рано да ја подготвите вашата породилна торба, но подобро е да бидете подготвени. Пакувањето торба може да биде и забавна активност која ќе ви го окупира умот некое време.
Потсетник за 30. Недела од бременоста
- Закажете ја следната контрола кај гинекологот.
- Доколку не сте го направиле тоа до сега, одберете породилиште.
- Одлучете кој ќе дојде да ви помогне кога ќе го напуштите породилното одделение со бебето.
https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/30-weeks-pregnant
https://www.whattoexpect.com/pregnancy/week-by-week/week-30.aspx
https://www.babycenter.com/pregnancy/week-by-week/30-weeks-pregnant