Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.
Верувале или не, до осмиот месец, како што расте бебето, матката се проширила 500 до 1000 пати од нејзината првобитна големина. Сега многу од симптомите се поразбирливи, нели? Веќе на почетокот на осмиот месец бебето ја зазема положбата во која ја свртува главата надолу. Ако не, не грижете се. Има уште време да се подготвите за големиот ден.
Првото млеко
Градите се зголемуваат во осмиот месец од бременоста. Ќе бидете среќни што во нив се подготвува првото млеко за бебето. Тоа се нарекува колострум. Густо е и жолтеникаво, а најважно е дека е многу здраво за бебињата на самиот почеток, односно во првите денови по раѓањето. Тоа е затоа што колострумот, покрај сите важни хранливи материи, содржи и антитела, кои им помагаат на бебињата да изградат имунитет.
Дишете здраво, хранете се здраво
Во текот на осмиот месец, многу работи се случуваат додека бебето и вашето тело се подготвуваат за раѓање. Важно е да го поддржувате вашето тело и да продолжите да се грижите за вашето здравје. Не ги испуштајте лекарските прегледи, поминете колку што можете повеќе време на свеж воздух, бидете физички активни и хранете се здраво.
Не заборавајте да ги надополнувате важните хранливи материи преку додатоци во исхраната наменети за трудници и доилки, како што ви препорачува вашиот гинеколог.
Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи во една дневна доза.
Витамините и минералите се внимателно одбрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење.
DHA омега-3 масните киселини се многу важни за здрав развој на бебешкиот мозок и вид. Pregnatol DHA содржи DHA добиен од природно масло од морски микроалги. Тој е со висока чистота и се добива под строго контролирани услови на производство.
До крајот на осмиот месец бебето ќе добие тежина од околу 2,4 kg и ќе постигне должина од околу 46 cm.
Осмиот месец трае од 32. до 35. недела од бременоста.
Бебето е скоро подготвено
Иако наскоро ќе биде подготвено за живот надвор од утробата, за сега бебето расте најдобро заштитено и безбедно во утробата на мајката. Сега изгледа речиси исто како што ќе изгледа кога ќе се роди, како мало новороденче, само многу послабо. Во следните недели од бременоста, вашето бебе ќе се здебели и ќе продолжи да расте.
Главните развојни фази сè уште се во тек. Во последниот триместар од бременоста, како и во првите две години од животот, мозокот најинтензивно се развива и расте. Како главна структурна компонента на мозокот, DHA омега-3 сочинува 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот. Сочинува дури 30% од структурните масти во сивата материја на мозокот, поради што е многу важен за развојот на мозокот. Pregnatol DHA е наменет за употреба во текот на бременоста и доењето.
До крајот на осмиот месец, слухот на бебето ќе биде целосно развиен. Веројатно забележувате како бебето се смирува додека вие разговарате со некого или му се обраќате. Исто така, понекогаш трепнува кога ќе слушне ненадеен силен звук.
Важни прегледи и анализи
Сите прегледи и анализи кои ги советува вашиот лекар се многу важни, затоа не ги пропуштајте.
Една од анализите што можете да ја очекувате е тестирање за присуство на бактерија од групата В Streptococcus. Зошто и како се прави оваа анализа?
Иако присуството на бактерии од групата В Streptococcus е доста честа појава во вагиналната и ректалната област, тоа може да биде штетно за бебето. Затоа, од оваа област се зема примерок и со анализа се утврдува присуството на бактерии. Доколку се открие, вашиот лекар ќе ве советува дали треба да се лекувате со антибиотици. Исто така, со цел дополнително да го заштитите бебето, може да примите терапија при самото породување.
Симптоми во осмиот месец од бременоста
- Брекстон Хикс контракции. Во осмиот месец од бременоста може да очекувате почеста појава на овие таканаречени лажни контракции. Матката се подготвува за раѓање, а контракциите на Брекстон Хикс се дел од таа подготовка. За разлика од вистинските контракции, тие се безболни. Можете да ги препознаете и по тоа што обично се смируваат кога ја менувате положбата на телото.
- Потемнети брадавици. Веројатно забележувате дека ареолите на вашите гради се потемни отколку што сте навикнати. Една многу интересна теорија тврди дека ова се случува поради еволутивните промени и дека на тој начин бебето може полесно да најде извор на храна кога ќе почнете да доите. Фантастично, нели?
- Киселина. Иако овој симптом не е нов, сигурно не сте се навикнале на него. Прашајте го вашиот лекар што може да препорача за да ја ублажи вашата непријатност. Покрај тоа, избегнувајте масна, зачинета, кисела и тешка храна. Ова особено се препорачува во вечерните часови, односно пред спиење. Корисна е и прошетка после оброк.
Други бројни симптоми кои можете да ги очекувате во осмиот месец од бременоста се:
- Губење здив,
- Протекување од градите,
- Вагинален секрет,
- Топлина,
- Главоболка,
- Задишаност,
- Заборавање и несмасност,
- Заматен вид,
- Замор,
- Констипација,
- Хемороиди,
- Отечени зглобови и стопала,
- Притисок во пределот на абдоменот,
- Често мокрење, и
- Болки во пределот на колковите и карлицата.
Дали ги броите бебешките движења?
Броење на движењата на бебето се препорачува од третиот триместар од бременоста или порано ако бременоста е ризична. Ова е важно за да можете навреме да забележите какви било големи промени во активноста на бебето. Ако се прашувате како да го направите тоа, следново е вообичаен метод: Изберете време од денот кога бебето е активно и бројте ги движењата секогаш во исто време секој нареден ден. Се што чувствувате како активност на бебето се брои како движење - клоцање, истегнување, вртење, икање... Доколку забележите некое големо отстапување во однос на претходните денови, информирајте го вашиот гинеколог. Најчесто во просек за 30 минути се бројат околу 10 движења.
Дали е безбедно да се роди бебе во осмиот месец од бременоста?
Секое раѓање пред 37-та недела од бременоста се смета за предвремено. Блиску сте до породување, но се уште не е време. Доколку се роди бебето сега, големи се шансите да биде здраво и силно, исто како бебињата родени „на термин“. Предвремено родените бебиња остануваат малку подолго во болница пред да биде безбедно да си одат дома.
Совети за осмиот месец од бременоста
Внимавајте на знаците на породување. Ако сте бремени и носите близнаци, поблиску сте до датумот на породување отколку мајките кои носат само едно бебе. Околу 85% од сите предвремено родени бебиња се раѓаат во осмиот месец од бременоста. Да се потсетиме на основните знаци на породување: пукање на водењак, болни контракции, контракции во редовни интервали.