Contact US

28. недела бременост

Вашата возбуда може да почне да расте. Влеговте во третиот триместар. Официјално сте во големото финале на бременоста. Можеби нема да ви се допадне, но отсега почесто ќе го посетувате вашиот гинеколог. Вие сте во 28-та недела од бременоста. 

Бебето станува се поголемо и со секој нов момент зазема се повеќе простор за себе. Поради ова, може да се соочите со некои непријатности, како што се отежнато дишење или замор. 

Веќе во последните неколку недели сте запознаени со различните движења на вашето бебе. Сега е време да почнеме да ги броиме. Да, добро слушнавте. Во основа, ова значи дека треба да почувствувате 10 движења во период од два часа. 

Ако сте една од идните мајки кои имаат проблеми со спиењето, обидете се некако да се опуштите. Значи, ако се разбудите среде ноќ и не можете да се вратите на спиење, знајте дека средината на ноќта не е време за чистење на куќата со правосмукалка. Наместо големи акции, препорачуваме да прочитате книга или да слушате смирувачка музика, секако со шолја чај од камилица.  

Колку е големо бебето во 28. Недела од бременоста?

Бебето во последните неколку недели стави многу маснотии. Поради ова, тоа сега тежи околу 1 килограм и е долго речиси 38 см. Големо е колку поголем ананас.  

Кој е тоа месец од бременоста и кое тримесечие? 

Колку пати до сега ве прашале кој месец сте бремени? Веројатно неколку пати. Сега, во 28-та недела од бременоста, можете гордо да кажете: „Седми месец!“. Седмиот месец од бременоста трае од 28 до 31 недела. Моментално сте во првата недела од третиот триместар од бременоста.  

Како напредува бебето? 

Благодарение на маснотиите кои продолжуваат да се формираат, кожата на бебето повеќе не е збрчкана и собрана, туку полека станува позатегната и помазна. 

Како што бебето продолжува со вежбите за дишење, неговите бели дробови секој ден стануваат се позрели и спремни за големата работа што ги очекува. 

Мозокот на бебето се подобрува секој ден. Кога зборуваме за мозочните активности, интересно е дека бебето сега веќе има РЕМ фази на спиење, што значи дека може да сонува додека спие. Фантастично! 

Не заборавајте на задолжителното внесување на DHA омега-3 масни киселини. Како главна структурна компонента на мозокот, DHA сочинува 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот.  

Pregnatol DHA ги надополнува DHA омега-3 масните киселини, важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со висока чистота, добиено во строго контролирани услови на производство. 

Симптоми во 28. Недела од бременоста 

Додека бебето зазема нова положба и полека се подготвува за големиот ден, вие исто така може да почувствувате нови симптоми. Секако, покрај оние на кои веќе сте навикнати во претходниот период од бременоста. 

  • Проблематичен сон. Хормоните или напнатите нерви се главните причини за лош сон во третиот триместар од бременоста. Обидете се да се опуштите со омилена книга или друга смирувачка активност, како што е цртање или аранжирање цвеќиња. 
  • Недостаток на здив. Бебето продолжува да ги притиска вашите бели дробови и дијафрагмата, па можеби веќе сте навикнати да имате половина здив. Не се замарајте премногу. Ова е навистина тежок период за вашето тело.  
  • Истекување на млеко. Можно е вашите гради веќе да ја произведуваат првата храна за бебето. Тоа е жолтеникава, густа течност наречена колострум. 
  • Болки и грчеви. Како и претходните недели, грчевите се јавуваат во нозете, а најболна точка е грбот. Покрај веќе познатите совети, обидете се да го внесете и пешачењето во вашите секојдневни активности. Така можете да ги ублажите овие непријатни симптоми. Ако повеќе ви одговара, можете да вежбате и јога за трудници. 
  • Брекстон Хикс контракции. Сега знаете како да ги препознаете без да мислите дека породувањето започнало. Доколку се појават одвреме-навреме и престанат многу брзо, немате причина да се грижите. Само вашето тело се подготвува за големиот ден. 

Совети за  28 недела од бременоста 

Пред вас се совети како најдобро да се грижите за себе во првата недела од третиот триместар од бременоста. 

Време е да почнете да ги броите движењата. Ова е забавна активност за многу идни мајки, бидејќи се чувствуваат како директно да комуницираат со бебето. Треба да изброите 10 движења во период од два часа. Обидете се да ги броите движењата секој ден во исто време и во периодот кога ќе забележите дека бебето е најактивно. Се разбира, бебето е мало човечко суштество, а не програмиран робот, па не очекувајте исти резултати секој пат. 

Време е за некои одлуки. Кој би помислил дека толку мало суштество бара донесување толку многу одлуки! Само некои од нив се: како ќе се породиш, каде ќе се породиш, како ќе се вика бебето, дали ќе спие до тебе во кревет или во својот кревет... Одлуки, одлуки… 

Продолжете со здрави навики во исхраната. потребите на бебето за хранливи материи се зголемуваат. Затоа е многу важно да се храните здраво, а хранливите материи кои не успевате да ги внесете преку секојдневната исхрана, да ги внесувате преку одбрани и проверени квалитетни препарати.  

Pregnatol Multi + Active Folate 

Внимателно избрани и прилагодени на зголемените потреби за време на бременост и доење, 20 хранливи материи во една дневна доза. 

Потсетник за 28. Недела од бременоста 

 

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/28-weeks-pregnant

https://www.nhs.uk/start4life/pregnancy/week-by-week/3rd-trimester/week-28/#anchor-tabs

https://www.pregnancybirthbaby.org.au/pregnancy-at-week-28

Последно од блогот

Алергијата на полен (алергиски ринитис) е сезонски непријател од кој можете да се заштитите

Алергијата на полен, позната и како сезонски алергиски ринитис или поленско кивање, погодува милиони луѓе ширум светот и значително влијае на квалитетот на секојдневниот живот.

Осип на кожата кај деца: Причини, видови и природни начини за негово ублажување

Осипот на детската кожа е една од најчестите причини за загриженост на родителите, а неговиот изглед може да изгледа страшно, особено кога ќе се појави ненадејно. Сепак, повеќето исипи се безопасни и минливи, иако во одредени случаи тие може да укажуваат на посериозна состојба која бара лекарска помош.   

Чешање на телото - причини и превенција

Чешањето на телото може да биде непријатно и фрустрирачко искуство кое ги погодува луѓето од сите возрасти. Може да биде привременo и благo или хронично и интензивно, а понекогаш укажува на посериозни здравствени проблеми.