Contact US

Вирусите ги напаѓаат носињата и грлото - 85% од вирусните инфекции кај децата се фарингитис и ринофарингитис

Вирусни респираторни инфекции се чести, особено кај помалите деца кои немаат целосно развиен имунолошки систем. Најчесто се манифестираат како болести на горниот респираторен тракт. 

Како што покажува праксата, речиси 85% од сите вирусни инфекции кај децата се фарингитис и ринофарингитис, односно воспаление на мукозната мембрана на фаринксот и воспаление на носната слузница и фаринксот. 

Вообичаени симптоми на овие инфекции кај децата се чешање и болки во грлото, губење на апетит, црвенило и болки во грлото, затнат нос, печење на носот, кивање, слабост, повремена главоболка, висока телесна температура. 

Иако овие инфекции можат да бидат предизвикани од бактерии, тие почесто се предизвикани од вируси. Постојат над 200 видови на вируси кои ги напаѓаат респираторните органи на децата. 

Терапија и лекување 

Поставувањето на вистинската дијагноза е многу важно, особено кога зборуваме за утврдување на причината за инфекцијата, односно дали болеста е предизвикана од вируси или бактерии. 

Доколку инфекцијата е вирусна, болеста се лекува со одмор, зголемен внес на течности и задолжително одржување на назалната хигиена. Исто така, многу е корисно да се применуваат препарати кои содржат природни состојки и витамини што е можно порано. 

Последно од блогот

Алергија на полен кај деца - како да ја препознаете и да му помогнете на детето полесно да дише

За повеќето деца, излегувањето надвор е синоним за игра, први прошетки и престој во природа. Но, за малите кои се чувствителни на полен, тоа може да биде проблем; дури и сосема нормална игра надвор може да заврши со често кивање, солзење на очите и кашлање.