Вирусни инфекции се вообичајна појава, особено кај помалите деца кои немаат целосно развиен имунолошки систем. Они најчесто се манифестираат како респираторни болести,па на сите најпознати им се грип и настинка.
Одвреме-навреме има епидемии на болести предизвикани од некои нови вируси, како што е неодамна актуелниот SARS-CoV-2, кој ја предизвикува болеста COVID-19.
Лекување на вирусни инфекции со мирување
Кога се во прашање вообичајни и познати вирусни инфекции, најдобар третман за лекување е да се остане дома и да мирувате,што овозможува имунолошкиот систем да се бори против вирусот.
За време на мирувањето, важно е да пиете доволно течности. Понекогаш детето кога е болно, одбива да пие,па затоа најдобро е на секои 15 до 20 минути да му понудите да пие помала количина вода.
Замената на течности е исто така важна поради загубата на вода од телото за време на покачена температура. Наместо вода, за надокнадување на течности можете да користите чаеви, незасладени овошни сокови ,али и производи за рехидратација доколку е потребно.
Сосема е вообичаено апетитот да слабее за време на траењето на вирусна инфекција. Тоа е затоа што организмот моментално го користи сиот свој потенцијал во борбата против вирусот. Родителите во тие моменти го молат детето да изеде нешто, макар и со сила. Но, тоа не е потребно. Детето само ќе побара да штом ќе се чувствува подобро.
Вирусни инфекции и антибиотици
За разлика од бактериските инфекции, вирусните инфекции не можат да се лекуваат со антибиотици. Лекувањето на вирусни инфекции со антибиотици е најчестиот вид на несоодветна употреба на антибиотици.
Неправилната употреба на антибиотици е една од главните причини за зголемување на неотпорноста (резистенција) на бактериите на антибиотици. Употребата на антибиотици за лекување на вирусна инфекција е неправилна и може да влијае на слабеење на имунолошкиот систем, покажаа неодамнешните студии.
Вирусни инфекции и покачена температура
Покачена температура за време на вирусна инфекција е знак дека имунолошкиот систем работи и дека организмот се бори со инфекцијата. Температурата се зголемува бидејќи организмот се бори против постоечката вирусна инфекција.
Кога температурата паѓа, одбранбениот одговор се прекинува и на имунолошкиот систем сигнализира да не се бори.
Затоа, температурата не треба да се намалува додека не надмине најмалку 38,5°C. Во некои европски земји како Велика Британија, официјалните медицински водичи препорачуваат температурата да не се намалува додека не надмине 39°C.
Лекување на вирусни инфекции по природен пат
Природниот начин за лекување на вирусни инфекции вклучува мирување, зголемен внес на течности, како и витамини и минерали за кои е докажано дека му помагаат на организмот да се бори против инфекцијата.
Настинка и грип
Настинката и грипот се најчестите вирусни заболувања во нашето поднебје. Тие се исклучително актуелни во постудениот дел од годината, односно во текот на есента и зимата.