Contact US

Симптоми и лекување на пневмонија кај деца и возрасни

Инфекција на долниот респираторен тракт, или пневмонија, се јавува поради бактериска, вирусна или габична инфекција. Дознајте повеќе.

Пневмонијата е сериозна респираторна болест. Таа е предизвикано од различни микроорганизми, бактерии, вируси, габички. Во 60-80% од случаите, пневмонијата е предизвикана од бактерии. Пневмонијата се карактеризира со акутно воспаление на белодробниот паренхим (ткиво на белите дробови), алвеолите и просторот помеѓу алвеолите. 

За воспаление на белите дробови е карактеристично тешко, плитко и брзо дишење, како и покачена температура. Луѓето постари од 65 години и децата под две години се најранливи доколку се разболат.

Воспаление на бели дробови – симптоми

Раните симптоми на пневмонија често личат на симптомите на настинка или грип - висока температура, сува кашлица, пецкање во белите дробови. Во текот на болеста се менуваат симптомите, а се менува и нивниот интензитет. Карактеристични симптоми на пневмонија се:

  • Забрзано дишење
  • Недостаток на здив
  • Продуктивна кашлица
  • шлајм 
  • Грозница и треска
  • Остра болка во градите
  • Забрзана работа на срцето
  • замор
  • Слабост и омалаксаност
  • Гадење и повраќање
  • главоболка
  • потење
  • Замор и болка во мускулите
  • Збунетост и дезориентација

Воспаление на белите дробови – лекување

Во зависност од тоа кој тип на микроорганизам ја предизвикал пневмонијата, ќе зависи и начинот на неговото лекување. Исто така, третманот на пневмонија зависи од тежината на болеста. 

Доколку воспалението е предизвикано од бактериска инфекција, таа ќе се лекува со антибиотици. Габична инфекција ќе бара употреба на антифунгални лекови.

Во случај инфекцијата да е вирусна, лекарот ќе процени дали се неопходни антибиотици. Со вирусни инфекции, особено е важно да се зголеми внесот на течности и да се овозможи пациентот да се одмори. 

Воспаление на бели дробови кај деца

Доколку имунолошкиот систем не е доволно силен, пневмонијата може да се појави кај децата, најчесто како компликација на вирусна респираторна инфекција. Посебно загрозени се помалите деца, кои сè уште немаат целосно развиен имунитет.
Симптомите кои укажуваат на тоа дека се работи за пневмонија кај децата се:

  • тешко дишење
  • кашлица
  • слаб апетит
  • висока температура и треска
  • нервоза и раздразливост
  • дехидрација
  • болка во градите
  • повраќање предизвикано од кашлање

Децата многу лесно можат да се заразат едни од други, бидејќи бактериите и вирусите се пренесуваат со кашлање и кивање, односно со капки. Исто така, тие можат да се пренесат со допир, но и преку предмети.
Воспалување на бели дробови – поставување дијагноза
За да може лекарот да постави дијагноза, неопходен е детален преглед, лабораториски анализи и рендген на граден кош (RTG, рендген дијагностика).

За време на прегледот, лекарот ќе обрне внимание на знаците на пневмонија - зголемен шум на дишење, пенлив шум и звук на крцкање, кои се карактеристични поради појавата на течност во алвеоларниот простор.

Со лабораториски анализи лекарот ќе провери дали е покачен бројот на леукоцити, како и седиментација, но и CRP, показатели дали има воспаление или инфекција во организмот. Доколку смета дека е потребно, лекарот може да предложи и бронхоскопија како дијагностичка метода.

Кој е изложен на зголемен ризик од заразување со пневмонија?

Секој може да добие пневмонија, но одредени групи се изложени на зголемен ризик. Тоа се:

  • Бебиња и деца под две години
  • Возрасни, постари од 65 години
  • Луѓе со ослабен имунолошки систем поради болест или употреба на лекови како што се стероиди или терапија за рак
  • Луѓе и деца со хронични здравствени состојби, како што се астма, цистична фиброза, дијабетес, срцеви заболувања...
  • Луѓе кои неодамна закрепнале од друга респираторна болест
  • Луѓе кои имале мозочен удар и имаат тешкотии при голтање
  • Пушачи, како и луѓе кои консумираат големи количини на алкохол
  • Секој што е изложен на постојана иритација на белите дробови, како што е загадувањето на воздухот, вдишување на хемиски испарувања или чад.

Превенција на воспалување на бели дробови

Бидејќи најчеста причина за бактериска пневмонија е инфекцијата со бактеријата Streptococcus pneumoniae, пневмококната вакцина е најефективниот начин за спречување на болеста. Вакцината се препорачува и за деца и за возрасни.

Иако вакцината не може целосно да заштити од пневмонија, таа значително го намалува ризикот од развој на инфекција.

Силниот имунитет штити и го намалува ризикот од развој на пневмонија. Здравите животни навики, одржувањето на хигиената, здравата исхрана, секојдневната физичка активност и добриот сон се важни за имунитетот. 


https://www.ipb-ild.edu.rs/sr/za-pacijente/o-plucnim-bolestima/upale-pluca-pneumonije

https://www.healthline.com/health/pneumonia#riskfactors

https://www.nhs.uk/conditions/pneumonia/

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.