Contact US

Акутен бронхитис или пневмонија? Како правиме разлика?

Иако имаат слични симптоми, акутниот бронхитис и пневмонијата не се третираат на ист начин. Дознајте како правиме разлика помеѓу овие две болести.

И акутниот бронхитис и пневмонијата (воспаление на белите дробови) се респираторни заболувања на долниот респираторен тракт. Бидејќи нивните симптоми се многу слични, понекогаш е тешко да се разликуваат. Добивањето на вистинската дијагноза е од клучно значење за третманот на лекување.
Акутен бронхитис често се јавува по настинка или друго вирусно воспаление на горниот респираторен тракт. Бронхитисот е воспаление на бронхиите, малите цевчиња кои водат од душникот до белите дробови. Симптомите кои се јавуваат поради акутен бронхитис се кашлица, покачена температура, болки во грлото, болки во мускулите, омалаксаност, чувство на тежина во пределот на градите. Кашлицата што се јавува на почетокот на болеста е сува. Со текот на времето, таа станува се повеќе „зрела“ и содржи сè поголеми количини на шлајм. Акутниот бронхитис обично трае 7-10 дена, но кашлицата може да биде присутна три недели, па дури и подолго.
Пневмонијата ги има речиси истите симптоми. Разликата е во тоа што влијае на белите дробови. Најчесто е неопходен антибиотски третман. Болеста често резултира со поголемо губење на тежината. 
Лекарот ја поставува дијагнозата врз основа на физички преглед, биохемиска анализа и други параметри на крвната слика, меѓу кои биохемискиот параметар кој е многу важен, CRP.


https://www.ipb-ild.edu.rs/sr/za-pacijente/o-plucnim-bolestima/upale-pluca-pneumonije

Последно од блогот

Алергија на полен кај деца - како да ја препознаете и да му помогнете на детето полесно да дише

За повеќето деца, излегувањето надвор е синоним за игра, први прошетки и престој во природа. Но, за малите кои се чувствителни на полен, тоа може да биде проблем; дури и сосема нормална игра надвор може да заврши со често кивање, солзење на очите и кашлање.