Имунитетот на децата и отпорноста на болести често се главна тема кај родителите на малите деца. Меѓутоа, родителите понекогаш несвесно и сами влијаат на неговото слабеење.
Бактериите и вирусите се двата доминантни типови на микроби, а поради нивното дејство децата, но и возрасните се разболуваат. Симптомите на болести кои се јавуваат поради вирусна или бактериска инфекција често се многу слични.
Заедничко и за бактериите и за вирусите е што тие се пренесуваат на ист начин:
- кашлање и кивање
- контакт со заразено лице
- контакт со заразени површини или предмети
- заразена храна или вода
- контакт со заразени животни
Бактериите и вирусите како причинители на инфекции
Бактериите се живи едноклеточни организми и живеат насекаде околу нас, како и во нас. Овие едноклеточни организми генерално не прават никаква штета. Всушност, во многу случаи тие се многу корисни, на пр. како жители на цревната микрофлора.
Од друга страна, некои бактерии се многу штетни кога се размножуваат во човечкото тело. Тие потоа можат да предизвикаат разни болести и пореметувања во функционирањето на организмот.
Вирусите се многу помали од бактериите. Најголемиот вирус е помал од најмалата бактерија. Не можеме да кажеме дека вирусите се живи, бидејќи ги немаат сите карактеристики на живите организми. Познато е дека се размножуваат и растат само кога ќе нападнат нечие тело, а без телото на домаќинот не можат ни да преживеат. Човековото ,како и телото на детето, обично само, благодарение на имунолошкиот систем,се изборува од нападот на вирусот.
Сепак, постојат вируси кои не можат да се запрат. Тие предизвикуваат инфекции, односно болести кои имаат свој тек и времетраење и едноставно мора да се прележат. Колку е посилен и поразвиен имунолошкиот систем, толку помали се шансите за развој на вирусни инфекции.
Лекување на бактериски инфекции
Бактериските инфекции се лекуваат со антибиотици. Само лекар, врз основа на преглед и анализа, може да утврди дали се работи за бактериска инфекција и кој антибиотик е најдобаро да се употреби за лекување.
Но, со тоа што делуваат на бактериите кои предизвикуваат болести, антибиотиците делуваат и на други бактерии, оние што ги нарекуваме добри и кои ја населуваат цревната микрофлора,а кои се и тоа како важни за правилно функционирање на имунолошкиот систем.
Затоа, при лекување на бактериска инфекција со антибиотици, се препорачува употреба на препарати кои ги надоместуваат загубите и ја обновуваат цревната микрофлора.
Лекување на вирусна инфекција
Речиси секој лекар кај респираторна вирусна инфекција предложува мирување, останување дома и зголемен внес на течности,како на имунолошкиот систем ќе му се овозможи што полесно да се бори со болеста.
Зголемена или висока температура за време на вирусна инфекција се јавува кога организмот се бори со вирусот,а она е секако знак дека функционира имунолошкиот систем.
Вирусни инфекции не се лекуваат со антибиотици, бидејќи немаат никакво дејство на вирусите. Неправилната и прекумерна употреба на антибиотици може да влијае на слабеење на имунитетот кај децата.
Лекувањето на вирусните инфекции всушност помага во ублажување на сите вообичаени симптоми, што понатака води до побрзо излекување.
Вообичаени симптоми кои ги придружуваат вирусните респираторни инфекции се: зголемена температура, течење на носот или затнат нос, кашлица, воспалено и болно грлото.