Прилично е вообичаено малите деца да настинуваат пет до шест пати годишно. Тоа најчесто се случува во постудениот дел од годината, односно во есенските и зимските месеци. Поради ова, на родителите често им се чини дека нивното дете е постојано болно, бидејќи понекогаш повторно се разболува, веднаш откако ќе оздрави. Зошто е тоа така?

Настинката е вирусна болест и постојат стотици вируси кои ја предизвикуваат. Болеста обично трае 5 до 7 дена, но кај малите деца симптомите може да бидат присутни две недели.
Облечи чорапи, ќе настинеш - настинка кај малите деца
И покрај широко распространето верување дека настинките се предизвикани од носење малку облека, излегувањето од дома без јакна или спиење покрај отворен прозорец, тоа не е точно. Настинките се предизвикани од различни вируси, а они се најактивни во тек на ладниот дел од годината,па оттаму потекнува и заблудата.
Покрај тоа, настинките најчесто се предизвикани од риновируси, кое делување е погодно при сувиот и ладен воздух, што е вообичаено во есенските и зимските денови.
Екстремниот студ води до стеснување на крвните садови во носот, па така вирусот најчесто навлегува во организмот преку тој пат,кој е погоден за неговото задржување и опстанок. Кога деновите се ладни, децата поминуваат повеќе време во затворени простории, каде што вирусите се шират полесно и побрзо. Затоа колективите, како што се градинките и училиштата, се особено ризични.
Како да се спречи настинка кај децата?
Кога детето ќе дојде во контакт со вирусот, тоа се разболува. Но, ако детето веќе има развиен и силен имунитет, тоа може да го спречи развојот на болеста, дури и кога детето било во контакт со некој што е заразен.
Добриот имунитет може да го заштити детето од настинки.Темелите на кои се основа имунитетот на детето се поставуваат со примена здрави животни стилови кои подразбираат: добар квалитет на сон, здрава исхрана и физичка активност.
Имунитетот може дополнително да се зајакне со употреба на хранливи материи кои се важни за имунолошкиот систем. Bimunal Imuno содржи екстракт на плод од црн бозел,витамини Ц и Д, бакар и цинк. Bimunal Imuno содржи и пулпа од плодот баобаб, плод од ацерола и мед. Плодот баобаб е храна богата со природни витамини, минерали и влакна во висока концентрација, а поради уникатниот нутритивен состав често се нарекува и „супер плод“.
Се препорачува примена во следниве случаи:
- За време на сезоната на вируси,
- По употреба на антибиотици,
- Пред заминување во колективот (училиште, градинка).
За настинки кај децата
Настинката е вирусна болест, па затоа помагаат препаратите и витамините наменети за зајакнување на имунитетот.
VIRANTO FORTE for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот кај децата, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето. VIRANTO FORTE for you! е граничен производ кој содржи и цинк, Витамин Д, бакар, Витамин Ц од плод на ацерола и од плод на шипка, кој дополнително влијаат на зајакнување на имунитетот и зголемување на одбрамбените способности на организмот.
Настинка кај деца - симптоми
Првите симптоми на настинка обично се појавуваат 1 до 3 дена откако детето е заразено. Симптомите на настинка се слични на оние на другите вирусни респираторни инфекции:
- Течење на носот
- Затнат нос
- Воспалено,болно грлото
- кашлање
- Запушеност
- Блага болка во мускули
- Кивање
- Зголемена температура
- Омалаксаност
https://www.stanfordchildrens.org/en/topic/default?id=upper-respiratory-infection-uri-or-common-cold-90-P02966
https://kidshealth.org/en/parents/cold.html
https://www.nationalgeographic.rs/vesti/14509-zasto-se-cesce-prehladjujemo-tokom-hladnih-dana.html