Contact US

35. недела бременост

Во овој период од бременоста, може да се чувствувате како да сте во сенката на вашиот стомак. И тоа чувство доаѓа со добра причина. Верувале или не, вашата матка пораснала 500 до 1000 пати од нејзината оригинална големина. Дознајте се што е важно за 35-та недела од бременоста. 

Ако сте и вие во 35-та недела од бременоста, ги читате вистинските редови. Некои мајки може да се чувствуваат малку нервозни во овој период бидејќи изгледа како да не направиле толку многу, а раѓањето брзо се приближува. Другите трудници може да се чувствуваат како времето до породувањето никогаш да нема да помине. Во секој случај, обидете се да не дозволите овие мисли и чувства да ве изложуваат премногу под стрес. Бебето ќе дојде токму кога ќе биде подготвено и сигурно нема да проверува дали сте ги прецртале сите ставки од вашата листа со задачи. Ако сте подготвиле безбедно место за спиење на бебето, пакување пелени и седиште за во автомобил, знајте дека сте подготвени да започнете. 

Во следните недела до две, може да очекувате да бидете тестирани за присуство на бактерија стрептокока од групата Б. Примерокот се зема од вагиналната и ректалната област. Присуството на овие бактерии е сосема нормално, но може да биде штетно за бебето. Сепак, нема причина за грижа. Доколку сте позитивни, ќе ви дадат антибиотици за време на породувањето, кои ќе го заштитат бебето. 

Колку е големо бебето во 35. Недела од бременоста? 

Бебето сега е големо како една кеса со кромидчиња. Неговата тежина секојдневно се зголемува, а сега е околу 2,4 килограми. Во однос на должината, бебето е долго околу 46 см. Уште само неколку... грами, сантиметри и денови... и бебето ќе пристигне. 

Кој е тоа месец од бременоста и кое тримесечие? 

Ако сте бремени 35 недели, тоа значи дека сте бремена осми месец. За само две недели, ќе влезете во деветтиот месец. Тоа ќе биде последниот месец од третиот триместар. 

Како напредува бебето? 

Слухот на бебето сега е целосно развиен.Веројатно забележувате како понекогаш се вознемирува од многу силен звук или мирно се смирува со „прислушување“ на вашиот разговор со некого. Ако носите машко бебе во овој период, неговите тестиси веќе се спуштиле на своето место. Се обложуваме дека ова не ви падна на ум. 

Симптоми во 35. Недела од бременоста 

Како што напредува претпоследниот месец од бременоста, најверојатно ќе ги почувствувате следниве симптоми: 

  • Често мокрење - Иако мочниот меур може да собере до литар течност, обично нè предупредува да одиме во тоалет штом ќе собере 400 ml. Сега, во бременоста, таа пресметка не е толку едноставна. Големината и тежината на бебето вршат притисок врз мочниот меур, па сигналот за одење во тоалет се јавува многу почесто. Сепак, тоа не е причина да не се консумира препорачаната дневна доза на вода. Не заборавајте, дехидрацијата придонесува за ризик од предвремено породување. 
  • Запек – Веќе неколку пати претходно пишувавме, но повторуваме: Јадете храна богата со растителни влакна, пијте вода, шетајте. Ако вашите тегоби поврзани со овој симптом се многу тешки, консултирајте се со вашиот гинеколог. 
  • Болка во колковите и карлицата - додека се справувате со оваа непријатност, погледнете на поволната страна. Вашето тело се подготвува да го донесе бебето на свет. Вашите лигаменти се опуштаат, за бебето да може што полесно да излезе надвор. 
  • Брекстон Хикс контракции - Во 35-та недела од бременоста, овој симптом може дополнително да се засили. Просто е неверојатно колку стомакот станува тежок во овие моменти. Внимавајте на контракции кога ќе се појават. Одморете се и пијте доволно вода. 

Дали е нормално да сте постојано заморни во 35. Недела од бременоста? 

Вие не сте единствената трудница која е постојано уморна во 35-та недела од бременоста. Бидете сигурни во тоа. За ова најмногу придонесуваат сите горенаведени симптоми. Недостатокот на сон и одмор се зголемува и ја влошува состојбата на замор. Обидете се да го искористите секој момент за одмор. Искористете ја секоја прилика да седнете и да ги кренете нозете. Ако имате шанса, дремнете.  

Знаци на породување во 35. Недела од бременоста 

Можеби сега е вистинското време заедно да ги разгледаме знаците на бременост. Околу 11% од трудниците доживуваат предвремено породување во 35-та недела од бременоста. Ако носите близнаци, поблиску сте до времето кое се смета за доспеано. Знаци на предвремено породување се: пукнување на водењакот, болни контракции, појава на контракции во редовни интервали. 

Совети за 35. Недела од бременоста 

Досега веројатно ги знаете речиси сите совети напамет. Сепак, да ги повториме! 

Хранете се здраво - Во текот на целата бременост се трудевте да се храните здраво, со цел на вашето бебе да му обезбедите се што е потребно за здрав раст и развој. Сепак, понекогаш е тешко да се балансира и да се вклучи се што е потребно на трудницата и бебето преку исхраната.  

Препорачуваме:  

Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи внимателно избрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење. 

Pregnatol DHA содржи DHA омега-3 масни киселини, кои се многу важни за здрав развој на бебешкиот мозок и вид. DHA потекнува од природно масло од морски микроалги, кое е со висока чистота и се добива под строго контролирани услови на производство. 

Спакувајте ја вашата породилна торба - Претпоставуваме дека сте го направиле ова одамна. Во случај да не сте, сега е време. 

Јадете повеќе салата - Ова е одличен начин да внесете некои многу потребни дополнителни влакна во вашата исхрана за да помогнете во спречување на запек. Изборот на зеленчук кој може да се јаде сиров е огромен, па затоа изберете по ваш вкус. Се препорачуваат и овошни салати.  

Потсетник за 35. Недела од бременоста 

  • Меморирајте важни телефонски броеви 
  • Исперете ја и организирајте ја гардеробата на бебето 
  • Прашајте го вашиот лекар каде да одите и кај кого да се јавите ако започне породувањето. 

 

https://www.whattoexpect.com/pregnancy/week-by-week/week-35.aspx

https://www.nhs.uk/start4life/pregnancy/week-by-week/3rd-trimester/week-35/#anchor-tabs

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/35-weeks-pregnant

Последно од блогот

Алергијата на полен (алергиски ринитис) е сезонски непријател од кој можете да се заштитите

Алергијата на полен, позната и како сезонски алергиски ринитис или поленско кивање, погодува милиони луѓе ширум светот и значително влијае на квалитетот на секојдневниот живот.

Осип на кожата кај деца: Причини, видови и природни начини за негово ублажување

Осипот на детската кожа е една од најчестите причини за загриженост на родителите, а неговиот изглед може да изгледа страшно, особено кога ќе се појави ненадејно. Сепак, повеќето исипи се безопасни и минливи, иако во одредени случаи тие може да укажуваат на посериозна состојба која бара лекарска помош.   

Чешање на телото - причини и превенција

Чешањето на телото може да биде непријатно и фрустрирачко искуство кое ги погодува луѓето од сите возрасти. Може да биде привременo и благo или хронично и интензивно, а понекогаш укажува на посериозни здравствени проблеми.