Contact US

19. недела од бременост

Бебето станува се поголемо и посилно. Кога би можеле да видите што прави сега, тоа би било: превртување, тркалање нанапред, извртување и истегнување, голтање плодова вода, икање... Признајте, се разнежнивте и се изнасмеавте на самата помисла на таквата изведба! Дознајте како напредува бременоста во текот на 19-тата недела. 

Ако се планира амниоцентеза, може да ви биде закажана за оваа недела (или следната). Се разбира, ако веќе не сте. Периодот на бременост во кој најчесто се прави амниоцентеза е помеѓу 16-та и 20-тата недела. 

Време е да закажете многу возбудлив, т.н. стручен ултразвук, кој вклучува детален преглед на анатомијата на плодот и функцијата на органите. Подгответе се за многу емоции, бидејќи вашето малечко ќе го видите на големиот екран! Доколку не сте направиле пренатален тест, овој преглед е и можност да го дознаете полот на бебето.  

Колку е големо бебето во 19. недела од бременоста?  

Веќе кажавме дека бебето стана посилно, а секој ден е се поголемо. Сега би можеле да го споредиме со големината на плодот на едно егзотично овошје. Тоа овошје е манго. Тежината на бебето во 19-та недела од бременоста е околу 260 грама, а големината е околу 15 см. 

Кој е тоа месец од бременоста?

19. недела од бременоста е четвртиот месец. Но сетете се, лекарите текот на бременоста го следат во однос на недели, а не на месеци. Следната недела ќе бидете точно на половина од бременоста. Радосно, нели?? 

Симптоми во 19. Недела од бременоста 

Вообичаените симптоми на 19-та недела од бременоста не се особено тешки. Тоа не значи дека лесно ќе ги толерирате. Погледнете што можете да очекувате. 

  • Болки во стомакот. Бебето расте, а матката продолжува интензивно да се шири. Ова е и причината зошто ве боли стомакот. Како што се протегаат лигаментите на ѕидовите на матката, чувствувате болка која обично е слична на грчеви. 
  • Вртоглавица и несвестица. Можно е некогаш да сте виделе трудница како „се онесвестува“. Ако и вие сте склони кон ова, не сте сами. Растечкиот фетус притиска на крвните садови, што предизвикува пад на притисокот и појава на вртоглавица и несвестица. Исто така, бебето сега повеќе ги оптоварува вашите бели дробови, што значи помалку кислород за вас. Освен овие причини, вртоглавица и несвестица во 19-та недела од бременоста може да се појават и поради дехидрација или глад. Затоа внимавајте на себе, пијте доволно вода и јадете редовно. 
  • Грчеви во нозете. Лесен начин да си помогнете е - истегнување. Истегнете ја ногата со петицата напред, притоа истегнувајќи ги прстите кон коленото. Јогата за трудници исто така може да биде корисна. 
  • Болка во колковите. Ако ги чувствувате овие болки во текот на ноќта, обидете се да спиете на страна, со перница меѓу колената.  

Како напредува бебето? 

И додека се справувате со вртоглавица и грчеви во нозете, растот и развојот на бебето напредува. Во текот на 19-тата недела од бременоста, сетилата на бебето брзо се развиваат. Токму така, во мозокот на бебето се развиваат нервните клетки за вкус, слух, вид и мирис. Сето ова се случува додека таа енергично се движи во утробата. 

На кожата на бебето почнува да се формира заштитен слој наречен верникс казеоза, кој го заштитува за време на престојот во водната средина. Создава бариера помеѓу кожата на бебето и плодовата вода. 

Совети за мајки 

Уште малку, и вие сте на половина пат. Погледнете што е актуелно во овој возбудлив период од бременоста. 

Следете го зголемувањето на телесната тежина - Во 19-та недела од бременоста, зголемувањето на телесната тежина може да почне да ве загрижува. Досега веројатно веќе сте се здебелиле од 3,5 до 6,5 килограми. Ако е така и сте ја започнале бременоста со просечна тежина, нема причина да се грижите. Во вториот триместар, нормално е да се добиваат од 400 до 900 g неделно. 

Забавете - Скоро сте на половина пат од бременоста. Поради ова, можеби ќе сакате да направите многу пред да се роди бебето. Но, да се биде зафатен може да доведе до вртоглавица и несвестица. Затоа, движете се полека, а доколку се чувствувате уморни или слаби, задолжително седнете и одморете се. 

Јадете супер хранлива храна - Здравата исхрана за време на бременоста е од клучно значење, како за здравиот раст и развој на бебето, така и за здравје на мајката. Не заборавајте на високо хранливата храна - јајца, лосос, зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, јогурт и овесна каша! Тие се подеднакво хранливи и вкусни! 

Погрижете се да ги надополните потребните хранливи материи преку одбрани, квалитетни суплементи. Препорачуваме: 

Pregnatol Multi + Active Folate 

Внимателно избрани и прилагодени на зголемените потреби за време на бременост и доење, 20 хранливи материи во една дневна доза. 

Pregnatol Active Folate + Vit B12 

Наменет е за жени кои се подготвуваат и сакаат да останат бремени, како и бремени жени. Се препорачува примена најмалку 4 недели пред планираната бременост и во првите три месеци од бременоста. Pregnatol Active Folate + Vit B12 содржи фолат и витамин Б12 во активна форма.  

Pregnatol DHA 

Се користи за дополнување на DHA омега-3 масните киселини, важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докосахексаеноична омега-3 масна киселина).  

Потсетник за 19. Недела од бременоста 

  • Изберете породилиште (ако има повеќе во вашиот град); 
  • Запишете се во училиште за родители (ако ова ви е прва бременост); 
  • Одморете се и опуштете се. 

 

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/18-weeks-pregnant

https://www.nhs.uk/start4life/pregnancy/week-by-week/2nd-trimester/week-19/

https://www.pregnancybirthbaby.org.au/pregnancy-at-week-19

Последно од блогот

Календар за алергии - кога и кои алергии најчесто предизвикуваат проблеми кај децата

TL;DR – Брз одговор  Календарот за алергии покажува во кои периоди од годината алергиските реакции се јавуваат најчесто кај децата, во зависност од видот на алергенот. Алергиите се најизразени во пролет и лето поради поленот, во есен поради амброзијата, додека во зима доминираат домашните алергени и иритациите предизвикани од студен и сув воздух. Следењето на сезонската природа на алергиите им овозможува на родителите порано да ги препознаваат симптомите и подобро да ги управуваат алергиските и атопични состојби.  

Алергија на студ кај деца - симптоми, причини и како да се помогне на кожата и имунитетот

TL;DR – Брз одговор Таканаречената „алергија на студ“, медицински позната како ладна уртикарија, е кожна реакција што се јавува по изложување на ладен воздух, вода или ненадејни промени на температурата. Кај децата, најчесто се манифестира со црвенило, чешање, оток и влошување на атопичен дерматитис. Поддршката на бариерата на кожата, соодветната нега и суплементацијата со омега масни киселини можат да помогнат во ублажување на симптомите.