Contact US

Втора недела бременост

Дали сте веќе бремени? Или не сте? Сепак не сте. Втората недела од бременоста е втората недела од циклусот. Бидејќи бременоста се смета од првиот ден на менструалниот циклус, тоа значи дека тек ќе бидете бремени, а вашето тело токму за тоа се подготвува.

Знаеме дека е малку чудно, но гинеколозите и акушерите го применуваат токму овој начин на сметање на неделите од бременост. Во случај да забремените, првите две недели од циклусот се сметаат за првите две недели од бременоста. Потоа се случуваат промени во телото на жената во врска со подготовките за самата бременост.

Затоа, ако мислите дека зачнувањето се случило пред околу две недели, според вообичаената акушерска пресметка, најверојатно веќе сте во четвртата недела од бременоста.

Ако навистина ве интересира втората недела, додека се обидувате да забремените, еве еден текст за тоа.

Втора недела бременост – што се случува

До сега би требало да е прекинато менструалното крварење. Сега, односно во неколку следни денови започнува овулацијата, односно плодниот период. Иако сеуште не сте бремени, во наредните денови би можело да дојде до зачнување.

Доколку се подготвувате за бременост и се обидувате да забремените, следните неколку дена посветете внимание на знаците кои ви ги испраќа телото и не заборавајте на сексуалниот однос!

Втора недела бременост – симптоми

Во овој период од циклусот, кој во случај на забременување се води како втора недела бременост, симптомите кои ги чувствувате и воочувате се симптоми на овулација.

Знаците дека заполнала овулацијата се следни:

  • Прободувачка болка во стомакот – кога јајникот ослободува јајце клетка може да почувствувате блага, но прободувачка болка во долниот предел на стомакот.
  • Цервикален секрет кој наликува на белка од јајце – иако звучи малку ужасно, оваа текстура на секретот им помага на сперматозоидите полесно да патуваат до јајце клетката.
  • Подобрено сетило за мирис – Подобрувањето на сетилото за мирис се должи на хормоните што се лачат, а се смета дека тоа е природен начин што и овозможува на жената полесно да ги мириса машките феромони.
  • Промена на текстурата и позицијата на грлото на матката – повеќето жени не ја проверуваат позицијата на грлото на матката, но доколку го правите тоа, ќе воочите дека во овој период е поголем, по мек и по отворен.
  • Наплив на добро расположение и енергија.
  • Пораст на базалната телесна температура (БТТ) – ако го следите БТТ и мерите секое утро, ќе го измерите зголемувањето на плодниот период.
  • Зголемено либидо – желбата за сексуален однос природно се зголемува во периодот на овулација.
    Многу жени кои се обидуваат да забременат, исто така, користат тестови за овулација, кои може да се купат во аптека.

Втора недела бременост – како се чувствувате?

Ако зачнувањето веќе се случило во текот на втората недела, симптомите се уште нема да се појават. Всушност, нема да можете да одредите дали сте бремени додека нивото на хормоните не се зголеми доволно за да го направите домашниот тест за утврдување на бременост.

Најверојатно, ќе можете да го направите тоа во четвртата недела, што е исто така време кога ќе го пропуштите месечниот циклус. Околу ова време, т.н хормон за бременост Beta HCG достигнува ниво врз основа на тоа кога може да се утврди дали сте бремени.

И додека симптомите на бременост обично се појавуваат околу третата или четвртата недела, приближно истовремено со отсуството на менструација, некои жени тврдат дека се појавуваат веднаш по зачнувањето. Тие најчесто наведуваат „различно чувство“ во нивното тело како симптом.

Гадење и замор се најпознатите симптоми на бременост, но веројатно нема да очекувате да почувствувате чуден вкус во устата. Крварење од носот, вртоглавица, акни или необичен метален вкус во устата? Сите овие се многу рани, но и екстремно чудни симптоми кои може да се појават, а и да не се појават. Причината за нивната појава се бурните промени во нивото на хормоните, што доведува до разни бизарни манифестации и чувства. Иако ова не треба да ве оптеретува или загрижува, запишете се што ви изгледа важно, и кога одите на преглед, кажете му на вашиот лекар.

Втора недела бременост – ултразвук

Малку е веројатно дека ќе направите ултразвучен преглед во втората недела од бременоста. Ако го направите тоа, ќе изгледа вака: јајниците ослободуваат јајце клетка што треба да се оплоди во период од 12 до 24 часа. Ако сте имале сексуален однос без контрацепција во периодот што ги покрива претходните шест дена, може да се случи во вас да има сеуште живи сперматозоиди. Еден од нив може да оплоди јајце клетка.

Совети за втора недела бременост

Практикувајте што повеќе сексуален однос. Втората недела од бременоста е време за сексуален однос што може да резултира со зачнување. Бидејќи ова е најплодниот период од циклусот, зачнувањето се случува за време на него. Ако сакате да забремените, сега е време да имате што повеќе сексуален однос, со цел да ја зголемите оваа шанса.

Опуштете се и грижете се за себе. Кога сте опуштени и релаксирани, може да ја зголемите шансата да забремените, исто како што стресот ја намалува шансата. Обидете се да примените еден од методите за релаксација во вашата дневна рутина: јога, медитација, пешачење, пливање или некоја друга физичка активност.

Грижете се за вашето тело. Вашето тело наскоро ќе има голема и важна работа, затоа грижете се за тоа. Пијте многу вода и јадете здраво. Престанете со лошите навики, како што се пушење и пиење алкохол. Намалете го внесот на кафе.

Потсетник за втората недела од бременоста

  • Размислете за примена на тест за утврдување овулација
  • Пробајте да ги воочите симптомите на овулација
  • Со приближувањето на плодниот период, практикувајте сексуални односи секој втор ден
  • Продолжете со примена на суплементи кој содржат активен фолат. Препорачуваме: Pregnatol Active Folate + Vit B12

Употребата на фолати (фолна киселина, витамин Б9) е многу важна во периодот на подготовка за зачнување, како и во текот на целата бременост. Ниското ниво на фолати кај мајката е фактор на ризик за компликации во бременоста и развој на дефекти кај фетусот што можат да се појават на самиот почеток на бременоста, во период кога повеќето бремени жени се уште не знаат дека се бремени. Затоа, многу е важно нивото на фолна киселина да биде оптимално при влегување во бременост, веќе во периодот на подготовка за бременост. Затоа, се препорачува дополнување 12 недели пред зачнувањето, како и во текот на целата бременост.

Последно од блогот

Календар за алергии - кога и кои алергии најчесто предизвикуваат проблеми кај децата

TL;DR – Брз одговор  Календарот за алергии покажува во кои периоди од годината алергиските реакции се јавуваат најчесто кај децата, во зависност од видот на алергенот. Алергиите се најизразени во пролет и лето поради поленот, во есен поради амброзијата, додека во зима доминираат домашните алергени и иритациите предизвикани од студен и сув воздух. Следењето на сезонската природа на алергиите им овозможува на родителите порано да ги препознаваат симптомите и подобро да ги управуваат алергиските и атопични состојби.  

Алергија на студ кај деца - симптоми, причини и како да се помогне на кожата и имунитетот

TL;DR – Брз одговор Таканаречената „алергија на студ“, медицински позната како ладна уртикарија, е кожна реакција што се јавува по изложување на ладен воздух, вода или ненадејни промени на температурата. Кај децата, најчесто се манифестира со црвенило, чешање, оток и влошување на атопичен дерматитис. Поддршката на бариерата на кожата, соодветната нега и суплементацијата со омега масни киселини можат да помогнат во ублажување на симптомите.