Contact US

Настинки кај децата

Прилично е вообичаено малите деца да настинуваат пет до шест пати годишно. Тоа најчесто се случува во постудениот дел од годината, односно во есенските и зимските месеци. Поради ова, на родителите често им се чини дека нивното дете е постојано болно, бидејќи понекогаш повторно се разболува, веднаш откако ќе оздрави. Зошто е тоа така?

Настинката е вирусна болест и постојат стотици вируси кои ја предизвикуваат. Болеста обично трае 5 до 7 дена, но кај малите деца симптомите може да бидат присутни две недели. 

Облечи чорапи, ќе настинеш - настинка кај малите деца 

И покрај широко распространето верување дека настинките се предизвикани од носење малку облека, излегувањето од дома без јакна или спиење покрај отворен прозорец, тоа не е точно. Настинките се предизвикани од различни вируси, а они се најактивни во тек на ладниот дел од годината,па оттаму потекнува и заблудата. 

Покрај тоа, настинките најчесто се предизвикани од риновируси, кое делување е погодно при сувиот и ладен воздух, што е вообичаено во есенските и зимските денови. 

Екстремниот студ води до стеснување на крвните садови во носот, па така вирусот најчесто навлегува во организмот преку тој пат,кој е погоден за  неговото задржување и опстанок. Кога деновите се ладни, децата поминуваат повеќе време во затворени простории, каде што вирусите се шират полесно и побрзо. Затоа  колективите, како што се градинките и училиштата, се особено ризични. 

Како да се спречи настинка кај децата?

Кога детето ќе дојде во контакт со вирусот, тоа се разболува. Но, ако детето веќе има развиен и силен имунитет, тоа може да го спречи развојот на болеста, дури и кога детето било во контакт со некој што е заразен. 

Добриот имунитет може да го заштити детето од настинки.Темелите на кои се основа имунитетот на детето се поставуваат со примена здрави животни стилови кои подразбираат: добар квалитет на сон, здрава исхрана и физичка активност. 

Имунитетот може дополнително да се зајакне со употреба на хранливи материи кои се важни за имунолошкиот систем. Bimunal Imuno содржи екстракт на плод од црн бозел,витамини Ц и Д, бакар и цинк. Bimunal Imuno содржи и пулпа од плодот баобаб, плод од ацерола и мед. Плодот  баобаб е храна богата со природни витамини, минерали и влакна во висока концентрација, а поради уникатниот нутритивен состав често се нарекува и „супер плод“. 

Се препорачува примена во следниве случаи: 

  • За време на сезоната на вируси, 
  • По употреба на антибиотици, 
  • Пред заминување во колективот (училиште, градинка). 

За настинки кај децата 

Настинката е вирусна болест, па затоа помагаат препаратите и витамините наменети за зајакнување на имунитетот. 

VIRANTO FORTE for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот кај децата, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето. VIRANTO FORTE for you! е граничен производ кој содржи и цинк, Витамин Д, бакар, Витамин Ц од плод на ацерола и од плод на шипка, кој дополнително влијаат на зајакнување на имунитетот и зголемување на одбрамбените способности на организмот. 

Настинка кај деца - симптоми 

Првите симптоми на настинка обично се појавуваат 1 до 3 дена откако детето е заразено. Симптомите на настинка се слични на оние на другите вирусни респираторни инфекции: 

  • Течење на носот 
  • Затнат нос 
  • Воспалено,болно грлото 
  • кашлање 
  • Запушеност 
  • Блага болка во мускули 
  • Кивање 
  • Зголемена температура 
  • Омалаксаност 

 

https://www.stanfordchildrens.org/en/topic/default?id=upper-respiratory-infection-uri-or-common-cold-90-P02966

https://kidshealth.org/en/parents/cold.html

https://www.nationalgeographic.rs/vesti/14509-zasto-se-cesce-prehladjujemo-tokom-hladnih-dana.html

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.