Contact US

Губење на сетилото за мирис - честа појава кај вирусни инфекции

Губењето на сетилото за мирис најчесто се јавува како минливо нарушување поради некоја вирусна респираторна инфекција или алергија. Дознајте кои други причини можат да бидат и како да ја намалите можноста за нејзино појавување. 

Делумно или целосно губење на сетилото за мирис се нарекува аносмија. Тоа може да биде привремено или трајно. Се јавува како последица на болест, повреда или генетска состојба. 

Здравствените состојби и болестите кои предизвикуваат иритација на носната слузница се најчестите причини за губење на сетилото за мирис. Тоа се најчесто настинки, грип, како и сите други вирусни респираторни инфекции,но и алергии, односно алергиски ринитис. 

Посериозните медицински состојби кои влијаат на нервите или мозокот, како што се тумори или повреди на главата, може да предизвикаат трајно губење на сетилото за мирис. Понекогаш тоа е самата старост што предизвикува аносмија. 

Губењето на сетилото за мирис не е опасно 

Самата по себе, аносмијата не е опасна, но може да има огромно влијание врз квалитетот на животот на поединецот. Губењето на сетилото за мирис делумно влијае и на сетилото за вкус, што може да доведе до незаинтересираност за храна и губење на телесната тежина. Исто така, неможноста да уживате во храната може да предизвика депресија кај некои луѓе. 

Што предизвикува губење на сетилото за мирис?

Губењето на сетилото за мирис најчесто се јавува поради иритација на носната слузница. Иритацијата се јавува поради: 

  • синусни инфекции, 
  • настинки, 
  • пушење, 
  • грип, 
  • алергија (алергиски ринитис), 
  • хронично затнат нос. 

Настинка или друга вирусна респираторна инфекција е најчеста причина за губење мирис. Во овие случаи, аносмијата е минлива. 

Дали губењето на сетилото за мирис е ран симптом на COVID-19 

Како што веќе наведовме, многу често се случува респираторните инфекции на горниот респираторен тракт да предизвикаат губење на сетилото за мирис, но и на вкусот. Се проценува дека привремено губење на сетилото за мирис се јавува кај дури 60% од случаите на настинки и инфекции на синусите. 

Сетилото за мирис и сетилото за вкус се тесно поврзани. Губењето на сетилото за мирис може да има големо влијание врз губењето на сетилото за вкус и тоа се случува во околу 95% од случаите. 

Губење на сетилото за мирис се јавува ненадејно кај луѓето кои страдаат од КОВИД-19. Исто така, во овој случај, симптомот се јавува иако немало затнат нос или течење на носот. Според најновите извештаи, губењето на сетилото за мирис се јавува многу често пред какви било други симптоми и затоа се смета за ран симптом на COVID -19. 

Поточно, губењето на сетилото за мирис може да биде и показател за поблаг случај на COVID -19. 

Колку долго трае губењето на сетилото за мирис кај вирусни инфекции? 

Губењето на сетилото за мирис поради настинка обично трае од 3 до 7 дена. Во споредба со другите вирусни инфекции на горниот респираторен тракт,кај COVID-19  овој симптом трае малку подолго, во просек од 8 до 9 дена. 

 

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7397453/

https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/32762282/

https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/32329222/

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7397453/

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.