Contact US

Гребење во грлото

Гребењето во  грло што нема да престане може да биде многу непријатно. Ситуацијата дополнително се влошува кога јадете или пиете, а понекогаш и кога зборувате. Зошто се појавува гребење во грлото и што да правам? 

Понекогаш гребењето во грлото се јавува ненадејно и интензивно, а понекогаш постепено станува посилно. Понекогаш гребењето во грлото е единствената непријатност што ја чувствувате, а понекогаш и други симптоми се појавуваат во исто време, како што се кивање, кашлање или зголемена температура. 

Зошто се појавува гребење во грло? 

Гребењето во грлото најчесто се јавува како симптом на вирусна респираторна инфекција, најчесто настинка или грип, потоа како последица на бактериска инфекција, како алергиска реакција, поради некаква повреда... 

Важно е да се знае која е причината за гребење во грлото и доколку е потребно веднаш да се започне со адекватна терапија. 

Гребење во грлото по будењето 

Грлото ве боли, или ве гребе, само наутро по будењето, и така секој ден. Во текот на зимските месеци за време на грејната сезона, воздухот станува особено сув. Дишењето таков воздух во текот на ноќта може да предизвика иритација која ќе се манифестира како гребење во грлото. 

За да ја спречите оваа непријатна појава, навлажнете го воздухот во просторијата каде што спиете со посебен уред или едноставно со влажна крпа на радијаторот. 

Гребење во грлото по будењето може да се појави поради сув воздух и поради дишењето во устата за време на спиењето. 

Алергии и гребење во грлото 

Кога имате алергиска реакција, вашиот имунолошки систем бурно реагира на разни супстанции, кои инаку не се штетни за телото. Таквите супстанции се нарекуваат алергени. 

Вообичаени алергени се разни прехранбени производи, полен на некои растенија, животински влакна... 

Постојаното гребење во грлото се јавува од алергени кои влегуваат во телото со  дишење, а тоа може да биде полен, прашина, мувла... 

Други симптоми кои го придружуваат гребењето во грлото во случај на алергија се: течење на носот, кашлање, кивање, чешање на очите, солзи... 

Загадувањето на воздухот предизвикува чешање во грлото 

Вдишувањето на загаден воздух, т.е. смог, хемиски испарувања, чад од цигари, исто така може да предизвика болка и гребење во грлото. Особено загрозени се жителите на големите градови, како и оние кои живеат во близина на големи фабрики. 

Исто така вдишувањето на смог може да допринесе за: 

  • влошување на симптомите на астма, 
  • предизвикува кашлица, 
  • оштетување на белите дробови, 
  • го отежнува дишењето. 

Вирусни респираторни инфекции 

Како што кажавме на почетокот, вирусите најчесто доведуваат до непријатно гребење во грлото. 

Други симптомикои се вообичаени за вирусни респираторни инфекции се: 

  • болка во грло,  
  • црвено и воспалено грло,  
  • губење на апетит,замор 
  • пецкање во носот,  
  • затнат нос,  
  • кивање,  
  • главоболка, 
  • зголемена температура. 

Има многу голем број на вируси кои ги напаѓаат респираторните органи и предизвикуваат проблеми како што е гребење во грлото. Според некои проценки, ги има над 200. 

Кога би требало да посетите лекар? 

Основна препорака, кога станува збор за лекување на вирусни инфекции, е одмор и зголемен внес на течности. Вирусните инфекции не се лечат со антибиотици, бидејќи немаат никакво влијание врз нив. 

Ако болката и гребењето во грлото постојано се зголемуваат дури и по три дена, посетете го вашиот лекар. 

Исто така, доколку почувствувате некој од следниве симптоми, веднаш побарајте лекарска помош: 

  • екстремна болка која ве спречува да јадете, зборувате или спиете; 
  • висока температура; 
  • интензивна болка само на едната страна од грлото; 
  • отечени лимфни жлезди; 
  • тешкотии при вртење на главата лево и десно. 

Последно од блогот

Вирус и трпение. Времето работи за нас. Како ги лекуваме и каде грешиме?

Што да правиме кога ќе се појави вирусна инфекција, а што да избегнуваме? На прес-конференцијата на фармацевтската компанија 4U pharma, одржана во хотелот Кристал, одговори и важни насоки дадоа еминентни експерти. Дознајте во текстот.