Contact US

Бременост по 40 година

Бременоста по 40-та година стана растечки тренд. И додека на жените сè уште најчесто им се советува да раѓаат до 35-годишна возраст, статистичките податоци се повеќе го потврдуваат спротивното. 

Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (Center for Disease Control and Prevention, CDC), бројот на мајки кои за првпат забремениле на возраст од 40 до 44 години се удвоил помеѓу 1990 и 2012 година, во споредба со седумдесеттите години од минатиот век . 

Постојат многу причини зошто жените денес често раѓаат подоцна. Некои од нив се: третмани за неплодност, ран развој на кариерата, финансиски проблеми... 

Кои се предностите на бременоста по четириесетата година?

Понекогаш придобивките од родителството по четириесет се многу поголеми од оние во дваесеттите и триесеттите. Некои од нив се: 

  • Веројатно веќе имате изградена кариера 
  • Финансиската состојба ви е подобра во споредба со претходниот период 
  • детето има повеќе шанси за поповолен когнитивен статус* 
  • можност за подолг животен век** 
  • подобри резултати што децата ги постигнуваат преку образование*** 

Дали бременоста во четириесетите е ризична? 

Благодарение на напредокот на медицината, технологијата и научните достигнувања, денес е можно да се роди сосема здраво дете по четириесеттата година од животот. Сепак, секоја бременост по четириесет години се смета за ризична. Затоа, ваквите бремености се следат со поголема претпазливост и се презема исклучително внимание за да се избегнат следните компликации: 

  • висок крвен притисок кај бремена жена - може да го зголеми ризикот од развој на компликации на бременоста наречена прееклампсија; 
  • гестациски дијабетес; 
  • развој на дефекти (на пр. Даунов синдром); 
  • абортус; 
  • раѓање на бебе со мала телесна тежина; 
  • ектопична (бременост вон матката) - компликација која понекогаш се јавува по ин витро оплодување. 

Како годините влијаат на плодноста? 

По 35-тата година, бројот на јајце клетки значително се намалува, а поради тоа се намалува и можноста за бременост. Исто така, постои поголем ризик од спонтан абортус и вродени дефекти. 

Ризиците кои се зголемуваат со возраста се: 

  • намалување на бројот на јајце клетки; 
  • нездрави јајце клетки; 
  • јајниците не ги ослободуваат јајце клетките соодветно; 
  • абортус; 
  • поголеми шанси за развој на здравствени компликации. 

Благодарение на развојот на технологии кои надминуваат многу проблеми предизвикани од неплодност, жените денес имаат многу поголеми шанси да забременат по четириесет. Некои од опциите кои се сè подостапни се: 

  • методи на ин витро оплодување (на пр. ИВФ); 
  • замрзнување на јајце клетки во млада возраст; 
  • банки за сперма; 
  • сурогат мајчинство. 

Бројот на јајце клетки нагло опаѓа како што одминуваат годините. Од 25.000 колку што има просечна жена на возраст од околу 37 години, тој број се намалува на само 1.000 јајце клетки на возраст од 51 година. За време на пубертетот, бројот на јајца се движи од 300.000 до 500.000. 

Како до бременост по 40. година? 

По четириесеттата година, веројатно ќе ви треба малку повеќе време за да забремените. Меѓутоа, ако обидите траат подолго од шест месеци, можеби е подобро да се консултирате со специјалист за плодност. 

Важни хранливи материи 

Додека се обидувате да забремените, задолжително следете здрав начин на живот. Исхраната е многу важна, бидејќи снабдувањето со хранливи материи во организмот на трудницата влијае на идниот здрав раст и развој на бебето.  

Примената на фолати (фолна киселина, витамин Б9) е многу важно во периодот на подготовка за зачнување. Ниското ниво на фолати кај мајката е фактор на ризик за компликации во бременоста и развој на дефекти на невралната туба кај фетусот, кои можат да се појават на самиот почеток на бременоста, во период кога повеќето трудници сè уште не знаат дека се бремени. Затоа, многу е важно нивото на фолна киселина да биде оптимално при влегување во бременост, но во периодот на подготовка за бременост. Зголемен внес се препорачува најмалку еден месец пред и во текот на три месеци по зачнувањето. 

Жените кои се обидуваат да забременат или се бремени се советуваат да земаат фолати, активната форма на фолна киселина. Иако тие се исти активни супстанции, фолната киселина и фолатите се разликуваат по тоа што фолната киселина се синтетизира хемиски. Фолатите се соли на фолна киселина и се наоѓаат во форма во која природно се наоѓаат во намирниците

За да може фолната киселина да се користи во организмот, потребно е да има одредени ензими, кои голем процент од жените ги немаат. Затоа останува неискористена. Природниот, активен фолат е целосно искористен во телото. Веќе е активен, не му треба ензим. 

Pregnatol Active Folate + Vit B12 содржи фолна киселина во природна, активна форма заедно со активната форма на витамин Б12. 

Дознајте повеќе: Pregnatol Active Folate + Vit B12 За успешна подготовка и здрава бременост 

Дознајте повеќе: Pregnatol DHA За здрав развој на видот  

Дознајте повеќе: Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи внимателно избрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење. 

 

*https://agsjournals.onlinelibrary.wiley.com/doi/abs/10.1111/jgs.14658

**https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4270889/

***https://onlinelibrary.wiley.com/doi/full/10.1111/j.1728-4457.2016.00105.x

****https://www.nature.com/articles/ejcn201594

Последно од блогот

Алергијата на полен (алергиски ринитис) е сезонски непријател од кој можете да се заштитите

Алергијата на полен, позната и како сезонски алергиски ринитис или поленско кивање, погодува милиони луѓе ширум светот и значително влијае на квалитетот на секојдневниот живот.

Осип на кожата кај деца: Причини, видови и природни начини за негово ублажување

Осипот на детската кожа е една од најчестите причини за загриженост на родителите, а неговиот изглед може да изгледа страшно, особено кога ќе се појави ненадејно. Сепак, повеќето исипи се безопасни и минливи, иако во одредени случаи тие може да укажуваат на посериозна состојба која бара лекарска помош.   

Чешање на телото - причини и превенција

Чешањето на телото може да биде непријатно и фрустрирачко искуство кое ги погодува луѓето од сите возрасти. Може да биде привременo и благo или хронично и интензивно, а понекогаш укажува на посериозни здравствени проблеми.