Contact US

32. недела бременост

Конечно, периодот кога бебето ќе почне да се спушта. Од пределот меѓу ребрата ќе се „насочи“ кон вашата карлица. Сето тоа во пресрет на породувањето. Но, има уште многу време до раѓањето. Дури сега влегувате во осмиот месец од бременоста. Дознајте што ново ве очекува оваа недела. 

Во 32-та недела од бременоста, бебето најверојатно е во положба со главата надолу. Не паничете ако за време на прегледот откриете дека вашето бебе сè уште не ја зазело оваа позиција. Сè уште има време да се сврти и да се подготви за раѓање. 

Ако носите близнаци или имате бременост со висок ризик, вашиот лекар може да побара 3D/4D ултразвук. Ќе имате можност да ги видите најмилите и најслатките лица. 

Во 32-та недела од бременоста, породувањето може да изгледа многу далеку. Но, бебето веќе се подготвува за него, на многу начини. Исто како и вашето тело. Затоа е многу важно да продолжите да се грижите за себе и да ги задоволувате вашите потреби. Престој на свеж воздух, физичка активност и здрава исхрана. Препорачуваме да ги надополните хранливите материи кои не успевате да ги внесете преку дневните оброци со помош на додатоци во исхраната, кои се наменети за трудници. Сигурни сме дека тоа е и препорака на вашиот гинеколог. 

Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи во една дневна доза.Витамините и минералите се внимателно одбрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење. 

DHA омега-3 масните киселини се многу важни за здрав развој на бебешкиот мозок и вид. Pregnatol DHA содржи DHA добиен од природно масло од морски микроалги. Тој е со висока чистота и се добива под строго контролирани услови на производство. 

Колку е големо бебето во 32. Недела од бременоста?

Во 32-та недела од бременоста, бебето продолжува да расте и да добива на тежина. Тоа сега е долго околу 42 сантиметри и тежи околу 1,7 килограми. Можеме да кажеме дека неговата големина е блиску до големината на голема краставица за салата. 

Кој е тоа месец од бременоста и кое тримесечие? 

Секоја чест. Со влегувањето во 32-та недела од бременоста, влеговте во осмиот месец. Сега сте во втората третина од третиот триместар. 

Како напредува бебето?

Подготвувајќи се полека за големиот ден, бебето сега веројатно веќе зазело адекватна положба и е свртено со главата надолу. 

Дали се прашувате дали вашето бебе е целосно развиено во 32-та недела од бременоста? Поголемиот дел од развојот е завршен до ова време. Сите витални органи се целосно развиени, освен белите дробови. Но, и покрај тоа, бебето вежба да дише. Дури и да се роди во овој период, се би било добро со време. Кога зборуваме за претстојните недели , најголем напредок бебето ќе оствари во добивањето на тежина.  

Симптоми во 32. Недела од бременоста 

Некои од симптомите со кои веќе сте запознаени полека почнуваат да светат силно. Нема да ви се допадне - киселини и контракции Брекстон Хикс. Сепак, се чини дека ништо не ви е тешко, бидејќи сте се поблиску до целта и големата награда што ве очекува таму. 

  • Брекстон Хикс контракции - Овие „лажни“, „вежбани“ контракции стануваат почести и посилни. Како да ги разликувате од вистинските контракции? Контракциите на Брекстон Хикс се безболни. Тие само ја затегнуваат и опуштаат матката, без болка, што не е случај со вистинските контракции. Бремените жени кои носат близнаци се изложени на поголем ризик од предвремено породување. Ако сте една од нив, обрнете големо внимание. 
  • Затемнети брадавици - Благодарение на хормоналните промени, веројатно забележувате дека ареолите ви се потемни отколку што сте навикнати. Никој не знае зошто е тоа така, но една теорија вели дека овој феномен е еволутивен и се случува за да може бебето полесно да го види изворот на храна кога ќе почнете да доите. Вашето тело е фантастично, нели? 
  • Губење на здивот - Бебето добива доволно кислород, не грижете се. Но, може да имате потешкотии кога сте ангажирани во некоја активност со поголема физички напор. 
  • Киселини – Овој симптом не е нов. Проверете кај вашиот лекар што тој може да препорача за да ја ублажи вашата непријатност. 
  • Исцедок од градите - Вашето тело продолжува да се подготвува за доење. Доколку забележите дека „почетокот“ од млекото малку ви тече од брадавиците, знајте дека тоа е сосема нормално во овој период од бременоста. 
  • Вагинален секрет – Вагиналниот секрет станува пообилен бидејќи телото се подготвува за чинот на породување. На овој начин се штити и од инфекции. 
  • Дали е бебето спемно за раѓање во 32. Недела од бременоста? 
  • Уште е многу рано. Иако речиси сите витални органи се целосно формирани, бебето не е подготвено за раѓање. Сите бебиња родени пред 37-та недела од бременоста се сметаат за предвремено родени. Денес, многу медицински третмани се достапни во породилиштата и неонатолошките установи за предвремено родени бебиња, кои вклучуваат нивен престој на интензивна нега додека не бидат целосно подготвени да си одат дома. 

Совети за 32. Недела од бременоста 

Помалку е подобро кога станува збор за оброците - овој совет ќе ви биде корисен ако сакате да ја ублажите горушицата. Исто така, избегнувајте лута, топла и многу зачинета храна. 

Практикувајте добро држење на телото - Ако стоите или седите исправено, многу повеќе воздух ќе стигне до вашите бели дробови, што навистина ви е потребно. Исто така, држењето на телото исправено може да помогне при болки во грбот. 

Направете кратка прошетка - контракциите Брекстон Хикс може да бидат доста чести во 32-та недела од бременоста. Ако промената на вашата моментална положба не помага, станете и прошетајте. Ако контракциите не престанат, јавете се кај вашиот лекар. 

Потсетник за 32. Недела од бременоста 

  • Разговарајте за породувањето со вашиот гинеколог 
  • Купете автомобилско седиште 
  • Хранете се здраво. 

 

https://www.whattoexpect.com/pregnancy/week-by-week/week-32.aspx

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/32-weeks-pregnant

https://www.babycenter.com/pregnancy/week-by-week/32-weeks-pregnant

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.