
Формулацијата Mega Kid Allergy & Atopic for You! е наменет за употреба во состојби на алергија и атопичен дерматитис и може да се користи кај доенчиња од 6. месеци по раѓање. Примена се препорачува во состојби на воспаление на кожа, чешање, респираторни алергии и алергија на храна. Содржи рибино масло како извор на EPA и DHA омега-3 масни киселини, масло од семе од црна рибизла како извор на гама-линоленска киселина (GLA) и витамин Д3. 2,5 ml сируп содржи доза од 1 g oмега-3 (EPA + DHA).
Деца до една година применуваат доза од 1,25 ml дневно, а деца од 1 година целосна доза од 2,5 ml на ден. Се препорачува да се користи најмалку 4 месеци, а најдобро е континуирано да се користи 6 месеци.
Маслото од семе од црна рибизла содржи 13-17% омега-6 гама-линоленска киселина (GLA). Ова го прави еден од најбогатите извори на GLA. Неговата голема предност е што, за разлика од некои други извори, може да се користи од раѓање. Се карактеризира со неговото богатство со флавоноиди, антоцијани и аскорбинска киселина, која е антиоксиданс.
Кожата е нашиот најголем орган и како таква има бројни важни функции, како што се одржување на постојан состав на внатрешната средина на телото, учество во размена на гасови, синтеза на фолати и витамин Д, исто така има терморегулаторна, заштитна и психосоцијална улога.
Кожата се состои од неколку слоеви благодарение на кои ја врши улогата на заштитна бариера. Многу е важен липидниот двослој во кожата, со чија помош кожата го контролира губењето на вода и други важни материи и го спречува навлегувањето на патогени. Липидниот двослој се состои од холестерол, керамид и слободни масни киселини. Кога кожната бариера е компромитирана, дефицитот на липидите е поврзан со зголемена загуба на вода, зголемена pH вредност на кожата, пенетрација на патогенот и воспаление.
Исхраната богата со омега-3 масни киселини е многу корисна, покажуваат бројни студии. Недостигот на омега-3 масни киселини се поврзува со појавата, но и со интензитетот на манифестираните симптоми на атопични нарушувања. Омега-3, EPA и DHA се есенцијални масни киселини, што значи дека тие не се синтетизираат самостојно во нашиот организам, туку мора да се внесуваат преку храна или преку додатоци во исхраната.
MegoKid Allergy & Atopic for You! содржи омега-3 масни киселини добиени преку иновативен, патентиран процес на прочистување на рибино масло, користејќи внимателно одбрана дива риба уловена во Јужниот Пацифик. Благодарение на напредните методи на прочистување, ова рибино масло овозможува омега-3 концентрати кои се исклучително чисти и пречистени, обезбедувајќи врвен квалитет, сигурност и ефикасност. Првите резултати од примена на комбинација од омега-3 и омега-6 масни киселини и витамин Д најчесто се видливи по 4 месеци од почетокот на примена.
Маслото од црна рибизла
Маслото од црна рибизла е природен извор на омега-6 масна киселина GLA, безбедно за употреба кај деца од раѓање.
Витаминот Д3
Витаминот Д3 е активна форма на витамин Д, важен за одржување и здрава функција на имунолошкиот систем.
Патентирана формулација
MegoKid Allergy & Atopic претставува патентирана формулација на масло за орална употреба кој содржи висока концентрација на омега-3 масни киселини – дури 1 g омега-3 масни киселини во 2,5 ml масло.
Омега-3 масни киселини
Омега-3 масните киселини (EPA и DHA) се клучни компоненти што помагаат во намалување на воспалението, кое е еден од главните предизвикувачи на алергии и атописки состојби.
Деца на возраст од 6 месеци до 1 година
Еднаш дневно, по можност навечер по вечерата, измерете и дајте му на детето да прими 1,25 мл масло.
Деца на возраст над 1 година
Еднаш дневно, по можност навечер по вечерата, измерете и дајте му на детето да испие 2,5 мл масло.
Возрасни
Испијте 2,5 мл масло еднаш дневно, по можност навечер по вечерата.
1. Niseteo T, Hojsak I, Ožanić Bulić S, Pustišek N. Effect of Omega-3 Polyunsaturated Fatty Acid Supplementation on Clinical Outcome of Atopic Dermatitis in Children. Nutrients. 2024 Aug 24;16(17):2829. doi: 10.3390/nu16172829. PMID: 39275147; PMCID: PMC11397185.