Contact US

Медот: За природно зајакнување на имунитетот

Медот е најважниот пчелен производ, познат во исхраната уште од праисторијата.

Употребата и важноста на медот се опишани и потврдени во списите на древните народи, каде често го нарекуваат „Божји дар“ и „храна на боговите“. Многу мудреци верувале дека медот го храни и зајакнува телото и мозокот, па дури и го продолжува животот. Самиот Хипокрит, таткото на медицината, го посочи медот како особено важна храна.

Медот е богат со јаглехидрати, главно едноставни шеќери, бројни ензими, витамини, минерали, есенцијални масла, есенцијални амино киселини. Содржината на масти и протеини е мала, но овие количини се исто така важни, како и фитонциди кои покажуваат антимикробно дејство. 

Современата официјална медицина ги препознала лековитите својства на медот, со тоа што го вклучил во materia medica - целокупното знаење за одредени супстанции што се користат за фармаколошки цели. 

Медот се препорачува за внесување во исхраната на децата од првата година од животот. 

Треба да се внимава со внесувањето на медот во исхраната на децата чии родители имаат алергиски манифестации. Во тие случаи се препорачува по еден грам мед на килограм телесна тежина, поделен на две до три дози, а потоа детето се следи неколку дена. 

За децата медот претставува „готова“ храна која 100% се користи во организмот. 

За децата кои се хранат со млечни формули, медот се користи како засладувач на млекото. Овој, светски познат „Комбиев метод на регенерација на млеко“, успешно се применува во Швајцарија. 

Д-р Лутингер, познат педијатар од Њујорк, советува употреба на мед кај децата и на природна и на вештачка исхрана, бидејќи го подобрува варењето, ја уништува патогената флора во цревата (ја запира дијареата - проливот), спречува надуеност во цревата и појава на грчеви,го прекинува повраќањето, делува како благ лаксатив (го отстранува запекот). 

Редовното, дневено внесување на мед обезбедува здравје и виталност, подобар развој и напредок, поголема отпорност на  инфекции. 

Медот делува и како пребиотик, стимулирајќи ги бактериите на органите за варење. Познато е дека цревната микрофлора игра важна улога во одржувањето на здравјето - корисната микрофлора ги намалува штетните бактерии во цревата. Медот го зголемува бројот на млечни бактерии (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus planarum, Bifidus), кои растат во цревата на секој човек. Тие произведуваат метаболити кои го инхибираат (нарушуваат) растот на патогени бактерии. Докажано е дека медот е многу важен во лекувањето на детски бактериски пролив. 

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.