Contact US

Витамини за трудници

Кои се витамините за трудниците кои не треба да се заборават за време на бременоста? Дознајте што е неопходно за идна мајка и бебе.

Кога велиме дека трудницата јаде за двајца, не значи дека мора да јаде двојно повеќе. Тоа всушност значи дека покрај нутритивните потреби на своето тело, таа сега мора да се грижи и за бебето. 

Многу жени кои претходно не размислувале премногу за својата исхрана, за време на бременоста ќе почнат да се прашуваат дали внесуваат се што е потребно за здрав раст и развој на бебето. Кои минерали и витамини се најважни за време на бременоста? 

Фолати (Витамин Б9) и витамин Б12 

Доброто снабдување на мајчиниот организам со фолати е многу важно, како во текот на целиот период на бременост, така и во периодот пред бременоста. Зошто? 

Фолната киселина или фолатите играат клучна улога во процесот на формирање и затворање на невралната туба. Ниските нивоа на фолати кај мајката се фактор на ризик за дефекти на невралната туба кај фетусот. Дополнително, придонесува за нормална синтеза на аминокиселини, раст на мајчиното ткиво за време на бременоста и нормално формирање на крв.  

Активниот фолат, заедно со витаминот Б12 придонесува за одржување на нормален метаболизам на хомоцистеин. Коензимот на фолатот во соработка со витаминот Б12 овозможува конверзија на споменатата аминокиселина во метионин. Овие два витамини играат и улога во клеточната делба и придонесуваат за нормална психолошка функција, намалување на заморот и исцрпеноста и нормална функција на имунолошкиот систем. 

Витаминот Б12 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, одржување на нормален енергетски метаболизам и нормално производство на црвени крвни зрнца.  

Дознајте повеќе - Pregnatol Active Folate + Vit B12 

Во што е разликата помеѓу фолатот и фолната киселина? 

Фолатот и фолната киселина се истите активни супстанции. Разликата е во тоа што фолната киселина се синтетизира хемиски. Фолатите се соли на фолна киселина и во таа форма природно се наоѓаат во храната. Како хемиска форма, фолната киселина послабо се апсорбира и се искористува во телото. Уште повеќе, некои жени воопшто не можат да ја користат! Утврдено е дека околу 30-50% од жените ширум светот немаат ензим во нивното тело што го активира искористувањето на фолната киселина. Проголтаната фолна киселина останува неискористена и циркулира слободно во крвта и потенцијално предизвика несакани ефекти и за бебето и за мајката. 

Природниот, активен фолат целосно се искористува во телото. Не му треба ензим бидејќи е веќе активен. Внесот на природната, активна форма на фолати е многу подобар од внесот на хемиски синтетизирана фолна киселина. На овој начин се постигнува сигурна и целосна апсорпција, како и искористување на внесената фолна киселина. 

Дознајте повеќе - Pregnatol Active Folate + Vit B12

Иако некои намирници се богати со фолати, треба да се има предвид дека голема количина се губи при термичка обработка. Поради оваа причина, дополнителен внес се препорачува за сите трудници, најмалку 4 недели пред почетокот на бременоста, како и во текот на првите 3 месеци. 

Железо 

Некои минерали и витамини се особено важни за време на бременоста. Железото е важен минерал, чија потреба се зголемува дури двапати во бременоста. 

Железото учествува во производството на хемоглобин, кој помага во трансферот на кислород до виталните органи, како и до бебето. Како што се зголемува количината на крв кај трудницата за време на бременоста, се зголемува и потребата за железо.  

DHA Омега - 3 масни киселини  

DHA омега-3 масните киселини се многу важни за правилен раст и развој на фетусот. Тие се првенствено важни кога зборуваме за растот и правилниот развој на мозокот и видот на бебето. 

DHA е важна структурна компонента на мозокот, нервните клетки и мрежницата на окото. Сочинува околу 97% од сите омега-3 масни киселини во мозокот, додека во мрежницата на окото неговиот удел е 93%. 

Дури и околу 60% од структурата на мозокот се масти. Околу 25% од сите овие масти се DHA. Во сивата материја на мозокот, DHA сочинува 30% од структурните масти, поради што е исклучително важна компонента. 

Дознајте повеќе - Pregnatol DHA 

Витамини во бременост - Б6 

Витаминот Б6 се консумира речиси секојдневно преку храната. Го има во мисирка, пилешко, туна, млеко, сирење, моркови, семки од сончоглед, грав, спанаќ. 

Витаминот Б6 е важен за време на бременоста бидејќи придонесува за регулирање на хормоналната активност.  

Калциум 

Кога во вториот триместар од бременоста започнува процесот на калцификација на коските на бебето, се зголемува и потребата на трудницата за овој минерал..  

Витамин Д 

Витаминот Д можете да го надоместите со изложување на сонце, како и со јадење храна која е богата со него. Сепак, бидејќи недостатокот на витамин Д е дефицитарен кај речиси 50% од популацијата, на бремените жени им се советува дополнително да го внесуваат преку суплементи.. 

Други важни витамини за трудници 

Секоја трудница треба да се консултира со својот гинеколог зошто витамините се важни за трудниците. 

Покрај веќе наведените во горниот дел од текстот, важни се и следните витамини и минерали: магнезиум, тиамин (витамин Б1), витамини Ц и Е.  

Препорачуваме:  

Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 хранливи материи внимателно избрани и приспособени на зголемените потреби за време на бременост и доење.

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.