Contact US

Вирус или бактерија? Што покажуваат брзите лабораториски анализи?

За да се направи разлика помеѓу бактериска и вирусна инфекција и да се постави правилна дијагноза, се прави анализа на крв и урина.

Лабораториска анализа на крв

За да се направи разлика помеѓу бактериска и вирусна инфекција и да се постави правилна дијагноза, се прави анализа на крв и урина.

Главни показатели за инфекција во анализата на крвта се: бројот на леукоцити и CRP.
Ако детето има инфекција, треба да се консултирате со педијатар. Лекарите се единствените експерти кои ги толкуваат резултатите од анализите.

Вирус или бактерија врз основа на анализа на крв, леукоцити и CRP

Рамковните показатели и индикатори, кои педијатрите ги толкуваат како дел од прегледот и дијагнозата на детето, се:

  • За деца до 3 години – доколку леукоцитите се под ≤ 15.000 и CRP под ≤ 40, се работи за вирусна инфекција
  • За деца над 3 години – доколку леукоцитите се под ≤ 13.000 и CRP под ≤ 40, се работи за вирусна инфекција

Педијатарот никогаш не заборава да ја следи физичката состојба на детето! Не ги толкувајте резултатите сами!

Брис од нос

Многу често при прегледот се прави брис од носот. Во носот нормално живеат голем број бактерии, па не треба да се прави брис од носот бидејќи нема корисна вредност!


https://www.jugolab.rs/biohemija/crp-c-reaktivni-protein

https://www.medicalnewstoday.com/articles/322138

https://www.beo-lab.rs/crp-u-dijagnostici-upalnog-procesa/

https://www.webmd.com/a-to-z-guides/c-reactive-protein-test#2

Последно од блогот

Алергија на полен кај деца - како да ја препознаете и да му помогнете на детето полесно да дише

За повеќето деца, излегувањето надвор е синоним за игра, први прошетки и престој во природа. Но, за малите кои се чувствителни на полен, тоа може да биде проблем; дури и сосема нормална игра надвор може да заврши со често кивање, солзење на очите и кашлање.