Contact US

Прва недела бременост

Прва недела од бременоста! Конечно! Пред да започнете да се радувате, да ве информираме: Првата недела од бременоста е период во кој се уште не сте бремени! Дознајте зошто.

Изненадување! Во првата недела од бременоста, се уште не сте бремени. Иако е малку збунувачки, првата недела од бременоста е всушност неделата на почетокот на циклусот, односно периодот кога сте имале последна менструација.

Гинеколозите и акушерите го користат овој метод за пресметување на неделите од бременоста и терминот на породување токму поради фактот дека првиот ден од менструацијата е лесно забележлив поради крварење, додека овулацијата не е. Затоа, на тој начин, времето на зачнување, како и потенцијалниот датум на раѓање се одредуваат попрецизно и сигурно.

Во зависност од должината на циклусот, зачнувањето нема да се случи до втората или третата недела.

Ако штотуку дознавте дека сте бремени, можеби мислите дека ова е неделата во која сте. Сепак, тоа не е така. Најверојатно сте во четвртата недела.

Гинекологот ќе ви каже попрецизни информации за периодот на бременост во кој сте за време на првиот преглед.

Прва недела бременост – што се случува

Во моментов имате менструација. Вашето тело испушта вишок крв акумулирана за да функционира слузницата на матката (ендометриум). Сега, почнува да се формира ново задебелување, кое, со малку среќа, ќе добие оплодена јајце клетка за неколку недели.

Интересно!

Човечката јајце клетка е најголемата клетка во телото. Едно (во ретки случаи две) јајце клетки се ослободуваат во телото на жената помеѓу 10 и 19 ден од менструалниот циклус – приближно 14 дена пред очекуваната менструација. Може да се оплоди во следните 24-48 часа. Ако имате незаштитен сексуален однос во деновите пред ослободувањето на јајце клетката, тоа може значително да ја зголеми шансата за забременување. Тоа е затоа што сперматозоидот може да преживее во вашето тело повеќе од шест дена.

Прва недела бременост – симптоми

Во првата недела од бременоста, симптомите кои можете да ги забележите се специфични за почеток на менструалниот циклус, поради тоа што сеуште не сте бремени. Тие симптоми траат од три до пет дена и вклучуваат: 

  • Вагинално крварење – вашето тело ослободува вишок крв што се акумулирала за да се згусне слузницата на матката (ендометриум), во случај да сте останале бремени во текот на претходниот циклус.
  • Болки во долниот предел на грбот и грчеви – до ова доаѓа поради контракција на матката во периодот на одлободување од вишокот крв.
  • Надуеност – поради промената на нивото на хормони, пред и во текот на циклусот доаѓа до надуеност на стомакот.
  • Промена на расположение – за промена на емотивната состојба, исто така се заслужни хормоните.
  • Главоболка – многу жени се жалат од главоболка во текот на менструалниот циклус. Причина за појава се исто така, погодувате – хормоните.

Прва недела бременост – како се чувствувате?

Првите знаци на бременост нема да се појават веднаш – кај повеќето жени прво изостанува месечниот циклус пред да почне да се чувствува “некако поинаку”. Потоа следат најраните симптоми на бременост: мачнина, болни и отечени гради, умор и исцрпеност, зачестено мокрење…

Во првата недела од бременоста, или во периодот кога се надевате дека ќе забремените наскоро, вашето тело се подготвува за бременост. Сега е добра идеја и вие да се подготвите.

Прва недела бременост – ултразвук

Веројатно нема да одите на ултразвук во првата недела од бременоста. Но, ако веќе се обидувате да забремените и редовно посетувате специјалист за плодност, ултразвучниот преглед може да го одреди бројот на фоликули кои ќе се развијат во јајце клетка. Во случај нешто да не оди според планот, вашиот лекар може да ви препише третман што може да ви помогне да забремените.

Совети за прва недела бременост

Ако досега не сте започнале, почнете да применувате здрав стил на живот:

  • Хранете се здраво – со здрава исхрана, ги обезбедувате потребните хранливи материи не само за себе, туку и за бебето што наскоро ќе ја „насели“ вашата матка.
  • Почнете да применувате фолати – примената на фолати  (фолна киселина, витамин B9) е многу значајна во периодот на подготовка за зачнување, како и во текот на целата бременост. Ниското ниво на фолна киселина кај мајката е фактор на ризик за компликации во бременоста и развој на дефекти кај фетусот што можат да се појават на самиот почеток на бременоста, во период кога повеќето бремени жени се уште не знаат дека се бремени. Затоа, многу е важно нивото на фолна киселина да биде оптимално при влегување во бременост, веќе во периодот на подготовка за бременост. Затоа, се препорачува дополнување 12 недели пред зачнувањето, како и во текот на целата бременост.
  • Престанете да пушите и да пиете алкохол
  • Редуцирајте го внесот на напитоци кои содржат кофеин
  • Бидете физички активни

Потсетник за првата недела од бременоста

  • Откажете се од нездравите навики: пушење, алкохол, премногу кофеин…
  • Почнете со примена на суплементи кои содржат активен фолат. Препорачуваме Pregnatol Active Folate + Vit B12.

Следете го својот месечен циклус, како би знаеле кога е вашиот плоден период.

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.