Contact US

Дијареа кај деца

Иако е тешко да се спречи детето да добие дијареа, постојат начини со кои можете значително да ја намалите можноста за нејзино појавување. Дознајте зошто се јавува дијареа кај децата, кои се превентивните мерки и како се лекува.

Ако детето има течна или водена столица повеќе од три пати на ден, можеме да кажеме дека има дијареа. Главната карактеристика на дијареата е немање на формирана столица. 

Зошто се јавува дијареа кај децата? 

Дијареата кај децата најчесто се јавува поради инфекција на дигестивниот тракт, предизвикана од разни микроби, односно вируси, бактерии или паразити. 

 Вируси и дијареа 

Вирусите се најчеста причина за дијареа кај децата, а овие инфекции меѓу родителите се познати како „стомачен вирус“ и „стомачен грип“. Покрај дијареата, симптоми кои укажуваат на стомачен вирус се повраќање и гадење, болкаво стомакот и зголемена температура. Имунолошкиот систем на детето обично сам се изборува со вирусната инфекција. 

Најчести причини за стомачни вирусни инфекции се Rotavirus и Enterovirusi (нпр.коксаки, Coxsackie).  

Вирусни инфекции кои предизвикуваат дијареа кај децата многу лесно се пренесуваат, особено во колективи како што се градинките и училиштата. Покрај рацете, децата можат да се заразат и преку играчки или училишен прибор, а помалите преку цуцли и тропалки. 

Бактерии и дијареа 

Бактериите кои предизвикуваат дијареа кај децата се обично салмонела (Salmonella),, ешерихија коли(Escherichia coli) , кампилобактерија (Campylobacter) и шигела (Shigella). Дијареата кај децата која се јавува поради бактериска инфекција е попозната како „труење со храна“. 

Бактериите се пренесуваат со недоволно измиена или термички обработена храна, несоодветно складирана храна (надвор од фрижидер), загадена вода, но и со нечисти раце, особено по користење на тоалетот. 

Паразити и други фактори 

Децата најчесто се заразуваат со паразити кога се во контакт со заразени животни. Кога паразитите ќе стигнат до дигестивниот тракт, се јавува дијареа. 

Дијареата кај децата може да се појави поради исхрана богата со шеќер, но и како резултат на некој друг фактор, болест или здравствена состојба. Тоа може да биде алергија на храна, нетолеранција на глутен или лактоза, воспаление на дигестивниот тракт, труење од токсични материи, храна при патување,користење на антибиотици …. 

Како да му помогнете на детето кога има дијареа? 

Болките и грчевите во стомакот заедно со течна столица се придружени со други симптоми, како што се зголемена температура, губење на апетит, губење на тежина, гадење, дехидрација. 

Навремената помош на дете кое има дијареа  спречува  компликација на симптомите. 

Орална рехидратација 

Не треба да се чека појава на симптоми на дехидрација за да примени средство за рехидратација. 

Малите деца многу брзо дехидрираат кога имаат дијареа.До губење на течности при дијареа доаѓа поради чести и ретки столици, повраќање, зголемена температура,потење. 

На дехидрацијата укажуваат следниве знаци: 

  • бледило на кожата, 
  • поспаност, 
  • забрзано дишење, 
  • прекин на мокрењето, 
  • сува слузница, 
  • забрзан пулс, 
  • губење на телесна тежина, 
  • нарушување на свеста (во тешки случаи). 

Може ли да се спречи појава на дијареа кај деца? 

Иако е тешко да се спречи вашето дете да добие дијареа, постојат начини на кои можете во голема мера да ја намалите можноста да да дојде до неа: 

Кога детето прима антибиотска терапија, збогатете ја исхраната на детето со корисни микроорганизми. 

Збогатете ја  исхрана со витамини и минерали – витаминот Ц придонесува за зајакнување на одбранбените способности на организмот и ја намалува исцрпеноста и заморот, а заедно со цинкот придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем. 

Одржувајте добра хигиена во тоалетите и бањите. 

Научете го вашето дете темелно да ги мие рацете. Миењето на рацете е особено важно пред јадење, по користење на тоалетот и по играње со животни. 

Темелно измијте го зеленчукот и овошјето. 

Одржувајте ја хигиената на површините на кои подготвувате храна. 

Храна која лесно се расипува чувајте ја во фрижидер. 

Месото термички обработете го додека не ја изгуби розовата боја. 

Садовите што ги користат домашните миленици не ги мијте во кујнскиот мијалник.

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.