Contact US

DHA и во втората година од животот?

Првите неколку години на раст и развој се многу важни за поставување на темелите за идното здравје на детето. Затоа е од клучно значење детето уште од самиот почеток да ги внесе сите потребни хранливи материи.

DHA омега-3 масните киселини се многу важни структурни компоненти на нервните клетки на мозокот и мрежницата на окото. Тие сочинуваат голем процент од сивата материја на мозокот, како и мрежницата на окото. DHA сочинува околу 12-15% од вкупната количина на масни киселини во сивата материја на мозокот и 35-50% во фоторецепторите во мрежницата на окото. Внесувањето на DHA придонесува за нормален развој на видот кај доенчиња до 12 месеци.

Затоа педијатрите и неонатолозите препорачуваат нивно внесување од првите денови по раѓањето.

Во првата година од животот, мозокот на бебето се развива побрзо отколку во кое било друго време во животот. Во тој период мозокот на бебето расте за 175%. Иако успорува по првата година, интензивниот развој продолжува до петтиот роденден.

Затоа е многу важно да се продолжи со употреба на DHA дури и по една година.

Неонатолозите и педијатрите, врз основа на препораките на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), препорачуваат дневен внес од 100 mg DHA омега-3 масна киселина, од раѓање до 2-годишна возраст.

Препорачуваме!

Babytol DHA Omega - DHA од масло од морски микроалги - еден од најбогатите и најчистите извори, со висок квалитет.

Babytol D3 + DHA Omega - 100% од препорачаната доза на витамин D3 од 400 ИЕ и 100% од препорачаната доза на DHA омега-3 масна киселина од 100 mg.

Последно од блогот

Алергија кај деца – се што треба да знаете

Ниту еден родител не сака да го види своето дете како страда, но важно е да се знае дека секое дете има потенцијал да развие алергии. Сепак, тие се почести кај децата чие семејство веќе има некој со алергија. Дознајте повеќе за алергиите кај децата.

Деветти месец бременост

Конечно последниот месец од бременоста! Долгиот пат е зад вас, уште само неколку недели и стигнувате до целта. Наградата што ве очекува таму е бесценета. Бидете подготвени, породувањето е се поблиску.

Осми месец бременост

Иако бебето долго се подготвува за големиот ден, до породувањето има уште многу време. Во осмиот месец почнува полека да се спушта кон карлицата, односно породилниот канал. Поради ова, ќе можете малку да дишете, односно подобро да дишете, бидејќи притисокот врз белите дробови ќе се намали. Дознајте што уште ве чека во осмиот месец.