Децата често се разболуваат од респираторни инфекции. Според статистичките податоци, дете помладо од 6 години се разболува во просек до 6 пати годишно. Дури 10% од децата добиваат инфекција повеќе од 10 пати годишно. Понекогаш на родителите им се чини дека детето е постојано болно поради тоа.

Вирусите се најчеста причина за инфекции на горниот дишни патишта. Како што покажале истражувањата, дури 85% од таквите инфекции се предизвикани од вируси, а не од бактерии. И покрај тоа, Европското истражување за потрошувачката на антибиотици (ESAC Проект) покажува дека 80% од сите антибиотици се даваат за лекување на инфекции на горните дишни патишта, што значи дека околу 65% од сите антибиотици се препишуваат за вирусни инфекции.
Сепак, како што покажуваат резултатите од истражувањето, препишувањето антибиотици со цел превенција на компликации од инфекција не е добро основано.
Британската Cochrane, најрелевантната база на податоци, претставува анализа на податоците од сите испитувања кои ги следеле резултатите од третманот доколку антибиотиците се аплицираат веднаш, одложено или воопшто не се аплицира за респираторни инфекции на горните дишни патишта.
Заклучоците на Cochranе беа целосно јасни - немаше разлика во стапката на компликации кај сите три групи, а препишувањето на антибиотици беше три пати помалку.
Токму поради сите прикажани резултати, се препорачува пристап „почекај и види“(“wait and see”) во првите 48 до 72 часа од почетокот на симптомите.
Не брзајте да користите антибиотици! Почекајте и следете ги симптомите два до три дена, со правилна дијагноза и консултација со лекар
Viranto forte - VIRANTO FORTE for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот кај децата, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето.
Viranto Adults - VIRANTO Adults for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето.
https://www.cochrane.org/CD004417/ARI_delayed-antibiotic-prescriptions-respiratory-tract-infections
https://www.ecdc.europa.eu/en/about-us/partnerships-and-networks/disease-and-laboratory-networks/esac-net-about