Contact US

25. недела бременост

Бременоста станува многу видлива. Вашиот стомак веќе не е со занемарлива големина, а вие сте се поблиску до третиот, последен триместар од бременоста. Бебето сега има јасно одделени периоди на спиење и периоди на будност. Дознајте што може да очекувате во 25-та недела од бременоста. 

Сега, кога знаете како да ги препознаете движењата на бебето, можете да забележите дека бебето понекогаш мирува 12 или дури 14 часа. Тоа се периодите кога тоа спие. Многу трудници го споделуваат своето искуство дека бебето е главно мирно додека се активни и се движат, а кога седат или легнат да одморат се буди и почнува да клоца. 

Полека се навикнувате да ги правите секојдневните активности со голем стомак. Понекогаш може да имате потешкотии да се сместите во удобна положба за спиење. Веројатно веќе размислувате за породување. Контракциите на Брекстон Хикс ве потсетуваат од време на време дека полека, но сигурно се ближи крајот на бременоста.  

Колку е големо бебето во 25. Недела од бременоста?

Во 25-та недела од бременоста, големината на бебето може да се спореди со големината на голема главица карфиол. Бебето сега е долго околу 33 см и тешко околу 720 грама.  

Кој е тоа месец од бременоста и кое тримесечие? 

Роднините и пријателите често ве прашуваат во кој месец од бременоста сте сега. Ако ја следите и вашата бременост по недели, а не по месеци, знајте дека сте бремена во шестиот месец. Тоа е втор триместар од бременоста. 

Како напредува бебето?

Бебето ужива во својот новооткриен центар за ориентација. Да тоа е точно! Во 25-та недела од бременоста, вашиот мал фетус учи што е горе, а што долу. Исто така, во овој период, бебето има се повеќе коса и влакна на телото. 

Тоа сега почесто реагира на звуци од околината. Тоа веќе го развива рефлексот Моро (рефлекс на штрек). Благодарение на него, бебето се грчи во стомакот кога ќе слушне силен звук или нешто наеднаш го исплаши. 

Симптоми во 25. Недела од бременоста 

Веројатно сè уште ја чувствувате енергијата и живоста на вториот триместар, но други, помалку пожелни симптоми наскоро ќе се појават кај вас. 

  • Проблеми со спиењето. Постојат многу причини зошто може да имате потешкотии со спиењето. Ова може да биде затоа што размислувате за породување или затоа што хормоните ви полудеа. А можеби ви е тешко да ја пронајдете вистинската и удобна положба поради големиот стомак. 
  • Често мокрење. Сега кога бебето го притиска мочниот меур, мора многу почесто да трчате во тоалет. Затоа, не се лишувајте од потребната дневна количина на вода, односно од 8 до 10 чаши. 
  • Запек. За да го ублажите или спречите овој симптом, пешачете, пијте многу вода, јадете храна богата со растителни влакна.. 

Препорачуваме:

Pregnatol Multi + Active Folate 

Внимателно избрани и прилагодени на зголемените потреби за време на бременост и доење, 20 хранливи материи во една дневна доза. 

Pregnatol DHA 

Се користи за дополнување на DHA омега-3 масните киселини, важни за здрав развој на мозокот и видот на бебето. Pregnatol DHA содржи природно масло од микроалги со DHA (докосахексаеноична омега-3 масна киселина).  

  • Хемороиди. Хемороидите се чест проблем во вториот триместар, бидејќи бебето врши притисок врз дигестивниот тракт. За нивна појава придонесува и запекот. 
  • Гасови и надуеност. Хормоните го забавуваат варењето на храната, поради што се јавуваат овие тегоби. 
  • Киселини. Уште еден симптом на листата на стомачни проблеми. Разговарајте со вашиот лекар за да препорача лек кој може да ви помогне. Исто така, избегнувајте лута, топла и зачинета храна. 

Што да очекувате во 25. Недела од бременоста? 

Иако вашиот труднички стомак изгледа апсолутно огромно за сите околу вас, можеби се чувствувате малку непријатно. Можеби чувствувате дека кожата на вашиот стомак е затегната, чувствителна и многу чеша. Поради ова, може да имате чувство дека сте проголтале фудбалска топка. Како и да се чувствувате, тоа е сосема во ред. На некои трудници им треба малку повеќе време кога се прилагодуваат на новите фази од бременоста. Пред вас се многу тешки работи и нема потреба да очекувате од себе да бидете апсолутно позитивни 24/7. 

Совети за мајките 

Сега веќе ја „газите“ втората половина од бременоста. Многу работи ви се веќе познати, а патем се навикнувате на нови симптоми, очекувани и неочекувани. Еве неколку совети за 25-та недела од бременоста. 

Хидрирајте ја кожата. Абдоминалната кожа и кожата на градите брзо се шири. Ве чеша и затегнува. Честото навлажнување со соодветни креми и лосиони може да биде корисно. За да избегнете дополнително сушење, скратете го времето што го поминувате под туш и/или бања. 

Гледајте се во очи. Добро, не можете буквално да се гледате во очи, но можете во огледало. Бременоста може привремено да влијае на вашите очи и да предизвика заматен вид или суви очи. Во секој случај, доколку забележите нешто необично, известете го вашиот гинеколог. 

Продолжете да се храните здраво. Здравата исхрана ви помага да го одржите нивото на енергија, како и да обезбедите се што му е неопходно на бебето и на вас во овој тежок период. Можете исто така преку исхрана да управувате со симптоми како што се запек, гасови, надуеност и киселини. 

Потсетник за 25. Недела од бременоста 

 

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/25-weeks-pregnant

https://www.nhs.uk/start4life/pregnancy/week-by-week/2nd-trimester/week-25/#anchor-tabs

https://www.pregnancybirthbaby.org.au/pregnancy-at-week-25

Последно од блогот

Алергијата на полен (алергиски ринитис) е сезонски непријател од кој можете да се заштитите

Алергијата на полен, позната и како сезонски алергиски ринитис или поленско кивање, погодува милиони луѓе ширум светот и значително влијае на квалитетот на секојдневниот живот.

Осип на кожата кај деца: Причини, видови и природни начини за негово ублажување

Осипот на детската кожа е една од најчестите причини за загриженост на родителите, а неговиот изглед може да изгледа страшно, особено кога ќе се појави ненадејно. Сепак, повеќето исипи се безопасни и минливи, иако во одредени случаи тие може да укажуваат на посериозна состојба која бара лекарска помош.   

Чешање на телото - причини и превенција

Чешањето на телото може да биде непријатно и фрустрирачко искуство кое ги погодува луѓето од сите возрасти. Може да биде привременo и благo или хронично и интензивно, а понекогаш укажува на посериозни здравствени проблеми.