Contact US

14. недела од бременоста

Добредојдовте во вториот триместар од бременоста! Оваа недела ги носи долгоочекуваните промени - многу повеќе енергија, подобар апетит и отсуство на мачнини. Затоа второто тримесечје често популарно се нарекува меден месец на бременоста. Дознајте што да очекувате во 14-та недела. 

Време е да уживате во бременоста. Првиот триместар е пред вас. Ова значи дека многу, тешки за поднесување симптоми сега се зад вас. Секако, станува збор за гадење и повраќање, но и за постојан замор и неподнослива поспаност. 

Колку е големо бебето во 14. недела од бременоста? 

Вашето малечко сега е со големина на праска. Продолжува да расте со супер брзина. Во оваа недела, бебето е долго од 9 до 10 см и тежи околу 57 грама. 

Кој месец од бременоста е тоа?

Сега, кога сте влегле во 14-та недела од бременоста, вие сте на почетокот на четвртиот месец, односно во неговата прва недела. Влеговте во вториот триместар од бременоста.  

Симптоми во 14. недела од бременоста 

Време е да се поздравите со раните симптоми на бременоста. Сепак, не очекувајте тие целосно да исчезнат во моментот кога ќе започне четвртиот месец од бременоста. Но, тоа наскоро ќе биде, само имајте малку повеќе трпение. Во меѓувреме се појавуваат нови симптоми:

  • Болка во пределот на кружните лигаменти. Матката продолжува да се шири додека бебето расте. Ова може да направи да ве боли стомакот. Кружни лигаменти се влакнести ткива на ѕидовите на матката. Како што се протегаат, чувствувате непријатност и болка, слично на грчеви. Ако сте премногу загрижени за болката што ја чувствувате, консултирајте се со вашиот гинеколог. 
  • Зголемување на енергијата. Вашата сила и енергија се враќаат кога симптомите на рана бременост почнуваат да избледуваат. 
  • Зголемен апетит. Дали ви крчи стомакот? Бебето брзо расте, се случуваат многу важни процеси, ви требаат повеќе калории. Сега, кога немате мачнина, вашиот апетит станува поизразен. Вашата дневна потреба за внес на калории е поголема за околу 300 калории, а ако носите близнаци, обидете се да јадете храна која содржи околу 680 калории над вообичаениот број калории. Се разбира, важно е да се јаде храна која е здрава и богата со хранливи материи. Сите важни хранливи материи во бременост! 
  • Погуста и посјајна коса. Не се шегувавме, второто тримесечје навистина е меден месец на бременоста. Дури и симптомите на бременост се одлични. 
  • Запек. За да спречи сè да биде одлично, запекот или затворот, се погрижуваат за тоа. За ублажување на симптомите, се препорачува да се јаде храна богата со растителни влакна (свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки...), зголемен внес на течности, особено вода, што е можно повеќе пешачење и редовно вежбање. 

Како се чувствувате? 

Силата, енергијата и апетитот не се сè што се истакнуваат во овој период. Почнува да се истакнува и неодоливата кривина на трудничкиот стомак. И градите продолжуваат да растат, се во подготовка за доење. 

Немојте да се чудите ако вашата тежина почне да се зголемува малку побрзо од 14-та недела од бременоста. Ако сте ја започнале бременоста со нормална телесна тежина (БМИ - индексот на телесна маса е помеѓу 18,5 и 24,9), можете да очекувате околу 400 грама повеќе неделно. Ако носите близнаци, треба да добиете повеќе. Дознајте повеќе за зголемувањето на телесната тежина за време на бременоста во нашата статија за бременост од 13 недели. 

Во првото тромесечје, или поради замор и исцрпеност, или поради мачнина, веројатно не сте ни помислиле на некаква рекреативна физичка активност. Време е да се вратите во вашата фитнес рутина. Прашајте кои активности и вежби се препорачуваат за бремени жени. 

Доколку ова не ви е прва бременост, 14-тата недела може да биде периодот кога за прв пат ќе го почувствувате движењето на бебето. Меѓутоа, ако сте бремени за прв пат, најверојатно нема да го доживеете ова магично искуство дури помеѓу 16 и 20 недела од бременоста. 

Препорачуваме! 

Се што е потребно за здрава бременост - Pregnatol Multi + Active Folate 

За успешна подготовка и здрава бременост - Pregnatol Active Folate + Vit B12 

За здрав развој на мозокот и видот на вашето бебе - Pregnatol DHA 

Како напредува бебето? 

Се прашувате што прави бебето во вашиот стомак? Се протега, мавта со минијатурните нозе и раце, ика, можеби дури и го цица палецот… 

Малите бубрези веќе ги прочистуваат нечистотиите и создаваат урина. Црниот дроб и слезината, исто така, веќе ги извршуваат своите функции. 

Можеби ќе ве изненади, но на вашето бебе му растат влакна. Лануго се тенки, нежни влакна, како влакненца од праски, кои го покриваат телото на бебето додека е во утробата. Нивната улога е да го загреат бебето. По раѓањето, тие ќе паднат од кожата на бебето. 

Не заборавајте да разговарате со вашето бебе - во овој период, тоа почнува да слуша! 

Совети за мајки 

Прошетајте, пливајте... - Каков и да е вашиот избор - пешачење, пливање, лесно џогирање, пилатес или јога, не е важно. Важно е да сте физички активни и во добра кондиција. Доколку веќе сте имале програма за вежбање пред бременоста, можете да продолжите со неа, но сега со малку поумерено темпо. 

За време на бременоста не се препорачува да се занимавате со физички активности кои не се прилагодени на потребите на трудницата. Доколку не сте вежбале пред бременоста, се препорачуваат лесни физички активности 

Потсетник за 14. недела од бременоста 

  • Посетете стоматолог. 
  • Откријте кои 20 хранливи материи се важни за зголемени потреби за време на бременоста. - Откриј! 
  • Дознајте кои прегледи и анализи ве очекуваат до крајот на бременоста. - Дознај! 

 

https://www.thebump.com/pregnancy-week-by-week/14-weeks-pregnant

https://www.whattoexpect.com/pregnancy/week-by-week/week-14.aspx

https://raisingchildren.net.au/pregnancy/week-by-week/second-trimester/14-weeks

Последно од блогот

Алергијата на полен (алергиски ринитис) е сезонски непријател од кој можете да се заштитите

Алергијата на полен, позната и како сезонски алергиски ринитис или поленско кивање, погодува милиони луѓе ширум светот и значително влијае на квалитетот на секојдневниот живот.

Осип на кожата кај деца: Причини, видови и природни начини за негово ублажување

Осипот на детската кожа е една од најчестите причини за загриженост на родителите, а неговиот изглед може да изгледа страшно, особено кога ќе се појави ненадејно. Сепак, повеќето исипи се безопасни и минливи, иако во одредени случаи тие може да укажуваат на посериозна состојба која бара лекарска помош.   

Чешање на телото - причини и превенција

Чешањето на телото може да биде непријатно и фрустрирачко искуство кое ги погодува луѓето од сите возрасти. Може да биде привременo и благo или хронично и интензивно, а понекогаш укажува на посериозни здравствени проблеми.