Акутен бронхитис или пневмонија – како правиме разлика?

Иако имаат слични симптоми, акутниот бронхитис и пневмонија не се третираат на исти начин. Дознајте како да ги разликуваме овие две болести.

Акутен бронхитис или пневмонија – како правиме разлика?

И акутниот бронхитис и пневмонијата (воспаление на бели дробови) се респираторни болести на долните дишни патишта. Поради тоа што симптомите им се многу слични, понекогаш е тешко да се разликуваат.

Поставувањето на вистинска дијагноза е од клучна важност за лекување.

Акутниот бронхитис често се јавува по настинка или други вирусни инфекции на горните дишни патишта. Бронхитисот е воспаление на бронхиите, мали цевчиња кои од дишникот водат до белите дробови. Симптомите кои се јавуваат при акутен бронхитис се кашлица, покачена температура, болка во грло, болка во мускулите, омалаксаност, чувство на тежина во пределот на градите. Кашлицата која се јавува на почетокот на болеста е сува. Со текот на времето станува “зрела” и содржи се поголема количина на секрет. Акутниот бронхитис вообичаено трае 7-10 дена, но кашлицата може да биде присутна три недели, па и подолго.

Воспаление на белите дробови, односно пневмонија има скоро исти симптоми. Разликата е во тоа што таа ги зафаќа белодробните крила. Најчесто е неопходно лекување со антибиотици. По болеста често доаѓа до поголемо губење на тежината.

Дијагнозата лекарот ја поставува на основа на физикален преглед, биохемиски анализи и други параметри од крвната слика, меѓу кои е и важен биохемискиот параметар,CRP.

Како се третира акутен бронхитис

Екстрактот од коренот на африкански пеларгониум може да помогне во терапијата и намалувањето на симптомите на инфекции на горните дишни патишта како што се настинката, акутен синузитис, тонзилофарингитис и акутен бронхитис.

Примената на сирупот  Viranto Forte веднаш по појавата на првите симптоми:

Моќното антибактериско дејство на Virantо Forte, со Пеларгониум како природен антибиотик во својот состав, спречува појава на бактериски суперинфекции, компликации од кои родителите стравуваат.

Вести