Contact US

Вакцинацијата против Ковид 19 е безбедна за бремени жени

„Вакцинирањето против Ковид-19 е безбедна за бремени жени“, објави Британскиот комитет за вакцинација и имунизација, официјално препорачувајќи им на идните мајки да се вакцинираат против Ковид-19.

Според британски Гардијан, Комитетот за вакцинација и имунизација во Велика Британија (JCVI) официјално препорача бремените жени, во секое време од бременоста, да можат да ја примат вакцината против коронавирусот, бидејќи тоа не претставува ризик за нив или за бебето. 

Досега имунизацијата се препорачуваше само за жени кои се изложени на поголем ризик од инфекција со Ковид-19, но сега JCVI даде официјална препорака дека вакцините произведени од Pfizer и Moderna можат безбедно да им се понудат на сите жени, без разлика во која фаза од бременоста во која се, односно дали само што планираат да забременат или веќе дојат. 

Засега вакцините Pfizer и Moderna се препорачуваат за бремени жени, бидејќи врз основа на истражување во САД во кое учествувале околу 90.000 жени во бременост, било утврдено дека овие вакцини не се опасни за нив. Иако нема докази дека друга вакцина не се препорачува, Комитетот смета дека се потребни повеќе истражувања. 

Претседавачот на Комитетот за вакцинација и имунизација за Ковид-19, професорот Веи Шен Лим, вели: „Ги охрабруваме бремените жени да разговараат за ризиците и придобивките од вакцинацијата со своите лекари. Сите бремени жени кои се изложени на зголемен ризик од развој на тешки случаи на Ковид-19 се охрабруваат веднаш да прифатат вакцинација. 

 Д-р Мери Ремзи, шеф на имунизација во Јавното здравство во Англија (PHE), рече: „Според податоците што ги имаме за вакцините Pfizer и Moderna, можеме со сигурност да кажеме дека тие можат да им се понудат на бремени жени како безбедни. 

„Вакцините против Ковид-19 продолжуваат да спасуваат илјадници животи и затоа е важно секој да ги прими кога ќе дојде редот“, додаде таа.. 

 

https://www.guardian-series.co.uk/news/national-news/19239310.pregnant-women-offered-covid-19-vaccine-experts-say/

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.