Contact US

Рибиното масло е одлично за деца, но дали знаевте дека има нешто уште подобро?

Дознајте зошто бабите им давале на децата рибино масло и дали денес има нешто уште подобро.

Разновидната и здрава исхрана е основа за здрав раст и развој на децата. Затоа секогаш се стремиме да им обезбедиме на децата хранливи материи од најздрави извори, кои имаат најдобар ефект врз нивното здравје.

Рибино масло во исхраната на децата

Родителите знаат дека поради омега-3 масните киселини кои ги содржи, рибиното масло е здраво за децата. Меѓутоа, денес се повеќе од нив се плашат да им го дадат на децата, токму поради загаденоста во рибите. Многумина го избегнуваат поради малку непријатниот вкус. 

Затоа ги вложивме нашите ресурси во развој и истражување, со цел да понудиме најквалитетен и најздрав извор на омега-3 масни киселини за децата.

Крилово масло – најдоброто за децата

Крил е вид на ситни ракчиња што ги населува водите околу Антарктикот. Освен што доаѓа од најчистите мориња на светот, многу е мал, па во него нема наталожени токсини. Затоа, криловото масло е многу поздрав извор на омега-3 масни киселини од рибиното масло.

Покрај тоа што е поздраво и повкусно, маслото од крил е и многу побогато со омега-3 масни киселини, па затоа е поефикасно.

Криловото масло содржи омега-3 масни киселини, есенцијална алфа-ланолеинска (ALA), како и неговите деривати EPA и DHA. Количината на масни киселини во криловото масло е поголема отколку во рибиното масло на мрсната риба. 100 g масло од крил содржи до неколку илјади mg повеќе ALA, DHA и EPA од другите извори.

Во 100 g количина, рибиното масло содржи околу 19 g ALA, а криловото масло околу 27 g. Рибиното масло содржи околу 7 g EPA и 10 g DHA, а криловото масло има дури 15 g EPA и 7 g DHA во 100 g масло.

Како се добива рибино масло, а како се добива крилово?

Пресувањето на рибата е првиот од седумте процеси неопходни за добивање рибино масло. По пресување, рибиното масло се неутрализира и прочистува од токсини и тешки метали, пред се жива. Отстранувањето на непријатниот мирис се врши на температура над 95°C. Високата температура има неповолно влијание врз хранливите материи.

Процесот со кој се добива крилово масло е многу едноставен. Уловот се фаќа со мрежи и се влече на бродови, каде што се пресува криловата маса и се извлекува (вади) маслото со помош на етанол.

3 големи предности на криловото масло во споредба со рибиното масло

Омега-3 масните киселини од маслото од крил имаат фосфолипидна форма и тоа е значајна предност во однос на рибиното масло. Бидејќи фосфолипидите придонесуваат за подобра интеграција на омега-3 во клеточните мембрани, а нашите клетки се направени од исти типови на липиди, омега-3 од маслото од крил се користи поефикасно. Ова е причината зошто омега-3 од крилово масло има неверојатни 40% поголема искористеност од омега-3 од рибиното масло.

Маслото од крил содржи холин, есенцијална хранлива материја која рибиното масло не ја содржи.

Маслото од крил содржи астаксантин, природна состојка со антиоксидантна активност, што ја намалува можноста маслото да ужегне.

Крилово масло за раст и развој на децата

MegaKid Krill + GLA + D3 for you! содржи крилово масло како извор на омега-3 масни киселини. Содржи и масло од семе од бореч и витамин Д3. Витаминот Д придонесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем кај децата, нормална мускулна функција, нормални коски и нормални заби. Како додаток во исхраната е наменет за раст, развој и имунитет, за деца постари од 3 години.

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.