Contact US

Моќта на природата

Природата е богата со хранливи материи, неопходни за сите живи суштества, вклучувајќи го и човекот. Откриваме некои од нејзините лековити моќи.

Природата е извор на животот. Содржи се што му е потребно на човекот за опстанок. Храната што ја добиваме од природата е најздрава. А какви моќи има природата? 

Црн бозел 

Црниот бозел се користи уште од античко време. Неговиот плод е многу богат со активни материи, па затоа неговиот екстракт се користи како состојка во препаратите наменети за имунитет

Црниот бозел е многу богат со корисни материи. Најбогат е со витамин Ц, бета каротен, антоцијани, танини, аминокиселини... 

Карактеристично е тоа што Црниот бозел има многу пати поголема количина на антоцијани во споредба со другите бобинки од црвени плодови. 

Дознајте повеќе: црниот бозел во сирупот Bimunal Imuno 

Баобаб 

Баобаб е огромно листопадно дрво, кое расте до неверојатни 20 метри височина. Се карактеризира со уникатен нутритивен состав. Во различни делови на Африка, традиционално се користат различни делови од растението - лисја, кора, семе. Како природен и органски извор на висока концентрација на витамини, минерали и влакна (пребиотици), овошјето баобаб е многу богата храна. 

Баобабот го има ласкавото име „супер овошје“. Содржи 10 пати повеќе витамин Ц и 6 пати повеќе антиоксиданси од портокалите, дури 7 пати повеќе калиум од бананите и 6 пати повеќе антиоксиданси од боровинките. 

Витамините и минералите од природни извори имаат поголема апсорпција и подобра искористеност во споредба со синтетичките. Баобаб содржи дури 45% природни влакна. 

Поради своето богатство со хранливи материи, пулпата од овошјето баобаб се користи како иновативна компонента на препарати наменети за имунитет. 

Дознајте повеќе: баобаб во состав на сирупот Bimunal imuno. 

Мед 

Медот се користи во многу култури низ светот. Многу баби и дедовци се сеќаваат дека како најголемо богатство, медот се чувал на највисоката полица во оставата, а децата добивале по една кафена лажичка за здрав почеток на денот или кога ќе кашлаат. 

Медот се користи илјадници години како храна, како здрав засладувач, но и како природно решение за многу болести. Поради фитонутриентите кои ги содржи, медот е честа состојка во препаратите наменети за имунитет. 

Дознајте повеќе: мед во состав на сирупот Bimunal Imuno. 

Пеларгониум  

Pelargonium sidoides (африканска мушкатла, Umckaloabo) е растение украсено со прекрасен пурпурно-црвен цвет, а континентот од кој потекнува е Африка. 

Медицинските својства на пеларгониумот првпат биле претставени на европско тло, во Велика Британија, од Чарлс Хенри Стивенс на крајот на 19 век. Тој го открил неговото дејство, а во тоа време станал познат како „лек на Стивенс“. 

Со текот на времето, пелагониумот почна да се користи како природно решение за настинки, грип, кашлица, воспаление на мукозните мембрани на горниот респираторен тракт... 

Откриено е дека пеларгониумот содржи голем број активни супстанции: 

  • кумарин (умкалин) 
  • танини 
  • проантоцијанидини 
  • поедноставни фенолни соединенија 
  • флавоноиди 
  • катехини 

Поради својата ефикасност, пелагониумот се повеќе се користи како состојка во препаратите за настинки и грип. 

Дознајте повеќе: пеларгониум во состав на сирупот Viranto forte.

Ацерола 

Во 100 грама овошје ацерола има фасцинантни 1800 мг витамин Ц. Исклучително е богат со флавоноиди, антоцијани и органски киселини. 

Дознајте повеќе: ацерола во состав на сирупот Viranto forte.

Шипинка 

Шипинка содржи голема количина на природен витамин Ц. Традиционално се користи во многу култури. Покрај витамин Ц, шипинките содржат и витамини од групата Б, провитамин А, витамин К, пектин, танин, флавоноид, проантоцијанидин, каротен… 

Дознајте повеќе: шипинка во состав на сирупот Viranto forte.

Нане, лаванда и еукалиптус 

Нане, лаванда и еукалиптус се растенија познати уште од античко време. Поради нивните својства, нивните етерични масла се користат за подобрување на дишењето и ублажување на непријатноста што се јавува при затнат нос. 

Дознајте повеќе: нане, лаванда и еукалиптус во состав на деконгестивниот фластер Respiratol for you!

Последно од блогот

Витамини и масни киселини кај атопичен дерматитис кај деца: што вели науката?

Атопичниот дерматитис е хронична воспалителна состојба на кожата која најчесто се јавува во раното детство и е поврзана со оштетена кожна бариера и имунолошка нерамнотежа. Научните докази покажуваат дека одредени хранливи материи, како што се витаминот Д, омега-3 масните киселини (EPA и DHA) и гама-линоленската киселина (GLA), играат важна улога во одржувањето на нормалната функција на кожата и имунолошкиот систем. Нутритивната поддршка може да биде дел од сеопфатниот пристап кон негата на кожата кај деца со атопичен дерматитис.

Алергија на кикирики кај деца: Симптоми, ризици и современи пристапи кон нега

Алергијата на кикирики е една од најчестите и потенцијално сериозни алергии на храна кај децата. Таа претставува имунолошка реакција на телото на протеините од кикирики и може да се манифестира со благи кожни симптоми, но и со сериозни системски реакции. Современиот пристап кон алергиите кај децата вклучува рана дијагноза, избегнување на алергени и поддршка на имунолошката рамнотежа, вклучувајќи нутритивни фактори кои учествуваат во регулирањето на воспалението.

Алергиска кашлица - причини, симптоми и како да ја препознаете

TL;DR - Брз одговор Алергиската кашлица е обично сува, долготрајна и поврзана со изложеност на одредени алергени, како што се полен, прашински грини или првут од домашни миленици. За разлика од вирусната кашлица, таа обично не е придружена со треска и може да трае со недели додека детето е изложено на алергенот. Симптомите често вклучуваат чешање во грлото, кивање, солзење на очите и затнат нос со воден исцедок. Третманот се базира на елиминирање на алергените, правилно одржување на хигиената во просторијата, навлажнување на воздухот и, по консултација со лекар, примена на антихистаминици или локална терапија. Кај деца со атопичен дерматитис и други алергиски состојби, поддршката со омега-3 масни киселини, GLA и витамин Д може да придонесе за подобра целокупна состојба на кожата и имунолошкиот систем.