Contact US

Лекови за патување и што треба да имате при рака кога одите на пат

Семејните патувања се омилени на сите, бидејќи за време на нив родителите и децата имаат можност да поминат многу квалитетно време заедно, доживувајќи заеднички авантури, големи и мали. 

Меѓутоа, за да го направите патувањето што е можно подобро, треба да бидете подготвени за различни околности, особено ако патувате со деца. Посебно внимание треба да посветите кога пакувате патничка аптека. 

Дознајте што никогаш не треба да заборавите да спакувате и зошто.

Лекови за патување 

Каде и да патувате, важно е секогаш да ги носите вашите лекови со вас. Сите лекови што ги препишал вашиот лекар и кои се дел од вашата секојдневна терапија, било вашата или на вашето дете, треба веднаш да се спакуваат.

За имунитет и микрофлора 

Силниот имунитет и микрофлората се многу важни при патување, особено поради промените во водата, исхраната, санитарните и вообичаените климатски услови. 

Препорачуваме Probival Choco + C + Zn for you!, чоколадни мечиња кои содржат единствена формулација на култури на корисни микроорганизми Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis и инулин.Наменети се за имунитетот и микрофлората кај децата. 

Од голема помош се и препаратите кои се наменети за имунитетот, кои содржат одбрани и ефикасни состојки, како сирупот Bimunal Imuno и капсули за возрасни Bimunal Imuno adults

Прва помош во случај на повреда 

Вашата патничка аптека дефинитивно треба да содржи се што ви е потребно за санирање на полесна повреда. Затоа, задолжително спакувајте: стерилни завои и газа, ханзапласт, антисептички влажни марамчиња, повидон јод. 

Заштита на кожата при патување 

Заштита од УВ зрачење - Многу е важно да се заштитите од сонцето каде и да одите на одмор, особено ако патувате на море. Изберете препарати кои одговараат за детска кожа. 

Имајте на ум дека производите за сончање кои се нанесуваат на кожата ги блокираат сончевите зраци, така што процесот на претворање на неактивната форма на витамин Д во активен Д3 е инхибиран. Ако вашето дете е мало, продолжете да го дополнувате овој витамин во комбинација со DHA омега-3 масни киселини преку препаратот Babytol D3 + DHA Omega

Заштита од инсекти - Во вашата патничка аптека, во зависност од дестинацијата и годишното време кога патувате, може да најдете и препарати за заштита од убоди од инсекти, како и препарати кои ја ублажуваат непријатноста на местото на каснување од инсект. 

Настинка и грип при патување 

Доколку патувате на зимување со деца, постои можност во текот на престојот некој да се разболи од настинка или грип за време на престојот, бидејќи вирусите кои ги предизвикуваат се најактивни во тек на студениот дел од годината. Иако овие болести не се вообичаени за време на летната сезона,сепак бидете подготвени и во тој случај. 

VIRANTO FORTE for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот кај децата, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето. 

VIRANTO Adults for you! е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето. 

Viranto Forte и Viranto Adults најдобро е да се примени што е можно поскоро, по можност во рок од 2 часа по појавата на првите симптоми. 

За секој случај, задолжително спакувајте антипиретик (paracetamol, brufen) како и топлометар. 

Со желба да го поминете вашиот одмор во добро здравје и убаво време, ви посакуваме среќен пат!

Последно од блогот

Алергијата на полен (алергиски ринитис) е сезонски непријател од кој можете да се заштитите

Алергијата на полен, позната и како сезонски алергиски ринитис или поленско кивање, погодува милиони луѓе ширум светот и значително влијае на квалитетот на секојдневниот живот.

Осип на кожата кај деца: Причини, видови и природни начини за негово ублажување

Осипот на детската кожа е една од најчестите причини за загриженост на родителите, а неговиот изглед може да изгледа страшно, особено кога ќе се појави ненадејно. Сепак, повеќето исипи се безопасни и минливи, иако во одредени случаи тие може да укажуваат на посериозна состојба која бара лекарска помош.   

Чешање на телото - причини и превенција

Чешањето на телото може да биде непријатно и фрустрирачко искуство кое ги погодува луѓето од сите возрасти. Може да биде привременo и благo или хронично и интензивно, а понекогаш укажува на посериозни здравствени проблеми.