Contact US

Доцнење на менструација

Ако не сте бремени и немате здравствени проблеми, менструалниот циклус обично трае околу 30 дена. Дознајте зошто може да ви доцни менструацијата.  

Доколку немате менструација 30 дена по претходната, официјално можеме да кажеме дека имате одложена менструација. 

Доцнењето или отсуството на менструацијата може да настане поради различни фактори и причини. Прочитајте за што може да се работи. 

Доцнење на менструација поради стрес 

Кога сте под стрес, вашето тело реагира и испраќа сигнали до системот за одговор на стресот, кој се наоѓа во дел од мозокот наречен хипоталамус. Кога нивото на стрес е високо, мозокот испраќа порака до ендокриниот систем да започне да лачи хормони кои предизвикуваат состојба на будност и одбранбеност. 

Ако стресот е присутен подолго време, состојбата на напнатост може да влијае и на репродуктивниот систем. Поради ова, може привремено да ја запре овулацијата, поради што менструацијата доцни. 

Драматичната промена на тежината може да предизвика доцнење на менструацијата 

Без разлика дали сте се здебелиле многу или сте изгубиле тежина во претходниот период, тоа може да има влијание врз менструалниот циклус. Причината за тоа е појавата на хормонална нерамнотежа која настанува поради големата промена на телесната тежина. 

Како една од последиците може да дојде до доцнење на менструацијата, но и целосно отсуство. Исто така, помалиот внес на калории може да влијае на производството на репродуктивните хормони. 

Екстремен физички напор и отсуство на менструација 

Големиот физички напор, како што е интензивното вежбање неколку часа дневно, понекогаш предизвикува изостанување на менструацијата. Ова обично се случува ако во подолг временски период трошите повеќе калории отколку што внесувате со вежбање. 

Циклусот обично се враќа во нормала многу брзо по воспоставување понормален ритам на вежбање и зголемување на внесот на калории. 

Синдром на полицистични јајници 

Синдромот на полицистични јајници (PCOS) е збир на здравствени проблеми кои настануваат поради нерамнотежа на репродуктивните хормони. Еден од овие проблеми е неправилната овулација. Затоа менструацијата може да биде нередовна, а многу често дури и да отсуствува. 

Хормонска контрацепција 

Многу девојки и жени користат контрацептивни таблети како заштита од несакана бременост. Иако се популарни токму поради тоа што воспоставуваат многу редовен менструален циклус, понекогаш може да имаат спротивен ефект, особено во првите неколку месеци од употребата. 

Слично на тоа, може да ја пропуштите вашата менструација неколку месеци откако ќе престанете да ги користите. 

Каснење на менструација како знак на предменопауза 

Предменопаузата е период кој и претходи на менопаузата. Обично започнува во средината на четириесеттите и трае неколку години, додека менструалниот циклус целосно не престане да постои. 

За време на него често се случува одвреме-навреме менструацијата да отсуствува или да доцни. 

Рана менопауза 

Иако жените не го очекуваат тоа, менопаузата може да дојде и порано. Ова се случува ако јајниците престанат да работат пред да наполнат четириесет години, поради што се намалува нивото на хормонот естроген. 

Во менопаузата, отсуството на менструација станува трајно. 

Пореметување на функцијата на тироидната жлезда 

Тироидната жлезда произведува хормони кои помагаат во регулирањето на многу процеси кои се случуваат во телото. Еден од нив е менструалниот циклус. Нарушувањето на работата на оваа жлезда често доведува до нарушување на менструалниот циклус. 

Хронични здравствени состојби и доцнење на менструацијата 

Некои хронични здравствени состојби, како што се дијабетес и целијаки болест, понекогаш може да бидат поврзани со неправилни менструации. 

Можеби сте бремени? 

Ако вашиот менструален циклус е инаку редовен и мислите дека има дури и мали шанси да сте бремени, можеби ќе сакате да направите тест за бременост. Најдобро е да го направите тестот една недела по датумот кога очекувавте да започне менструацијата. Тестот направен прерано може да покаже неточен резултат. 

Иако доцнењето на менструацијата е една од првите симптоми на бременост, посветете внимание и на останатите:  

  • Чувствителни и болни гради 
  • Гадење и повраќање 
  • замор 
  • чувствителност на мириси 

Особено е важно да внимавате на сите симптоми и доколку мислите дека сте бремени, почнете да постапувате соодветно што е можно поскоро. Имено, раниот период на бременост е многу важен за некои фази од развојот на фетусот. Затоа е важно идната мајка во овој период да се храни здраво и да ги внесува сите потребни витамини, минерали и други важни хранливи материи. 

Одредени хранливи материи се многу важни, па затоа се препорачува дополнително внесување во периодот пред бременоста. На пример, дополнителен внес на фолна киселина, односно фолати, се препорачува најмалку еден месец пред зачнувањето.  

Дознајте повеќе за важноста на фолатите и витаминот Б12: За успешна подготовска и здрава бременостPregnatol Active Folate + Vit B12 

Дознајте повеќе за важноста на омега-3 масните киселини: За здрав рразвој на мозокот и видот на вашето бебеPregnatol DHA

Последно од блогот

Алергијата на полен (алергиски ринитис) е сезонски непријател од кој можете да се заштитите

Алергијата на полен, позната и како сезонски алергиски ринитис или поленско кивање, погодува милиони луѓе ширум светот и значително влијае на квалитетот на секојдневниот живот.

Осип на кожата кај деца: Причини, видови и природни начини за негово ублажување

Осипот на детската кожа е една од најчестите причини за загриженост на родителите, а неговиот изглед може да изгледа страшно, особено кога ќе се појави ненадејно. Сепак, повеќето исипи се безопасни и минливи, иако во одредени случаи тие може да укажуваат на посериозна состојба која бара лекарска помош.   

Чешање на телото - причини и превенција

Чешањето на телото може да биде непријатно и фрустрирачко искуство кое ги погодува луѓето од сите возрасти. Може да биде привременo и благo или хронично и интензивно, а понекогаш укажува на посериозни здравствени проблеми.