Contact US
oblak
Купи
Зошто е важна примената на DHA кај новороденчиња и бебиња?
DHA (докозахексаенска киселина) е клучна омега-3 масна киселина која игра значајна улога во развојот на мозокот и видот кај новороденчињата и бебињата. DHA претставува важна структурна компонента на нервните клетки во мозокот и мрежницата на окото. Најинтензивниот раст на мозочното ткиво се одвива во првите месеци од животот, па затоа соодветниот внес на DHA во овој период е од пресудно значење.
Кога се применува Babytol D3+DHA Omega?
Babytol D3+K1 и Babytol DHA се препорачуваат од 8-миот ден по раѓањето, па сè до наполнети 3 месеци. Од 4-тиот месец се продолжува со примена на Babytol D3+DHA Omega, сè до наполнети 3 години.
Зошто е важна (континуираната) примена до 3-годишна возраст?
Во првите три години од животот детето минува низ исклучително брз раст и развој на мозокот, коските и имунолошкиот систем. Витаминот D3 е клучен за здраво формирање на коските и забите, како и за нормално функционирање на имунитетот, додека DHA, омега-3 масна киселина, е важна за развојот на мозокот, видот и нервниот систем. Бидејќи природните резерви во овој период брзо се трошат, а внесот преку исхраната често не е доволен, редовната примена на D3 и DHA обезбедува стабилна и оптимална поддршка за здрав раст и развој на детето.
Порано бебињата не земаа DHA, па ништо не им недостасуваше. Зошто денес е неопходно бебето да прима DHA?
Иако често се вели дека „порано не се користеше DHA и ништо не ни фалеше“, денес знаеме многу повеќе за важноста на раниот развој на мозокот и видот. Науката напредува, и наша одговорност е да се усогласиме со новите сознанија. Постарите генерации можеби не знаеле дека рибиното масло содржи важни омега-3 масни киселини (DHA и EPA), но знаеле дека е здраво и редовно им го давале на децата.

Во тоа време не постоеле стандардизирани, проверени и прецизно дозирани препарати со позната концентрација на DHA. Денес знаеме дека маслото од микрoалги е најбезбедниот и најчист извор на DHA, погоден за употреба кај бебиња уште од првиот ден од животот, што ни овозможува на безбеден начин да обезбедиме нешто што е докажано како клучно за оптимален развој.
Забележав дека моето бебе има грчеви, дали тоа може да биде од Babytol?
Грчевите се вообичаена и привремена појава кај бебињата. Најчесто започнуваат околу 2 недели по раѓањето, а најинтензивни се помеѓу 3. и 6. недела. Обично спонтано исчезнуваат до крајот на 3. месец.
Грчевите се многу чести и се јавуваат кај речиси секое трето бебе. Точната причина не е целосно утврдена, но најчестите фактори што придонесуваат се:
  • неразвиен дигестивен систем
  • воздух и гасови во цревата
  • потешкотии во варењето на лактозата од млекото
  • начинот на хранење и техниките на доење
  • развојот на цревата и последична надуеност
  • стрес и фактори од околината
Грчевите не се нешто ново, постоеле и многу пред појавата на Babytol. Обично се безопасни и минливи, но можат да бидат непријатни и за бебето и за родителите. Често временски се поклопуваат со почетокот на суплементацијата со витамин D, K1 или DHA, што може да создаде впечаток дека постои поврзаност. Важно е грчевите да не ве наведат да прекинете со доење или со препорачаната суплементација, бидејќи на тој начин обезбедувате редовен внес на неопходни хранливи материи за правилен развој на вашето бебе.
Како се употребува twist-off капсулата?
Едноставно свртете, повлечете и отстранете го горниот дел на капсулата, а потоа истиснете ја содржината директно во устата на бебето.
Kada ste roditelj, svako pitanje je važno.
Ukoliko imate bilo kakvo pitanje o suplementaciji vaše bebe ili našem proizvodu Babytol D3 DHA Omega, slobodno nam pišite. Tu smo da odgovorimo sa pažnjom i razumevanjem i budemo vaša podrška u najlepšem i najvažnijem životnom pozivu!

mini ANKETA

Hvala vam na izdvojenom minutu vašeg vremena i popunjavanju naše mini ankete.

1. Uzrast moje bebe:


2. Upoznat/a sam o važnosti svakodnevne primene DHA suplemenata u prve 3 godine bebinog života:


3. Babytol proizvode koristili smo:

COPYRIGHT 2025 4UPHARMA. ALL RIGHTS RESERVED
COPYRIGHT 2025 4UPHARMA. ALL RIGHTS RESERVED