Rehydro kids

Почитувани родители,

Болките во стомакот, мачнината, повраќањето, дијарејата и покачената телесна температура се симптоми кои се јавуваат при гастроинтестинални инфекции. При повраќање и дијареја доаѓа до губење на вода, која може да предизвика опасна дехидрација, проследена со губење на важни електролити: натриум, калиум и хлор. Зголемената телесна температура доведува до губење на водата и важните електролити.

Оралната рехидратација е најефикасен начин за надополнување на изгубените течности и електролити.

Оралната рехидратација е прва линија во терапијата на акутна дијареја кај деца по европските и националните препораки.
REHYDRO Kids содржи препорачана дневна доза гликоза и електролити за деца, во согласност со препораките на Европското здружение на гастроентеролози, хепатолози и нутриционисти (ESPGHAN). Обезбедува успешна рехидратација благодарејќи на ефикасниот механизам за апсорпција на вода, гликоза и електролити, со што се намалува ризикот од компликации по дехидратација.

Доколку вашето дете има дијареја, задолжително надополнете ги течностите со растворот Rehydro Kids – дијарејата трае пократко, симптомите се ублажуваат и детето многу брзо ја враќа својата енергија!

ФОРМУЛА:

Rehydro Kids – прва линија во терапијата на акутна дијареја!

Европските и националните здруженија како прва линија во терапијата на акутна дијареја препорачуваат орална рехидратација – задолжително надополнување на гликоза и електролити!

  • Preporučena dnevna doza

    ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА ЗА ДЕЦА

    Содржи препорачана доза на гликоза и електролити во согласност со европските и националните препораки на педијатрите.


  • ПРВА ЛИНИЈА ВО ТЕРАПИЈАТА НА АКУТНА ДИЈАРЕА

    Европското здружение на педијатри, гастроентеролози, хепатолози и нутриционисти препорачува задолжителна орална рехидратација, како прва линија во терапијата на акутна дијареја.


  • ВКУС

    Пријатен вкус на јагода.


  • ЕДНОСТАВНА КОМФОРНА УПОТРЕБАA

    Прашокот се раствора во 200 ml превриена и изладена вода. Може да се раствори и во флаширана вода.


  • СОДРЖИНАТА ОД ГЛИКОЗА И НАТРИУМ Е ПРИСПОСОБЕНА ЗА ДЕЦА

    Приспособена за деца-содржи намалено количество натриум поради подобра апсорпција на вода, и зголемено количество гликоза, поради побрзо надополнување на енергијата.


  • БРЗО ЈА ВРАЌА ЕНЕРГИЈАТА

    Оралната рехидратација е најдобар и најефикасен начин за надополнување на течности и електролити. Дете кое се рехидрира, брзо ја враќа енергијата.

REHYDRO Kids содржи препорачана доза гликоза и електролити за деца (натриум, калиум и хлорид), во согласност со препораките на европските и националните здруженија на педијатри.

Во однос на препорачаната доза за возрасни Rehydro Kids за деца содржи намалено количество натриум поради подобра апсорпција на водата и поголемо количество на гликоза поради побрзо надополнување на енергијата.

REHYDRO Kids обезбедува успешна рехидратација благодарејќи на ефикасниот механизам за апсорпција на вода, гликоза и електролити, со што се намалува ризикот од компликации по дехидратацијата.

REHYDRO Kids има пријатен вкус на јагода и поради тоа децата добро го прифаќаат.

Прашокот, едноставно, се раствора во 200 ml превриена и изладена вода. Прашокот може да се раствори и во флаширана вода.

  • Оралната рехидратација е прво што треба да се употреби во случај на акутна дијареја!

    Зааблуда е дека пробиотиците се на прво место. Се препорачува надополнување на течности и електролити како прва линија, од страна на сите европски и национални здруженија на педијатри.

  • Адекватната и правилна доза на гликоза и електролити е важна за децата!

    Прашокот за надополнување на течности за деца има помало количество на натриум (поради подобра апсорпција на вода) и поголемо количество на гликоза (поради побрзо враќање на енергијата).

  • Растворите од соли често се невкусни и децата не ги прифаќаат!

    Rehydro Kids има пријатен вкус на јагода и децата добро го прифаќаат.

Оралната рехидратација е прва линија во терапијата на акутна дијареја,по препораките на овие здруженија.

Доколку започнете со рехидратација на време, акутната дијареја побрзо престанува, симптомите се поблаги и детето брзо ја враќа својата енергија.

Оралната рехидратација е единствениот прав начин за надополнување на течности и електролити. Примената на орална рехидратација во случај на акутна дијареја доведува до избегнување на понатамошни компликации!

Растворот е наменет за доенчиња и деца од сите возрасти.

Прашокот, едноставо, се раствора во 200 ml превриена и изладена вода. Не е потребно да се засладува.

Има вкус на јагода, поради тоа децата добро го прифаќаат.

Во случај на повраќање, дијареја и изгореници, неопходно е да се дава течност на детето во мали дози. Повраќањето не претставува препрека за примена на растворот и обично престанува во текот на рехидратацијата.

Растворот не треба да се дава во сок, чај или млеко со цел да не се разблажи дополнително.

Растворот не треба да се засладува.

Имајте на ум дека доенчињата и малите деца имаат поголем ризик да дехидрираат! Раната примена на адекватна рехидратација може да спречи посериозни компликации!

Децата со лесна дехидратација можете да ги рехидрирате со растворот Rehydro Kids во домашни услови. Доколку станува збор за потешка дехидратација, детето морате да го однесете кај педијатар!

  • Прва линија во терапијата на акутна дијареја кај деца според европските препораки.
  • Оралната хидратација доведува до ублажување на симптомите и го скратува времетраењето на дијарејата.
  • Има пријатен вкус на јагода! Едноставно се раствора во 200 ml вода.