MegaKid Krill + GLA + D3

Почитувани родители, Сигурно го паметите вашето детство, кога моравте да земате рибино масло и да се борите со вашите родители и со непријатниот вкус и мирис на рибиното масло! Сега доаѓа крил! Криловото масло има импресивен профил омега -3, заедно со
неколку други важни хранливи состојки кои го прават помоќен од рибиното масло!Омега -3 масните киселини играат важна улога во растот и развојот на децата. Дневното надополнување на омега – 3 е важно за мозокот, фосфолипидите помагаат во транспортот
на омега – 3 DHA преку крвно-мозочните бариери.

Омега – 3 играат клучна улога во правилната структура и функција на мозочните клетки!

Омега -3 се важни за развој на менталните и когнитивните функции, говорот, учењето, памтењето, концентрацијата. Важни се и за очите! Посебно се важни за одржување на здравјето на очите со најголема концентрација на омега-3 DHA во мрежницата. Омега-3 DHA
помагаат на очите да гледаат и да се приспособат на различните услови на осветлување. Покрај криловото масло MegaKid Krill содржи и омега – 6 гама-линолеинска киселина (GLA) и витамин D3. Сите овие важни компоненти на производот имаат исклучително
значајна улога во здравиот развој на детето – развој на мозокот и имунолошкиот систем, но дејствуваат и против алергија, егзема, атописки дерматитис, како и нарушување на памтењето и концентрацијата. Дополнителна инвестиција се во здравјето на децата
во иднина – спречуваат развој на дијабетес, алергии, кардиоваскуларни заболувања, неуродегенеративни болести, дебелење и автоимуни болести во подоцнежните години.

Како MegaKid Krill го победи рибиното масло – еве ги нашите 7 најдобри предности!


  • Крил

    Мал, моќен рак со единствени здрави компоненти, неопходен за здрав раст и развој на деца! Живее во Јужниот Океан, најчистите мориња на светот – поради тоа маслото од крил е најдобар, најчист извор на омега – 3 за деца!

  • Omega3

    Омега – 3 нова генерација!

    Фосфолипидите се масти кои помагаат омега-3 подобро да се интегрираат во мембраната на клетките. Земајќи предвид дека нашите клетки се изградени од овие типови на липиди, омега – 3 полесно и побрзо се искористуваат во организмот. – Неверојатни
    40 % повеќе отколку омега – 3 во рибиното масло!


  • Холин

    „Витаминот на памтење“ во криловото масло, го нема во рибиното масло. Холин е есенцијален нутриент сличен на витамините, учествува во метаболизмот и транспортот на липиди, но и синтезата на важните супстанци за пренесување на информација во нервниот
    систем!


  • Астаксантин

    Најмоќен природен антиоксиданс. Криловото масло го има – и токму тоа е разликата! Поради своето антиоксидантно дејствување има противвоспалително, но и антитуморско и антидијабетично дејствување! Го штити маслото од оксидација и го зачувува неговиот
    квалитет. Не содржи конзерванси.


  • GLA

    Маслото од семе од борач е најбогатиот извор на омега – 6 масни киселини GLA, побогато е и од жолтото ноќниче. Ова е единствената омега – 6 масна киселина која има противвоспалителен ефект и ги спречува воспалителните процеси на кожата, егземите
    и атопискиот дерматитис.


  • Мали, но моќни!

    Фосфолипидите ги прават омега – 3 поефикасни и стабилни. Ова овозможува поголема концентрација на омега – 3 во малата капсула за деца.

Постојат повеќе начини децата здраво да пораснат. Нас нé интересира најдобриот.

Единствена формула која природата ја дава како извор на есенцијални омега-3, фосфолипиди, холин и астаксантин, директно од најчистите води на земјата е маслото од крил. Тоа е повеќе од само омега-3. Фосфолипидниот облик на омега -3 и холинот го подигнуваат
квалитетот на маслото од крил на повисоко ниво! Крил е мал рак, кој доаѓа од антартичките води, најчистите води на светот! Наликува на шкампи и е полн со омега -3 масни киселини EPA и DHA. Приближно е со иста големина како спојувалка за хартија, крилот
поголемиот дел од својот живот го поминува хранејќи се со микроскопски алги и игра клучна улога во екосистемот на океанот, што е составен дел за опстанокот на многу морски видови.

Зошто е MegaKid Krill единствен?

Криловото масло е единствено клинички докажано масло кое го зголемува нивото на омега-3! Тоа содржи:

Го зголемува нивото на омега – 3 масни киселини EPA i DHA Овие есенцијални масни киселини се едни од најистражуваните нутритиенти и многу се значајни за развој на мозокот, менталната и когнитивна функција, памтењето, вниманието и концентрацијата. Влијаат
и на здравиот развој на видот и функциите на видот, а дополнително и на срцето и црниот дроб. Во криловото масло, за разлика од рибиното масло, тие се во фосфолипиден облик – тоа прави разлика! По 7 недели нивото на омега-3 во крвта е зголемено за
неверојатни 45 % во споредба со суплементацијата со рибино масло во иста количина!

Фосфолипидна предност

Фосфолипидите се масти кои помагаат омега-3 подобро да се интегрира во мембраните на клетките. Имајќи предвид дека нашите клетки се изградени од овие видови на липиди, омега-3 од криловото масло во овој облик полесно, побрзо и подобро се искористува во
организмот. Омега-3 во фосфолипиден облик во криловото масло има неверојатни 40 % поголема расположливост од омега-3 во рибиното масло!

Холин

Холинот е есенцијален нутриент витален за многу функции во организмот, како што се пренесување на информации и сигнали во нервниот систем, функцијата на црниот дроб и мускулите. Нашиот организам не може да го синтетизира во доволна количина, па поради
тоа мораме да го внесуваме преку храна. Го нарекуваме и „витамин на памтење“ – поради улогата што ја има во пренесувањето на информации во нервниот систем и исклучително влијае на развојот на когнитивните функции, концентрацијата, вниманието и памтењето.

Природен антиоксиданс астаксантин

Овој природен антиоксиданс на маслото од крил му дава прекрасна црвена боја. Како еден од најјаките антиоксиданси маслото го заштитува од оксидација, па додавање на конзерванси не е потребно!

GLA

Масло од борач богат извор на омега – 6 GLA. Природен лек за егзема, помоќен од жолтото ноќниче! Гама-линолеинска масна киселина (GLA) е омега – 6 масна киселина, која за разлика од останатите масни киселини од ова семејство е единствена која има противвоспалителен
ефект. Благодарение на својот јак противвоспалителен ефект GLA е природен „суплемент“ кој често се користи во лекувањето на егзема.

Витамин D3

Витаминот D3 добро им е познат на сите родители! Тој е мошне важен не само за здрави коски и заби, туку и со своето јако противвоспалително дејство спречува алергии, атописки дерматитис, егзема и, секако, го зајакнува имунитетот!

Мали, но моќни капсули

Маслото од крил дава ефикасно решение во најмали капсули наменети за деца !Тоа е благодарејќи на фосфолипидите кои хранливата состојка на маслото од крил ја прават ефикасна и стабилна. Големо количество може да се собере во мала капсула! Ако детето ја
гризне капсулата ќе почувствува вкус сличен на ракче. Повеќето деца го сакаат овој вкус!

Лесно се поднесува. Лесно се вари во стомакот!

Нема повеќе риба. Многу деца го поврзуваат земањето омега-3 со непријатен вкус. Кога ќе го пробаат маслото од крил го менуваат мислењето. Фосфолипидите многу добро се раствораат во вода, па криловото масло се меша со содржината во желудникот и не останува
на површина – што е причина за рибиниот вкус со рибините масла, чувство на мачнина и рефлукс.

  • Омега – 3 нова генерација – 40 % ја зголемува ефикасноста на маслото од крил!

    Омега-3 во фосфолипиден облик во криловото масло имаат неверојатни 40 % поголема расположливост од омега-3 во рибиното масло! Со помош на овие фосфолипиди, нашиот крил овозможува омега-3 EPA и DHA да се транспортираат и искористат во органите
    на кои најмногу им требаат – мозокот, срцето, очите и црниот дроб.

  • Омега – 3 и GLA важни во терапија на алергија, егзема и атописки дерматитис

    Клинички е докажано дека омега-3 статусот во мембраната на црвените крвни зрнца има значајно влијание на појавата и тежината на атописките болести и егзема кај децата. Со секојдневното користење на суплементите може да се спречат, но и да се лечат алергија,
    егзема и други воспаленија кај децата.

  • Нарушување на внимание и однесување – има ли лек?

    Покажано е дека комбинацијата од DHA, EPA и омега-6 масни киселини (DHA) може позитивно да влијаат на концентрацијата, учењето и намалувањето на симптомите ADHD и проследени состојби како што се тешкотии/повлеченост, дислексија и агресија.

ПРЕПОРАКИ ЗА ДОЗИРАЊЕ Производот е наменет за деца на возраст над 3 години. Се препорачува примена на една капсула дневно за:

  • Правилен развој на мозокот, учење, памтење, подобра концентрација
  • Зајакнување на имунитет
  • Превенција за воспалителни и алергиски заболувања

Тераписка доза е две капсули дневно за терапија на:

  • Атописки дерматитис, егзема и алергиска астма
  • Хиперактивност кај деца, нарушување на внимание и концентрација

Во АКУТНА ФАЗА се препорачува употреба на 4 капсули дневно во консултација и препорака од педијатар.

  • Крил – 40 % по ефикасно омега – 3 нова генерација
  • Холин - „витамин на памтење“ во крилот
  • За развој на мозокот, концентрација, внимание и памтење. Спречува алергија, егзема и воспалителни процеси