BABYTOL D3 + K1

Почитувани родители,

Babytol D3 + K1 е комбинација на витамини кои се неопходни на вашето бебе од неговото раѓање. Овие витамини се наменети за новороденчиња на природна исхрана, бидејќи мајчиното млеко не содржи доволно количество од овие витамини.

Дополнително, бебињата кои се на мешовита исхрана, до два оброка со адаптирано млеко за бебиња на ден, треба да применуваат Babytol D3 + K1.

Витаминот D3 е „витамин на сонцето“. Препорачана е дневна доза од 400 IЕ од осмиот ден од животот, бидејќи е исклучително важен за правилен раст на коските и забите. Недостатокот на витаминот D3 може да предизвика кршливост на коските, деминерализација и кревки коски, односно болест која се нарекува рахитис.

Витаминот К1 уште се нарекува и „витамин на коагулација“. Се препорачува примена на 25 mcg дневно, од осмиот ден до крајот на третиот месец по раѓањето, бидејќи е исклучително значаен за синтеза на факторите за коагулација и здрав крвен систем на бебињата. Поради неговиот недостаток може да дојде до крвавење и тешки заболувања, кои, за среќа, се ретки.

Со примена на една капсула дневно ќе бидете потполно сигурни дека вашето бебе ги прима неопходните витамиини за здрав раст и развој.

Единствена формула за здрав раст и развој на вашето бебе

  • Vitamin K1 – «vitamin koagulacije»

    Витамин K1 – «витамин за коагулација»

    Препорачана дневна доза од витаминот К1 од 25 mcg во една twist-off капсула, за продолжена орална превенција, се применува во согласност со препораките на здруженијата на педијатри и неонатолози, од осмиот ден до крајот на третиот месец по раѓањето.

  • Vitamin D3 – «vitamin sunca»

    Витамин D3 – «витамин на сонцето»

    Препорачана дневна доза од витаминот К1 од 25 mcg во една twist-off капсула, за продолжена орална превенција, се применува во согласност со препораките на здруженијата на педијатри и неонатолози, од осмиот ден до крајот на третиот месец по раѓањето.

  • Twist-off kapsula

    Twist – off капсула – прецизно и едноставно дозирање на витамините

    Препорачана доза е 400 IЕ дневно во една twist – off капсула, во согласност со препораките на здруженијата на педијатри и неонатолози, за здрав раст на коските и забите.Едноставно и прецизно дозирање. Едноставно, завртувате, потоа повлекувате
    и го отстранувате горниот дел на капсулата, а содржината ја истиснувате директно во устата на бебето.

  • Preporučena dnevna doza

    Препорачана дневна доза витамини во една twist – off капсула

    Во една twist – off капсула се наоѓаат 400 IЕ од витаминот D3 и 25 mcg од витаминот К1, што претставува препорачана дневна доза според европските и националните препораки.

  • Maslinovo ulje

    Маслиново масло

    Витамините се растворливи во маслиново масло без алергени, кое овозможува подобра апсорпција и искористеност на овие витамини. Витамините D3 и К1 се липосолубилни и се раствораат во масло, па поради тоа нивната апсорпција и искористеност е подобра.

  • Preporuke za dnevnu suplementaciju vitamina

    Безбедна капсула за примена кај новороденчиња

    Витамините D3 и К1 се растворени во природно маслиново масло, без алергени, конзерванси и адитиви. Капсулата е од желатин за јадење потполно растворлив во вода, безбедна за примена кај новороденчиња.

Витаминот D3

Витаминот D3 по природен пат се синтетизира во кожата. Под влијание на сончевите зраци, неактивниот облик на витаминот D, преминува во активен облик – витамин D3. За децата, една од клучните улоги на витаминот D3 е тоа што помага во апсорпцијата на важните
минерали за градба на коските – калциум и фосфор од дигестивниот тракт и на тој начин овозможуваат нормален развој и раст на забите и коските. Поради штетноста на сончевите зраци во текот на летото, како и по слабото изложување на сонце со заштитните
фактори, како и зимските услови без многу сончеви денови, се препорачува задолжително надополнување на витаминот D3 во доза од 400 IЕ дневно.

Задолжителната суплементација според сите европски и национални препораки се применува од осмиот ден од животот на бебето, секојдневно, до навршување на една година. По навршена една година се советува суплементација во доза од 400 IЕ дневно, во зимските
месеци (од октомври до март).

Витамин К1

Витаминот К1 уште се нарекува и „витамин на коагулација на крвта“, бидејќи има исклучително важна улога во синтезата на факторите на коагулација. Поради неговиот недостаток може да дојде до сериозни крвавења, кои, за среќа, се многу ретки.

Бебињата по раѓањето го немаат, бидејќи витаминот К1 во многу мали количества преминува низ плацентата. Се синтетизира во цревата, природно, од страна на добрите бактерии. За развој на овие бактерии во гастро-интестиналниот тракт на бебето е потребно
време. Покрај тоа, мајчиното млеко го содржи витаминот К1 само во траги, па бебето не може да го добие потребното количество на витаминот К1 по пат на мајчино млеко.

Со цел на превенција, да се заштити бебето, во повеќето европски земји бебињата задолжително примаат 1 mg витамин К1 веднаш по раѓањето во породилиштата. Во согласност со препораките на националните здруженија на педијатри, неонатолози и министерствата
за здравство во повеќето земји се препорачува и продолжена орална профилактика.

Примената на продолжените мали орални дози на витаминот К1 не може да наштети на каков било начин, туку напротив! Оваа мала доза на витаминот К1 може само дополнително да го заштити вашето бебе!

Адаптираното млеко за новороденчиња е збогатено со витаминот К1. Доколку бебето е на мешовита исхрана, и зема до два оброка адаптирана формула дневно, се препорачува додатна суплементација со витаминот К1 во доза од 25 mcg до крајот на третиот месец по
раѓањето, со производот Babytol D3 + K1.

  • Витамин D3 – важен витамин за здрав развој на коските и забите.

    Задолжителна е суплементација со витамин D3 во доза од 400 IЕ дневно во текот на првата година од животот, а потоа во текот на зимските месеци (од октомври до март) за правилен раст и развој на коските и забите.

  • Витамин K1 – „витамин на коагулација“ – важен за здрав развој на крвниот систем на бебињата

    Продолжена орална превенција со дневна доза од 25 mcg до крајот на третиод месец се препорачува во повеќето земји од Западна и Југо-источна Европа, така што бебешкиот крвен ситем (факторите на коагулација) правилно ќе се синтетизираат и бебето ќе биде дополнително заштитено!

  • Единствениот облик twist – off капсула овозможува правилно и прецизно дозирање

    Twist – off капсулите се од желатин што се јаде, потполно растворливи во вода и безбедни за примена кај новороденчиња. Единствениот облик овозможува едноставна примена со прецизно дозирање!

Важни информации за родителите

Во породилиштето вашето бебе примило интрамускулна инјекција со витамин К1 во доза од 1 mg. По излегување од породилиштето се препорачува примена на витаминот К1 во доза од 25 mcg дневно, од осмиот ден до крајот на третиот месец по раѓањето.

Со витамините D3 и К1 се препорачува и оmega-3 масна киселина DHA, за здрав развој на мозокот и видот на вашето бебе, со примена на Babytol DHA оmega.

По употреба на Babytol D3 + K1 се препорачува да се продолжи профилактиката со Babytol D3 + DHA оmega (400 IЕ витамини D3 дневно + 100 mg DHA) до навршување на една година, а потоа во зимските месеци (од октомври до март).

Доколку вашето бебе пред третиот месец поминало на мешовита исхрана со повеќе од два оброка адаптирана формула дневно, можете да преминете од Babytol D3 + K1 на Babytol D3 + DHA оmega и пред четвртиот месец, бидејќи формулите се збогатени со витаминот К1.

  • Продолжената профилактика на витаминот К1 се препорачува во доза од 25 mcg од осмиот ден до крајот на третиот месец по раѓањето.
  • За превенција на доцни хеморалгични болести и рахитис кај новороденчиња и доенчиња.
  • Продолжената профилактика со витаминот D3 и К1 е препорачана од страна на националните министерства за здравство, здруженијата на педијатри и здруженијата на неонатолози.