ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Испратете ни прашање
Категории
Одговор

Витаминот К1 уште се нарекува„витамин на коагулација“ – и има многу важна улога во сложените процеси на згрутчување на крвта . Витаминот К1 го спречува нарушувањето на коагулацијата кај новороденчињата и можните тешки последици за новороденчето при што, го штити новороденчето од крвавење и придонесува за здрав развој во текот на раното детство.

Одговор

Хуманото млеко содржи ниска концентрација на витамин К1, па при просечно доење од 500 ml/24h не се обезбедуваат дневните потреби за витаминот К1, кои се зголемуваат во распон од 1 до 25 mcg во првите шест месеци од животот.
Поради ниската концентрација на витаминот К1 во мајчиното млеко и ризикот од недостаток на витамин К1, на сите новороденчиња, кои имаат природна исхрана, во согласност со европските и националните препораки, се препорачува продолжена орална примена на витаминот К1 во доза од 25 mcg од осмиот ден од раѓањето до крајот на третиот месец .

Одговор

Доколку вашето новороденче го храните со повеќе од два оброка дневно млечна формула, тогаш на вашето новороденче не му е неопходен витаминот К1, бидејќи го зема во доволна дневна доза по пат на млечната формула.
Доколку вашето новороденче зема повеќе од два оброка млечна формула дневно, задолжително продолжете со примена на витаминот D3 во доза од 400 IЕ.
Се препорачува производот Babytol D3 + DHA Omega, кој содржи витамин D3 во препорачана дневна доза и 100 mg DHA, и е значаен за развојот на вашето новороденче.

Одговор

Доцна хеморагиска болест е тешко и сериозно заболување, кое настанува по недостаток на витаминот К1. Заболувањето настанува најчесто од втората до дванаесеттата недела од животот, со тешки крвавења, најчесто мозочни.
Поради сериозните и тешки последици од ова заболување задолжителна е профилактика кај сите новороденчиња во породилиштата веднаш по раѓањето, во доза од 1 mg применета интрамускулна инјекција.
Дополнително, кај сите новороденчиња на природна исхрана, во согласност со европските и националните препораки, се препорачува продолжена орална профилактика со препаратот BABYTOL D3+K1од осмиот ден од раѓањето до крајот на третиот месец .

Одговор

Млечните формули се веќе збогатени со витаминот К1, зависно од дневниот внес на млеко, новороденчето внесува околу 50 mcg витамин К1 дневно по пат на млечна формула.
Доколку новороденчето внесува повеќе од две млечни формули оброк дневно, оралната суплементација со Babytol D3 + K1 не е неопходна.
Доколку сте продолжиле со примена на Babytol D3 + K1 и кај вашето новороденче кое зема млечна формула, немојте да се грижите, нема да се случи ништо лошо, бидејќи предозирање со овие дози не е можно.

Одговор

Се употребува една капсула дневно. Употребата е исклучително комфорна и едноставна:
Горниот дел од капсулата(капачето) треба да се заврти, да се повлече и да се отстрани. Капсулата се притиска и содржината се истиснува директно во устата на новороденчето.
Содржината може да се истисне и во лажичка или да се измеша со млеко.

Одговор

Капсулите се од желатин којшто се јаде, растворлив е во вода и потполно е безбеден за примена кај новороденчиња.

Доколку новороденчето ја проголтало капсулата и се однесува нормално, не може ништо да му се случи, желатинот во организмот се разградува, нема опасност за новороденчето.

Обликот на капсулата која се отвора е приспособен поради рефлексот за голтање,новороденчињата уште не знаат да голтаат, па поради тоа капсулата се отвора!

ВАЖНА НАПОМЕНА: Бидете претпазливи при отворање на капсулите, маслото да не истече и капсулата да стане лизгава!

Одговор

Препорачана доза витамин D3 за сите новороденчиња е 400 IЕ и се употребува задолжително од втората недела од раѓањето до навршување на една година.
Оваа препорачана дневна доза се наоѓа во една twist-off капсула во производите Babytol D3+K1, Babytol D3 + DHA оmega и Babytol D3.
За деца од втората година па сѐ до адолесценција се препорачува употреба на витаминот D3 во зимските месеци (од октомври до март).

Одговор

Производот Babytol D3+K1е комбинација од два важни витамина неопходни за здрав развој на новороденчињата, во препорачана дневна доза и тоа: витамин D3 во доза од 400 IЕ со цел превенција од рахитис и витамин К1 во доза од 25 mcg со цел превенција на доцна хеморагиска болест.
Производот се користи од осмиот ден од раѓањето па до крајот на третиот месец кај новороденчињата кои се на мајчино млеко и новороденчињата кои се на мешовита исхрана, со помалку од две формули адаптирано млеко во текот на денот.
Производот Vigantol во својот состав има само витамин D3.
Витаминот А не се препорачува во дневна суплементација кај новороденчињата бидејќи мајчиното млеко е богато со овој витамин и нема потреба за дополнителна суплементација. Го содржат и формулите во препорачаното количество. Како и витаминот D3 и витаминот А е липолсолубилен и поголемо количество од потребната доза се депонира во организмот на новороденчето и може да доведе до несакани ефекти.

Одговор

Млечните формули не можат да обезбедат дневна препорачана доза кај новороденчињата и поради тоа е потребна суплементација до крајот на првата година од животот, во доза од 400 IЕ витамин D3 дневно.
Само во случај ако новороденчето зема 1 литар млечна формула па и повеќе, додатна суплементација со витамин D3 не е потребна.

Одговор

Појавата на грчеви кај новороденчињата не може да биде предизвикана од витаминот D3 или витаминот К1. Појавата на грчеви се јавува поради недостаток на ензимот лактулоза кој ја разложува лактозата.

Одговор

Производот Babytol D3 + K1 се користи од осмиот ден од раѓањето до крајот на третиот месец. Тоа е доволен период за суплементација со витаминот К1, бидејќи потоа самиот организам го синтетизира во потребни количини.
Доколку новороденчето во третиот месец преминало на мешовита исхрана, со повеќе од два оброка млечна формула неделно, во тој случај не е неопходна суплементација со витамин К1 во третиот месец.

Во секој случај неопходно е да се продолжи со суплементација со витаминот D3 во доза од 400 IЕ дневно до една година и дополнително во зимските месеци (од октомври до март) од првата до крајот на третата година.

Одговор

PROBIVAL + C + Zn има јако антимикробно дејство – ги врзува патогените микроорганизми (бактерии, вируси, паразити), ја поттикнува нивната елиминација од организмот и на тој начин прави оптимални услови за обновување на цревната микрофлора. Дејствува на широк спектар причинители – бактерии, вируси, паразити и ги елиминира од организмот.
Има и антитоксично дејство – ги разградува токсините на штетните агенси и ги елиминира и го блокира нивното врзување.
Дејствува антиинфламаторно (намалува воспаленија) и создава заштитна бариера на ѕидовите на цревата и помага да се регенерира оштетениот цревен епител.

Одговор

Цинкот се препорачува како задолжителна суплементација во терапијата на акутна дијареја, со орална рехидратација и пробиотици, бидејќи клинички е докажано дека стимулира регенерација на цревната слузница и влијае на ублажување на симптомите на дијареја и го скратува времетраењето на дијарејата.

Одговор

Една од клучните предности на PROBIVAL + C + Zn е што не содржи пробиотска бактерија, туку пробиотска габа Sacharomyces boulardi. Антибиотиците не дејствуваат на оваа пробиотска култура, па се користи истовремено со сите антибиотици, како најефикасен пробиотик во терапија на акутна дијареја предизвикана од антибиотик.
PROBIVAL + C + Zn ја штити цревната флора во текот на терапијата со антибиотици и спречува можност за појава на дијареја предизвикана од антибиотици.
Антибиотиците и покрај нивното корисно дејство на патогени микроорганизми ги уништуваат и добрите бактерии. На тој начин можат да ја нарушат природната рамнотежа во цревата, по што доаѓа до појава на честа дијареја. Се препорачува употреба на PROBIVAL + C + Zn секогаш со терапија со антибиотик.

Одговор

Една капсула дневно.
Во случај на акутна дијареја можете да земете и две капсули дневно, 2-3 дена.

Одговор

PROBIVAL + C + Zn нема несакани ефекти и потполно е безбеден за употреба. Тој е водечки пробиотик во светот и повеќе од 80 години се користи како најдобро решение за сите типови на дијареја. Клиничките студии го докажаа неговиот исклучително безбеден профил.

Одговор

Оралната рехидратација според препораките на светските здравствени организации (SZO, SOG) е прва линија во терапијата на акутна дијареја. Оралната рехидратација е важна за надополнување на течности и електролити, кои се губат во текот на дијарејата. Клинички е докажано дека со примена на орална рехидратација се спречуваат компликациите кои може да настанат и се забрзува процесот на оздравување. Доколку се рехидрирате брзо ќе ја повратите виталноста, свежината и енергијата на организмот.

Одговор

Прашокот од кесичката растворете го во 200 ml провриена и изладена вода. Прашокот може да се користи и со флаширана вода. Не го растворајте прашокот во други течности (сок, чај, млеко…) бидејќи ќе ја нарушите осмоларноста на растворот. Земајте течност во помали дози.

Одговор

Оралната рехидратација е прва линија во терапијата на акутна дијареја. Задолжително се применува доколку во текот на денот имате повеќе од три столици.
Оралната рехидратација се препорачува и кај зголемена телесна температура, повраќање и изгореници, бидејќи по сите овие состојби организмот губи доста вода и електролити кои треба да се надополнат и да се спречи дехидратацијата.

Одговор

Оралниот раствор треба да се употребува во мали дози. Во зависност од тежината на дехидратацијата и телесната тежина зависи и количеството кое треба да се употреби. На самата кутија и во внатрешното упатство е даден табеларен приказ за едноставно дозирање кај децата.

Одговор

DHA омега-3 масната киселина е важна структурна компонента на мозокот, нервните келии и мрежницата на окото. DHA сочинува 97 % од сите омега-3 масни киселини во мозокот и 93 % од сите омега-3 масни киселини во ретината. Растот и развојот на мозокот кај детето е најинтензивен во последното тримесечје од бременоста (мозокот расте 260 %) и во првата година од животот (мозокот расте 175 %).
DHA омега-3 масната киселина во доза од 100 mg дневно од осмиот ден од раѓањето до крајот на третата година е важна за развој на мозокот, когнитивните и менталните функции, како и за нормален развој на видот.

Одговор

За да се обезбеди потребното количество DHA омега-3 преку доење, доилките неделно треба да внесуваат од 250 до300 g ‘сини’ морски риби (скуша, сардела, папалина, харинга, туна). Статистиката покажала дека мајките во европските земји внесуваат многу помалку од препорачаниот внес. Една од причините за тоа се навиките во исхраната(помалку од два оброка масна риба неделно), а другата причина е што се ограничени во исхраната поради загадувањата со тешки метали (олово, жива) во масната риба.
Доилката може да обезбеди потребно количество на DHA омега-3 преку млекото, доколку таа се суплементира со 200 mg DHA дневно.

Одговор

Мирисот на риба потекнува од омега-3 масните киселини, значи и DHA. DHA омега секогаш има мирис на риба, но бидејќи доенчињата и децата не го сакаат мирисот на риба, научниците во Швајцарија успеале технолошки да го унапредат процесот и да го тргнат мирисот на риба во производот Babytol DHA Omega.

Одговор

Во својот состав Bimunal сирупот содржи екстракти од црн бозел (традиционална билка), yestimun beta glukana (природен полисахарид во ѕидот на пивскиот квасец) и цинк. Дополнително, Bimunal не содржи адитиви и конзерванси.
Составот на сирупот Bimunal е природен и безбеден за деца на возраст постари од една година, единствено ограничување е ако детето е хиперсензитивно (алергично) на некоја од состојките на сирупот. Дополнително не постојат несакани ефекти и горна граница за употреба на yestimun beta glukana и црн бозел (нема опасност од предозирање).
Официјално, Bimunal сирупот во европските земји е деклариран за употреба кај деца постари од една година , за терапија на настинка и грип и инфекции на горниот респираторен тракт предизвикани од вируси.
Поради националните законски регулативи и правила во некои од земјите од Балканот (Србија) Bimunal е регистриран за деца постари од 3 години.